Едно од засилувањата на tech тимот на Brainster е Давид Богдановски – личност која ја сака технологијата, а воедно и студент на Академијата за Data Science.
Сѐ уште е наш студент на Академијата, а веќе започна да ја гради својата кариера во нашиот тим на практикантска позиција како Data Scientist.
Во продолжение, си поразговаравме со Давид за неговото Data Science патување
Здраво, ние од Академијата за Data Science те познаваме, но што би споделил за останатите?
Здраво, здраво! Јас сум Давид, имам 19 години и сум човек кој ја сака технологијата и сите нови работи кои технологијата ни ги овозможува. Моментално сум студент на Академијата за Data Science, но истовремено ја имам шансата да работам како дел од Tech тимот на Brainster.
Пред сѐ, честитки за почетокот на твојата кариера! Ти си наш студент кој постигнува извонредни резултати! Да почнеме од почеток, како ти се роди желбата за Data Science?
Да бидам искрен, пред да ја започнам Академијата немав големо познавање на оваа тема и не можам да кажам дека имав некоја желба за Data Science, но откако завршив средно училиште веќе имав решено дека ќе се запишам на некоја од академиите на Brainster, единствено што требаше да одлучам е дали тоа ќе биде Академијата за Full Stack или Data Science. Направив мало истражување за двете полиња и повеќе ме привлече Data Science, па може да кажеме дека тогаш се роди и желбата за оваа професија.
Раскажи ни повеќе за твоето кариерно патување. На што најмногу се гордееш со себе?
Моето кариерно патување е многу кратко, како што напоменав погоре. Завршив матура, се запишав на Академијата и од летово сум практикант во Brainster.
Како си поминуваш на Академијата?
Моментално сум на средина на Академијата, па сѐ уште не сме стигнале до реалните проекти, но баш овој викенд ни е предвиден хакатонот за математика и статистика, и сигурен сум дека ќе научам многу од овој проект и да го применам наученото во мојата работа.
Кој модул ти е најинтересен, а кој бара поголем фокус и ти создава предизвици? Зошто? 🙂
Како најинтересни модули дефинитивно би ги изводил SQL и Power BI од причина што многу добро работат еден со друг, во SQL ги имаме податоците, во Power BI ги имаме визуелизациите и веднаш сме спремни да извлечеме некаков заклучок со помош на тие визуелизации. Модулот што ми создаваше предизвици е математика, нормално. Исто така, модул кој со нетрпение го очекувам е Machine Learning.
Сѐ уште си наш студент, а веќе ја започна својата кариера на практикантска позиција како Data Scientist во нашиот тим. Опиши ни ја атмосферата во tech тимот на Brainster.
Во тимот имаме многу ведри, позитивни луѓе кои уживаат во тоа што го работат, така што слободно можам да кажам дека атмосферата ни е супер.
Како изгледа еден ден во животот на Data Scientist?
Секој ден е различен, најчесто знам кои ми се обврските што треба да ги завршам во текот на денот, си пишувам to-do листа, а во неа исто така влегуваат сите идеи кои ги имам и би можеле да ми помогнат во текот на работата, а кога листата е готова почнувам со работа. Исто така, состаноците се дел е работниот ден, бидејќи останатите тимови во Brainster често имаат потреба од Data Science тимот, па тука сме да им помогнеме.
Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?
Мои задолженија се добивање и обработка на податоци, пишување скрипти за автоматизација, градење динамични репорти, анализа на податоците и друго. Како алатки кои најчесто ги користам би ги издвоил Python со Pandas и Power BI.
И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Кој е твојот совет до сите оние коишто размислуваат да започнат да учат Data Science и што би кажал за кариерните можности кои ги нуди оваа област?
Data Science ни нуди голем број на можности, но тие што би ги издвоил се можноста за континуирано учење, да се биде во тек со сите најнови технологии и флексибилноста на работата. Data Science се работи во голем број на индустрии, дали тоа било автомобилска, медицинска или едукативна индустрија.
На крај, за сите оние коишто размислуваат да започнат да учат Data Science мојот совет е да не се плашат од обемноста на ова поле бидејќи не е толку страшно како што изгледа на почетокот и да знаат дека со труд и дисциплина сè се постигнува.
Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
На Академијата за Data Science работиме на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!