Сите наши резултати се дело на тимската работа, соработката со вас, нашата заедница, па затоа посакавме да „ѕирнете“ како работиме во позадина.

Активностите и влијанието на Brainster постојано се зголемуваат, и тоа со AI – брзина. Понатамошниот раст на нашата организација е веројатен и веќе впишан во нашите стратешки планови. Нашите студенти кои се сѐ побројни, бараат повеќе висококвалитетни можности за учење и да бидат вклучени во индустријата. Влијанието на нашата организација постојано расте. Но, со тоа и нашата одговорност.

Ова, неодамна ни се потврди и со веста дека официјално, за прв пат оваа година се приклучуваме на ТОП 500 најуспешните компании во Македонија. Тоа значи дека сме во друштво на 0,7% од активните компании во земјава… А се сеќавате? Основани сме во 2015 година!

Покрај оваа значајна вест, сакаме со вас да споделиме дека и во ова полугодие од 2023 година имаме одлични резултати!

Но, пред да преминеме на резултатите и прогресот, сакаме да им се заблагодариме на оние без кои ништо не би било можно:

 

 

  • ТИМОТ И ИНСТРУКТОРИТЕ И ПРОФЕСОРИТЕ

70+ професионалци што посветено работат на иновации во образованието, создавање на квалитетни образовни програми и продукти што ги „опремуваат“ нашите студенти со знаење и вештини, за да може да го постигнат максимумот во своите кариери и професиите на 21 век.

ТИМ, ви благодариме за извонредната работа. Заслугата е ваша!

+150 инструктори и професори, професионалци од индустријата промовираат интерактивна, поддржувачка и мотивирачка средина, создаваат можности за студентите активно да учествуваат во процесот на учење, ги обликуваат студентите преку преку искуства, наместо преку учење напамет.

Ви благодариме што ги обучувате и инспирирате идните иноватори и лидери!

 

 

„People should see the work going on behind the scenes“

Сите наши резултати се дело на тимската работа, соработката со вас, нашата заедница, па затоа посакавме да ви раскажаме како ги постигнавме. Сакаме да ви овозможиме да „ѕирнете“ како работиме во позадина, за да имаме задоволни и успешни студенти, а за компаниите и понатаму да останеме извор на квалитетен кадар што ќе им помогне да растат и да го менуваат општеството.

Соочувајќи се со големиот раст, сфативме дека транспарентноста не е само доблест, туку стратешки императив кој мора да биде впишан во компаниската култура, нашите вредности и комуникациските планови.

Исто така сакаме да ви кажеме дека не заборавивме на нашата мисија – да останеме прв избор за македонските студенти и да станеме прв избор за студентите од Југоисточна Европа заинтересирани за градење кариери во технологија и бизнис, да станеме најдоброто место за работа, да бидеме првиот избор за компаниите да ангажираат таленти за технологија и бизнис, и секако да  едуцирае 10.000 луѓе годишно до 2033 година.

 

 

Активности во првото полугодие од 2023

Долга е листата на активностите што нѐ доведоа до резултатите на кои сите сме горди. Позади секој резултат, проект, продукт „потпишан“ од Brainster или Brainster Next College се тимовите кои даваат сѐ од себе работата да биде завршена навреме, прецизно и со една цел – да им дадеме вредност на нашите студенти.

Како еден од најголемите резултати што веднаш вреди да се спомне е тоа што во пролетниот уписен рок, во првите 6 месеци од годината успеавме да запишеме рекордни 604 студенти на академиите, од кои дури 61% по пат на препорака. 

Затоа, горди сме што за само 6 месеци:

  • Успешно ја лансиравме Академијата за лидерство и менаџмент и обезбедивме стипендии за жени претприемачи
  • Отворивме канцеларии во Албанија, односно го создадовме Brainster Albania
  • Успешно ја лансиравме новата студиска програма на Brainster Next College- UX/UI и графички дизајн која е во процес на акредитација
  • Повторно го обезбедивме финансиското олеснување „Студирај сега плаќај по вработување“ за новите уписи на Brainster Next College
  • Го зголемивме тимот на +70 
  • Ги редизајниравме https://brainster.co/ и https://blog.brainster.co/
  • Оптимизиравме и автоматизиравме, работевме на постојано унапредување
  • Развивавме нови функционалности за нашите платформи, се грижевме за нашите продукти
  • Континуирано го подобрувавме Brainster’s Quality Standard за едукативните програми
  • Вложуваме во нашите инструктори и професори и сме во постојана потрага по најдобрите експерти од индустриите

 

 

Резултати во првото полугодие од 2023

Комплексниот Brainster внатрешен организам се состои од повеќе тимови во кој важи следното правило: „In unity, we thrive”! Работиме напорно и секогаш сакаме да постигнеме повеќе. 
Ние ја гледаме целата наша организација како систем. Овој пристап ја нагласува меѓузависноста на различните компоненти во нашата организација и ја нагласува важноста од кохезивна и синергетска работа за да се обезбеди успех на нашите студенти. Со усогласување на сите сектори во нашата организација, создаваме беспрекорно образовно патување кое ги подготвува студентите за предизвиците во реалниот свет и ја подобрува нивната вработливост.

 

 

1. Успешната приказна на Brainster Next College

Минатата година почна со работа нашиот Brainster Next College, првиот практичен ИТ-факултет со што ја почнавме нашата авантура и во формалното образование. Во овие шест месеци уживавме во плодовите на нашата работа од претходниот период и гледавме задоволни и среќни студенти кои се на вистинскиот пат да станат успешни софтверски инженери. Но, тука бевме и за оние што сфатија дека згрешиле при изборот на студиите и оние кои со потешкотии ги полагаа испитите.

Сепак: We did it!

Успешно завршивме со првата година од студиите по Софтверско инженерство и иновации, што е кулминација за оваа прва година од постоењето на факултетот, а притоа ја лансиравме и новата програма UX/UI и графички дизајн за овогодинешните уписи која ево процес на акредитација. 

Како позначајни моменти од нашата работа што им донесоа вредност на тековните студенти издвојуваме:

  • Го организиравме првиот хакатон за студенти во соработка со неколку Brainster академии.
  • За предметот Имплементација на решение, студентите работеа на првиот реален проект за 4 индустриски партнери.
  • 10 студенти што исполнија услови летово имаат платена пракса во ИТ-компании.

Уште дата:

  • Задоволството на студентите од професорите изнесува – 4.63/5
  • Задоволството на студентите од предметите изнесува 4.40/5
  • Од вкупно 46 студенти, 12 ја завршија годината со просек од 8.10 до 10.00 (Average: 9.27)
  • За 41% е зголемен бројот на регистрираните кандидати за решавање на тестот за компетенции, што овозможува упис на факултетот преку финансиската поволност „Студирај сега, плаќај по вработувањето“
  • Веќе пополнивме 2 групи студенти за прва година Софтверско инженерство и иновации

 

Од аспект на академскиот дел, обезбедивме странски гостински предавачи – Дамјан Обал и Алекс Долстра кои го пренесуваат своето експертско знаење на нашите студенти, а имавме и многу домашни гостински предавачи. По 2 предмети на студентите им обезбедивме и хибридна наставна методологија, а со помош на трансформација преку стандардизација обезбедуваме конзистентност и квалитет во нашата наставна програма.

 

 

2. Се проширивме во соседството – Brainster Albania

Еден од нашите најзначајни milestones во текот на првата половина од годината е отворањето на канцеларии во Албанија и создавањето на тимот Brainster Albania. На овој пазар првично ја нудиме Академијата за Front-End програмирање. Бидејќи технологијата продолжува да се развива со брзо темпо, побарувачката за квалификуван кадар е поголема од кога било, па оттука, целта на оваа академија е да ги „опреми“ идните студенти со потребните вештини за да изградат успешна кариера во областа на Front-End програмирање.

Што направивме во Албанија досега:

  • Отворивме нови канцеларии во Тирана
  • Вработивме нови колеги
  • Креиравме веб-страници
  • Отворивме нови профили на социјалните мрежи
  • Создадовме квалитетна практична образовна програма
  • Обезбедивме квалитетни инструктори, експерти од индустријата
  • Се вмреживме со партнерски компании

 

Со поставувањето на нашите темели во Албанија, подготвени сме да ги употребиме сите наши најквалитетни ресурси и проверен систем што го изградивме и да ја промениме перцепцијата на младите, нивната иднина и можностите. Идентично како што во изминативе години, преку квалитетно образование кое се базира на пракса, им помогнавме на многу студенти да направат кариерна трансформација или да најдат подобра и поплатена работа. Со иста енергија и ентузијазам ќе се стремиме истото да го направиме и во Албанија.

И да, веќе го имаме првиот запишан студент!

 

 

3. Numbers, numbers, numbers… data analysis… statistical control!

Во денешниот успешен деловен пејзаж, бројките делуваат како компас што ги води организациите кон нивните посакувани дестинации. Тие ја откриваат вистинската приказна скриена во податоците, обезбедувајќи непроценливи сознанија кои всушност го одделуваат триумфот од неуспехот. Ние во Brainster многу ги сакаме бројките! И главно носиме одлуки базирани на бројки.

„We make data-driven decisions, but we are aware of its limitations“

Добро, понекогаш си го слушаме и срцето. 

Но, свесни сме дека со вредно анализирање на бројките, бизнисите добиваат панорамски поглед на нивното финансиско здравје, трендовите на пазарот, однесувањето на клиентите и оперативната ефикасност. Ова знаење ни помага да носиме паметни одлуки,  да се справиме со несигурностите, да ги искористиме можностите, да ги ублажиме ризиците и да ги усогласиме стратегиите за да имаме уште поголем успех. 

Во свет управуван од податоци, искористувањето на моќта на бројките станува трансформативна сила што ги поттикнува бизнисите кон раст, профитабилност и конкурентна предност во нивните соодветни индустрии.

 

 

Затоа постојано целиме кон автоматизација и постојано оптимизираме кога е во прашање нашата data.

А нашите податоци велат дека во првите 6 месеци од годината:

  • Запишавме рекордни 604 студенти на академиите, од кои дури 61% по пат на препорака
  • Исполнети се 95% од таргетите за уписи на академиите
  • Вработивме 180 студенти, дури 33% повеќе од лани
  • Испративме 557 талент маркети до компаниите
  • Организиравме 63 реални проекти, 10 хакатони и 2 хакатони во живо 
  • +11 нови партнери за вработување
  • +50% го зголемивме Student Admission тимот
  • Оценката за инструкторите од страна на студентите е 4.87/5
  • Задоволството од програмите е 4.84/5
  • Додадени се нови функционалности на платформата за учење Brainster Learn што ја користат студенти од академиите како: полесен onboarding процес за нови студенти и автоматизирано издавање на Achievement certificates за секој завршен модул на академиите
  • Додадени се нови функционалности на платформата за учење IAMNEXT што ја користат студентите од Brainster Next College како: Assessments, Gradebook, Location based attendance, Student progress page, Student profile page & Multi-college adaptation
  • Одржавме 28 офлајн настани за нашите студенти 
  • Снимивме 222 едукативни видеа за хибридните академии или 28.5 часа видео-материјал
  • Видеопродукција направи 11 видеа од настани, 2 реклами и 2 хакатон видеа
  • Дизајн тим дизајнираше 308 креативи за блог-постовите

 

 

4. Projects, Ops & Enablement – They make our life easier!

Нашите проект менаџери се луѓето без кои не можеме! Ама, буквално. И тие вредно работеа за да може сите тимови да фуннционираат, сите проекти да се подготват и да се лансираат навреме. Како што кажавме, нашите студенти го бараат најдоброто од нас, па затоа поддршката за проектите е од особена важност. 

Нашите проект менаџери ги поддржуваат Brainster тимовите при:

  • Семестрално планирање: цели, ресурси, луѓе
  • Стабилно проектно опкружување + коучинг за водење проекти со стратешка вредност
  • Системски и продукт менаџмент за поврзување на заеднички услуги, оптимизирање на работните текови, максимизирање на вредноста
  • Поддршка на организациските напори за ефикасност, квалитет, продуктивност преку различни инструменти како стандарди, тренинг, упатства
  • Трансформација преку стандардизација
  • Поддршка во процесот на планирање семестрални цели за целосното портфолио на организацијата & обезбедување alinment на тимовите

 


Квалитетно образование за вработување

Brainster пред 8 години креираше систем кој функционира: учење преку работа на реални проекти, сектор Student Success кој се грижи за прогресот и задоволството на студентите, кариерна поддршка преку тимот на Partnerships, експертизата на вработените, инстукторите и професорите, користење на напредни технологии за поддршка при студирањето, искусен менаџмент тим и борд на директори кој посветено работи и HR политики кои го поддржуваат растот, развојот и задоволството на вработените

Се гордееме што сме пионери во областа на креирање образование за вработување и што успеавме да создадеме иновативен систем што денеска нѐ става на мапа заедно со најуспешните светски Ed-tech организации.

  • Нашиот примарен фокус се врти околу негување искуство за учење што ги подготвува студентите за пазарот на труд, преку всадување на критичко размислување и вештини за решавање проблеми.
  • Нашите практични образовни искуства им овозможуваат на студентите активно да се вклучат во процесот на учење. 

 

 

Како го создадовме квалитетното образование за вработување?

  • Реални проекти со домашни и интернационални компании – студентите добиваат слика за тоа како е да се работи во реална работна средина, учат што е тимска работа и директно се изложени во индустријата
  • Хакатони – 24 часовна интензивна тимска работа на големи проекти што го менуваат општеството
  • Student success тим – посветени на целосна поддршка на студентите низ нивниот процес на трасформација и учење
  • Partnerships тим – грижата за вработувањето на успешните студенти, градењето на партнерства со компаниите, обезбедувањето на добри реални проекти се во нивни раце
  • Сите таленти на едно место – бесплатна платформа која ги поврзува студентите со компаниите
  • Student Admission тим – кариерни советници што даваат точни насоки за сите студенти во кој правец да го продолжат своето образование

 

 

Што е следно?

Секој од тимовите, работејќи како систем и во остатокот од годината максимално ќе биде посветен на остварување на сите среднорочни цели што се зацртани во нашите стратешки документи. Во наредните 12 месеци очекуваме да завршиме 71 нови иницијативи и подобрувања, активности што ќе донесат вредност на сите наши stakeholders – студентите, инструкторите, вработените, партнерите како:

  • Неколку големи соработки кои ќе ни помогнат да го зголемиме бројот на вработени студенти 
  • Ќе го прошириме тимот на инструктори, професори и вработени 
  • Ќе работиме на неколку AI проекти 
  • Нова трета локација во центарот на Скопје

 

Brainster и Brainster Next College остануваат верни на својата мисија и визија. Инвестираме во нашите луѓе, прифаќаме агилни принципи, споделуваме информации, поддржуваме инклузивно носење одлуки, ги искористуваме податоците и имплементираме ефективни комуникациски стратегии. Создаваме култура на транспарентност, што води кон успех.

Горди сме на нашиот напредок во изминатите шест месеци, остануваме посветени на континуирано подобрување со една мисла на ум – како да им обезбедиме уште поголема вредност на нашите студенти.

Ви благодариме за вашата континуирана поддршка!

 

Brainster е Ed-Tech организација со ТИМ од +70 постојано вработени и +150 инструктори и професори обединети од интелектуалната љубопитност и страст за создавање квалитетни едукативни продукти. Преку академиите и неформалното образование, какo и преку акредитираните додипломски студии на Brainster Next College им помагаме на поединците да ги совладаат најбараните вештини на денешницата преку работа на реални проекти за реални клиенти и да најдат поплатена и подобра работа. 

Како до 1.000.000€? 🤫