Месец мај го одбележавме како еден од најуспешните месеци во полето на Хакатоните и тимската работа. Во текот на овој значаен месец, се одржаа 2-та најголеми Brainster Live Хакатони кои беа исполнети со аплаузи, поддршка, многу позитивна енергија и смеа.

Повеќе од 270 студенти, менторирани од страна на 24 инструктори кои несебично го споделува своето знаење, работеа неуморно и максимално посветени на задачата и целта!

На 13 и 14 мај се одржа најголемиот Brainster live хакатон досега, на кој учествуваа повеќе од 140 студенти од 5 Brainster академии (Front-End, Full-Stack, UX/UI дизајн, Software Testing и Project & Product Management), како и студенти од Brainster Next College, додека на располагање им беа 12 инструктори, во трката по најдобро решение за клиентот SCiDEV, сите добија нешто по кое ќе го памтат ова возбудливо искуство.

 

 

На вториот Хакатон во живо земаа учество повеќе од100 студенти од Академиите за дигитален маркетинг, графички дизајн, UX/UI дизајн, Project & Product менаџмент, на кои на располагање им беа 10 инструктори за менторски сесии, па на 27 и 28 мај ги презентираа финалните решенија и со тоа успешно ја завршивме оваа соработка заедно со IFES North Macedonia. Хакатонот беше дел од проектот на Швајцарска амбасада – „Поддршка на изборни реформи“, имплементиран од меѓународната фондација за изборни реформи, а мобилната апликација е дел од препораките кои произлегуваат од документ за јавна политика изработен на оваа тема. 

 

 

Паралелно со овие два настани коишто се случуваа во нашите канцеларии, дополнително се одржа и online Хакатонот на Академијата за Software Testing. На овој Хакатон, кој се одржа на 27 и 28 мај, учествуваа вкупно 26 учесници кои беа поделени во 13 парови, менторирани од страна на 2 инструктори. Работејќи под притисок, тимски, пријателски се натпреваруваа помеѓу себе, а со тоа имаа можност да бидат дел од едно возбудливо и ново искуство. Проектот којшто се работеше на овој Хакатон е BRAINSTERLABS – веб платформа на која ќе бидат поставени сите изработени проекти од студентите на Brainster Академиите.

Додека се сеќаваме за големиот успех на Хакатоните во мај, не можеме, а да не се восхитиме на страста, креативноста, генијалноста, проактивноста и тимскиот дух што беше голем дел од овие настани.

 


 

Што ни раскажаа студентите за атмосферата и искуството?


Михајло Арсоски
од Академија за Software Testing ни сподели за своето искуство на Хакатонот за Brainster Labs: Хакатонот беше едно одлично искуство коешто ја доловува вистинската динамика која ќе ни биде потребна во иднина за работа во некоја IT компанија. Најмногу впечаток ми остави желбата и енергијата што ја покажаа сите учесници на овој хакатон.

Марина Златеска Божиќ од Академија за дигитален маркетинг ни сподели за своето искуство на Хакатонот за IFES:  Динамични и интензивни 48 часа. Преку дружба, смеење, компромиси, споделување идеи и тимска работа работевме на нашата задача. Хакатоните се извор на знаење и искуство, 48 часовен предизвик во кој владее пред сѐ адреналинот, а потоа креативноста и напорната работа. На овој хакатон нашиот тим научи за тоа колку е важно да се работи тимски, како сите да размислуваме како еден и да најдеме компромис кој ќе нѐ води до заедничка цел. 

Тамара Најденова од Академија за графички дизајн ни сподели за своето искуство на Хакатонот за IFES:  Се договоривме меѓусебно да започнеме веднаш со работа и да си ги предадеме улогите кој и што ќе работи штом заврши брифинг сесијата со клиентот. Многу е важно и скапоцено времето кога е ограничено и кога за 48 саати треба да се изнесе решение. Ја почнавме работата на време и со тоа не дозволивме на крај да се осети тензија, со тоа што цел викенд си работевме во опуштена и забавна атмосфера. Јас искрено жалам што не можев да присуствувам во живо, сигурно чувството е многу поубаво, но сепак сум благодарна за ова искуство па макар и онлајн. 

 

 

Сандра Давчевска од Академија за UX/UI дизајн ни сподели за своето искуство на Хакатонот за SCiDEV: Целата организација е навистина одлична. Тимската работа и разноликоста во техничките специјалности ни го олеснува процесот на размена на мислења и доаѓање до нови идеи. Навистина одлична можност за сите нас да научиме нешто ново низ практичен пристап и методологија.

Благој Ѓорѓиев од Академија за Project & Product Management ни сподели за своето искуство на Хакатонот за SCiDEV: Нашиот тим имаше незаборавно искуство на Brainster Live Хакатонот. Настанот беше исполнет со енергија, дружење, размена на знаења и идеи со тимови од страсни поединци кои се собраа за да создадат иновативни решенија за SCiDEV и Brainster. Работевме неуморно, користејќи ги нашите различни вештини и средини, за да создадеме привлечни предлози во временската рамка од 48 часа. 

 

 

Андријан Тасевски од Академија за Full-Stack програмирање ни сподели за своето искуство на Хакатонот за SCiDEV: Хакатонот беше незаменливо искуство каде што научив како да се посветам на суштината на продуктот и да ја преточам во реалност заедно со екипа од различни полиња во помалку од два дена. Атмосферата беше инспиративна, а колективната интелигенција и иновативност на сите тимови беше извонредна. Тоа беше неверојатен настан.

Игор Талевски од Академија за Full-Stack програмирање ни сподели за своето искуство на Хакатонот за SCiDEV: Можноста да работиме на реален проект во ваква интересна и динамична средина за нас е едно огромно позитивно искуство кое нè научи на многу реални предизвици кои би ги имале во иднина во нашите професионални кариери. Имавме можност одблизу да го набљудуваме развојот на еден проект во тимовите од различните академии, и истовремено да видиме како нашата работа влијае на нивната и обратно. Овој хакатон го заокружи нашето искуство на академиите кои ги посетувавме изминатиов период, и преку практична работа можевме да ги измериме нашите вештини и знаења кои ги стекнавме досега.

 

 

Силна поддршка од менторите


Олга Пујаз Петрушевска е инструктор на Академијата за Project & Product Management, која беше дел од најголемиот Brainster Live Хакатон за SCiDEV и ни сподели:
Кај студентите на почетокот можеше да се забележи чувство на возбуда и збунетост и тоа е нормално, бидејќи многу е веројатно дека повеќето за првпат се соочуваат со ваков предизвик. Како одминуваше времето кај сите може да се забележи ентузијазам, посветеност и желба да дадат придонес во реализирање на своите активности, а со тоа да му овозможат предност на својот тим во однос на останатите. Ние менторите сме тука да им дадеме насока и да ги охрабриме меѓусебно да соработуваат, за да го достигнат својот индивидуален и тимски потенцијал. Генерално моите совети беа насочени кон подобрување на проект менаџмент активностите, како планирање, координација, чести проверки на статусот на проектот, оптимизација на ресурсите итн., да останат фокусирани на крајната цел, да бидат едноставни во завршната презентација и секако да уживаат во настанот.

 

 

Огнен Трипуноски е инструктор на Академијата за Project & Product Management, кој се најде во улога на ментор на Хакатонот за IFES и ни раскажа: Она што е најважно за било кој проект менаџер е да стекне практично искуство, а вакви хакатони се единственото место каде што студентите можат да се стекнат со ова искуство, притоа имајќи прилика да работат со колеги студенти од другите академии кои имаат искуство во сосема други сфери. Искуството кое ќе го стекнат преку практична работа во живо низ различни тимови е непроценливо. Key learning точката е онаа дека за првпат ќе можат да излезат од манјдсетот на креативни умови и да научат што значи да ги поседуваш и соодветно организираш сите ресурси на располагање, во насока на испорачување на најдобриот продукт кој клиентот ќе го одбере.

 

 

Катерина Крстовска е инструктор на Академијата за Software Testing која ни го сподели своето исксутво на Хакатонот за Brainster Labs: „Team work makes the dream work“ – уште еден доказ дека заедно во тим, студентите можат да достигнат многу повеќе, посебно ако се фокусираат на целта и се организираат меѓу себе. Иако рокот за испорака на сите репорти беше многу краток, сите тимови успеаа да креираат детални репорти и ги совладаа препреките, а на нас менторите тоа дополнително ни ја отежни работата, за да го избереме најдобриот тим – бидејќи сите беа одлични и нијанси беа во прашање.



Доколку размислуваш да го направиш првиот чекор кон лансирање на нова кариера или сакаш да ги надградиш своите дигитални вештини, нема подобро време од сега!

Затоа, искористи ја можноста да учиш под менторство на врвни професионалци, на интензивна програма и со работа на реални проекти што ќе влезат во твоето портфолио!

Brainster ги лансира единствените Кариерни АИ Академии во Македонија