Запознај ја Жанина Лазарова – студент на Академијата за UX/UI дизајн, која се реши да го искористи летото продуктивно и да научи нови вештини во областа на UX/UI дизајнот.

 

Име и презиме: Жанина Лазарова

Академија: Академија за UX/UI дизајн

По професија сум: Студент

Од првиот час на Академијата паметам: Позитивно бев изненадена затоа што атмосферата беше доста опуштена и запознавањето беше интересно. Секој од нас има различна позадина и професија, а сепак иста цел.

Се решив да го искористам времето продуктивно и да научам: Нови вештини, да го надградам своето знаење кое би ми користело во иднина.

Ја одбрав оваа област бидејќи: Јас сум многу креативна личност, перфекционист, со развиено чувство за емпатија и добро око за детали.

Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Design tools. Јас инаку цртам портрети и сликам со акрил, акварел и маслени бои и сум голем љубител на уметноста и дизајнот, и на екран и на хартија.

После предавањата секогаш: Ги прегледувам белешките, а често и веднаш ги почнувам домашните за воедно да го повторам она што сме го учеле на часот. Исто така, штом инструкторот ќе го постави снимениот час на платформата, го прегледувам во случај ако нешто не ми било јасно или сум испуштила.

Пред да се запишам, најмногу ме плашеше: Секој нов почеток е страшен. Неизвесноста и несигурноста дали ќе успееме е присутна кај секој од нас. Меѓутоа за мене поголем страв е воопшто да не преземам чекор кон она што го сакам и потоа да се каам. Важно е да бидеме искрени кон себе, да се трудиме и да веруваме во најдобриот можен исход.

Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Ја очекувам пред сѐ, слободата која доаѓа со oваа професија, особено ако работам freelance. За мене е доста важно да имам време како за работата, така и за себе и најблиските.

Оваа област за мене значи: UX/UI за мене е спој на нештата кои најмногу ме восхитуваат и исполнуваат – уметноста, психологијата и технологијата. Со оваа професија добиваме слобода да се изразиме себеси, а воедно и да помогниме некому и да подобриме нечие корисничко искуство.

Во слободно време: Голем љубител сум на пишаниот збор и обожавам да читам. Исто така, цртам и сликам, и сакам прошетки во природа и возење велосипед.

Сакам да читам: Историски драми, трилери и романси.

Сакам да гледам: Мини сериите од неколку епизоди ми се омилени, а жанрот не ми е толку важен и гледам речиси сѐ.

Омилен цитат: “Creativity is intelligence having fun.”

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

Како до 1.000.000€? 🤫