Запознај го Даниел Богнер – консултант и тим лидер, а воедно и нашиот нов инструктор на Академијата за лидерство и менаџмент кој ќе го предава модулот за „Лично лидерство“.

Со повеќе од 25 години професионално искуство во управување со животната средина, Даниел има богато знаење и практична експертиза, кои ќе ги пренесе на предавањата.

Неговата професионална позадина опфаќа различни области, вклучувајќи управување со животната средина, климатски промени, екосистемски услуги, просторно и стратегиско планирање и развој на заштитени подрачја. Умешноста на Даниел, се проширува со примената на клучните законодавства за животна средина на Европска Унија и меѓународните конвенции кои ја регулираат биолошката разновидност, како и агроеколошки шеми и програмите за рурален развој.

Со искуството како тим лидер на мултидисциплинарни тимови, во комбинација со комуникациските вештини и техничката експертиза, тој негува колаборативна средина за учење каде студентите ќе можат активно да се вклучат во споделување на знаењето, преку интерактивни работилници, групни дискусии и практични вежби.

 

Го имавме задоволството да си поразговараме со Даниел за неговото приклучување во тимот на инструктори на Академијата за лидерство и менаџмент

 

 

Добредојде Даниел, горди сме што те имаме во тимот. Кои се твоите очекувања од Академијата за лидерство и менаџмент и приклучување кон тимот?

Решив да се приклучам на оваа Aкадемија, бидејќи ми беше интересен и иновативен пристапот да ги комбинирам учењата/обуките за менаџмент со развојот на меките вештини (лидерство).

 

Раскажи ни нешто повеќе за модулот што ќе го предаваш? Што ќе имаат можност да научат студентите и да го применат во својата работа?

Модулот што ќе го предавам е „Лично лидерство“. Главната цел е да се воведат концепти и алатки за лидерство, како и да се поддржат студентите во зајакнувањето на нивните лични ресурси. Модулот ќе нуди многу практични вежби.

 

 

Сподели ни повеќе за твојата професионална позадина.

Имам докторат по земјоделство и биодиверзитет на Универзитетот во Виена. Веќе 25 години работам како консултант за заштита на животната средина и природата. Околу 20 години бев ко-основач и ко-сопственик на консултантска компанија за животна средина во Австрија со околу 25 вработени. Од 2010 година се фокусирав на мојот личен развој на лидерство и вештини за обука на семинари во Виена и Минхен. Од 2017 година работам како хонорарец главно во балканските земји. Во многу проекти бев ангажиран како Тим Лидер и моментално водам проект финансиран од ЕУ во Македонија за имплементација на ЕУ упатства за зачувување на природата со 70 експерти.

 

Што претставуваше твојот најголем предизвик за време на твоето долгогодишно искуство и што сметаш дека се променило од пред една декада досега?

Мојот најголем предизвик во изминатата деценија беше влезот како меѓународен експерт на пазарот на консултантски услуги за животна средина во поширокиот балкански регион и конечно да се преселам од Австрија во Македонија.

 

 

Што за тебе претставува успех и кои се работите кои ги сметаш за твое најголемо достигнување?

Успех е кога сте задоволни со она што сте го постигнале. Во изминатите 5 години завршив неколку интересни договори/проекти, имам добра репутација како експерт во регионот и навистина сум среќен поради квалитетот на мојот живот.

 

Што сакаш да правиш кога не работиш?

Моето хоби е планинарење преку целата година и истражување на биодиверзитетот на природата во планините.

 

 

И за крај, кој би бил твојот совет за идните студенти на Академијата за лидерство и менаџмент и оние коишто можеби сѐ уште размислуваат?

Мојот совет е да се фокусирате на една специфична тема на експертиза и да станете навистина добри во неа, со ентузијазам и преку вежбање, вежбање, вежбање.

 

 

Новата Академија за лидерство и менаџмент (Executive Academy for Leadership & Management) на Brainster, која ќе обезбеди можност за практично усовршување и доквалификација на учесниците преку стекнување на најважни вештини во областа на лидерство и менаџмент во ИТ и бизнис-секторите, се развива во соработка со Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост-ИМЕ.

За упис на оваа Академија, достапни се стипендии за млади лица и жени претприемачи кои сакаат да се усовршуваат во оваа насока. Целта на овие стипендии е да се даде придонес кон зголемување на разноликоста и еднаквите можности во корпоративниот свет. 

Закажи информативен разговор со нашиот Student Admission Team за повеќе детали за Академијата.

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА