Запознај ја Јулија Ј. Маринов – алумни студент од нашата Академија за UX/UI дизајн, а воедно и Dream Team студент, која се реши да ги надгради своите дизајн знаења и вештини.
По комплетирањето на програмата, Јулија се пресели во Минхен и започна да работи во дигиталната агенција Pemedia како UX Designer.
Во продолжение си поразговаравме со Јулија за нејзиното кариерно патување
Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за UX/UI дизајн те познаваме, но што би споделила за останатите?
Јас сум Јулија, имам 30 години и моментално живеам во Минхен. Мојата кариерна приказна започнува со моето дипломирање маркетинг на American College во Скопје. Оттогаш работев во повеќе компании како продукт менаџер. Моите претходни работни места ми дадоа добар темел за работење во тим, како и лидерство. Долго сакав да ја направам промената кон нешто покреативно, па после подолго истражување и анализирање се одлучив да се запишам на Академијата за UX/UI дизајн.
Зошто баш UX/UI дизајн?
Секогаш имав желба да работам дизајн, UX/UI дизајнот за мене беше следниот логичен чекор. Мојата позадина во маркетинг, истражување на пазарот, одредување на целни групи многу ми помогнаа во одлуката, зошто сепак тоа е голем дел на UX, а тоа што не го знаев имав огромна желба да го научам.
Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за UX/UI дизајн. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?
Академијата ми даде структуриран пристап кон UX дизајнот. Ми даде потпора да можам да се посветам себеси кон промената што сакав да ја направам и затоа можам да кажам дека ги оствари и моите очекувања.
Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?
Моето искуство беше луда железница. Само што мислиш дека знаеш, доаѓа нова кривина и тон нови информации. Најголемиот предизвик за мене беше да го изменаџирам времето, зошто си бара посветеност, а јас покрај постоечкото работно место и Академијата, имав и мало бебе. Имав многу поддршка од мојот сопруг, кој е алумни студент на Академијата за Software Testing и веќе знаеше што ме чека.
Кој модул ти беше најинтересен и зошто?
Најинтересен модул ми беше Дизајн и UI, заради самиот пристап на предавањето. За мене материјалот беше тотално нов. Дизајнот на корисничкиот интерфејс му дава приоритет на визуелното искуство на корисникот, исто така треба да го минимизира напорот што треба да го вложи во интеракција со производот и да им помогне на корисниците да ги постигнат своите цели. Покрај тоа Јане како ментор имаше исто голем удел. Најважно е: „Дизајнот требит да дишит!“
Веднаш по завршувањето на Академијата за UX/UI дизајн започна да ја градиш својата кариера како UX Designer во компанијата Pemedia. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?
Веднаш по завршувањето на Академијата се преселив во Минхен, па додека ги средував работите логистички, работев freelance на помали проекти. Потоа се вработив во дигиталната агенција Pemedia како UX Designer. После пријавувањето, ми се јавија за HR интервју, во кое се запознавме, а интересно беше што повеќе тие ми се претставија мене како компанија, него јас нив како дизајнер. Преминавме на техничкото интервју, за кое ми дадоа да изработам конкретна алатка и да ја презентирам на пробен ден. На пробниот ден покрај презентацијата на моето решение, ме запознаа и со неколку проекти на коишто работат. После неколку дена ми јавија дека ја добив работата и имавме преговори за деталите.
Што се очекува од тебе на работното место како еден млад UX/UI дизајнер? Кои би биле твоите задачи и технологии/алатки кои би ги користела?
Од мене како UX дизајнер се очекува да работам на функционалноста на дизајнот. Работам да го оптимизирам искуството на корисникот и да ги вметнам сите елементи кои ги бара клиентот. Треба добро да го запознаам проектот, да го истражам пазарот и да исцртам. Најмногу користам Figma, но користам и Miro за brainstorming сесии.
И за крај, што би им препорачала на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на UX/UI дизајнот?
Сите кои сакаат да напраат кариерна промена – добро истражете што конкретно ве интересира, внесете енергија и време во тоа. Најважно е да имате желба да научите, а со добар систематски пристап – научете ги добро чекорите на дизајнот. Со менторите, а и колегите кои ќе ги запознаете материјалот ќе ви оди од рака. Бара многу упорност и посветеност да пробиете во нова сфера, ама ако не сега – кога?
Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
На Академијата за UX/UI дизајн постојано учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и врвни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!