Запознај го Чедо Насевски – алумни студент од Академијата за UX/UI дизајн кој направи комплетна кариерна трансформација и започна да ја гради својата кариера на практикантска позиција како UX/UI дизајнер во Codedesk.

 

Во продолжение, си поразговаравме со Чедо за неговото кариерно патување

 

Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за UX/UI дизајн те познаваме, но што би споделил за останатите?

Hello, Hello! Јас сум Чедо, имам 25 години и моментално сум на работна пракса како UX/UI дизајнер. Постигнатиот успех не би бил возможен без неизмерен труд, работа, посветеност и поддршка од прекрасните ментори и колегите на Академијата. Всушност, овој успех ми е показател во животот дека никогаш не е доцна за ништо, без разлика на околностите, важно е да веруваме во себе и во моќта која лежи во нас. 

 

Зошто баш UX/UI дизајн?

Мојата креативност, емпатија и тимски дух ме доведоа пред вратата на UX/UI. Во тој момент тоа беше единствената професија којашто чувствував дека е за мене и дека ќе бидам успешен во неа. Решавање проблеми на клиенти и корисници е голема привилегија што ми дава сила и успева секојдневно да ме мотивира напорно да работам, бидејќи знам дека преку мојот дизајн можам да оставам позитивен белег на светот и да придонесам за нешто поголемо од мене.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за UX/UI дизајн. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Академијата можам да кажам дека беше доста интензивна и динамична. Се сеќавам на зборовите на мојот драг и многу почитуван ментор Златан Мујчин – „Да беше лесно, секој ќе беше UX/UI дизајнер.“ тоа навистина го почувствував. Да се биде UX/UI дизајнер е многу предизвикувачка професија која со себе носи голема одговорност, самата професија е многу повеќе од дизајнирање функционални веб сајтови и апликации. Brainster навистина се има погрижено за концептот на Академијата да биде во целост, за да по завршувањето ние бидеме навистина компетентни во извршување на своите работни задачи како вистински професионалци. Така да, мојот одговор е да, Академијата успеа да ги исполни моите очекувања.

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Најголемиот предизвик ми беше времето. Како да успеам да го изменаџирам времето за да бидам присутен на часовите, да учам и да работам истовремено. За среќа, наставата се одвиваше online и секој час беше снимен, и веднаш достапен на платформа, па така успевав да бидам во тек и да одржувам некој баланс помеѓу Академијата и работата.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

За некој што сѐ му е ново, ужива во секој новитет што ќе го научи. Сепак би го издвоил модулот Storytelling и UX Design In The Real World со горенавдениот ментор, поради тоа што навистина научив многу корисни работи коишто и ден-денес ги применувам во секојдневните предизвици на коишто наидувам при работа на проекти.

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за UX/UI дизајн започна да ја градиш својата кариера на практикантска позиција како UX/UI Designer во Codedesk. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Работните позиции не се добиваат случајно. За најдобрите нешта во животот се потребни трпение, упорност и пожртвуваност. Упорноста ме доведе до мојот почеток на градење на својата кариера како UX/UI дизајнер. После многу испратени мејлови, еден куп апликации на LinkedIn, се случи понудата во Codedesk за којашто сум благодарен.

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад UX/UI дизајнер? Кои би биле твоите задачи и технологии/алатки кои би ги користел?

Од мене се очекува, пред сѐ, да работам тимски, да успеам да го разберам корисникот, да ги истражам и анализирам неговите потреби и цели, а потоа да дизјанирам визуелен дизајн кој ќе биде естетски привлечен, но и функционален. Моментално актуелна програма на којашто работиме, ние, UX/UI дизајнерите е Figma, и верувам дека уште долго ќе ја користиме.

 

И за крај, што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на UX/UI дизајнот?

Промена на кариерата не е воопшто мала работа, со тоа всушност правиме и промена на нашиот живот. Најважно е да посветите доволно време и внимание да направите валидни истражувања кои ќе ви одговорат многу прашања поврзани со оваа професија. Побарајте совети од стручни експерти во Brainster, решете кариерен квиз за UX/UI и преземете акција. Понекогаш кога сите други чекаат некој друг да го направи првиот чекор, вие мора да бидете тој што ја почнува промената. 

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за UX/UI дизајн постојано учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и врвни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

НОВО | Академија за DATA ANALYTICS и Академија за SALES 👉 👉