Пазарот на труд продолжува со својот брз развој во правец на дигиталната технологија, а тоа е причина одредени поединци да размислуваат за трансформација на својата кариера. Без разлика дали размислуваш за промена на индустријата во којашто работиш или сакаш да продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини, започнувањето на овој процес може да ти звучи возбудливо и предизвикувачко.

Тргнувањето по овој пат, особено за поискусните и повозрасните поединци може да претставува соочување со уникатни предизвици, но и соочување со одредена несигурност кога станува збор за правење на посакуваната промена. Сепак, со правилен начин на размислување, стратегии и алатки, место да биде пречка, искуството и возраста можат да бидат претворени во предност. 

Затоа во овој блог ќе истражиме неколку вредни совети и трикови со цел успешна навигација во процесот на промена на кариерата кај повозрасните лица кои имаат значително влијание во нивните области.

 

 

Искуството и годините како предност

Возраста никогаш не треба да се гледа како ограничување или пречка при следењето на новите можности во кариерата. Повозрасните личности често поседуваат збир на квалитети и предности кои може да бидат многу корисни при правењето на успешни трансформации во кариерата.

Една од најважните карактеристики на повозрасните лица е тоа што имаат силна работна етика и докажано искуство на посветеност при извршување на работните задачи. Долгогодишното искуство ги има опремено со вредни вештини и експертиза кои може да бидат применети во различни услови. Ова може да им даде конкурентска предност бидејќи искуството често дава цврста основа за надградба на своите вештини и знаења.

Дополнително, имаат тенденција за добро воспоставување на професионална мрежа. Поминати се години во градење на контакти и тие може да бидат вклучени во мрежата за поддршка, насоки и потенцијални можности за работа. Моќта на вмрежувањето не може да биде преценета, а индивидулите можат да ги искористат своите постоечки врски за да истражуваат нови правци во кариерата.

 

 

Во продолжение, 8-те најважни совети за успешна кариерна трансформација

 

  • Поставување цели

Почни со размислување за твоите силни страни, страсти и аспирации. Идентификувај ги вештините и искуствата, кои ги имаш стекнато во досегашната кариера, што можеш да ги пренесеш на твојата посакувана работна позиција. Постави јасни и реални, краткорочни и долгорочни цели за трансформација на твојата кариера и наведи ги потребните чекори за да го постигнеш истото.

 

  • Истражување

Одвој време за да направиш истражување на индустријата или полето на твојот интерес. Разбери ги тековните трендови, проучи ги потребите на пазарот за работни позиции и потребните вештини. Поврзи се со професионалци кои веќе работат на тоа поле и побарај совет. Присуствувај на настани, семинари и работилници во индустријата за да стекнеш подлабоки увиди и да воспоставиш врски што можат да ти помогнат во транзицијата.

 

  • Вештини

Една од најголемите предности при правење на кариерна трансформација е преносливоста на вештините. Идентификувај ги твоите вештини кои ги имаш развиено во твојата кариера, кои се применливи во новата област. Истакни ги овие вештини во твојата биографија и за време на интервјуата. Покажи како твоето искуство во различна индустрија носи единствена перспектива и вредност за потенцијалните работодавци.

 

  • Учење и усовршување

Иако можеби поседуваш некои од потребните вештини, од суштинско значење е постојано стекнување на ново знаење и усовршување на постоечките вештини. Искористи ги предностите на online курсевите, сертификатите и работилниците за да ги научиш потребните вештини кои се специфични на посакуваното поле. Ова ќе ја покаже посветеноста на твоето континуирано учење и приспособливост.

 

  • Изгради силна мрежа

Вмрежувањето игра клучна улога при трансформацијата на кариерата. Поврзи се со професионалци во твојата посакувана индустрија преку платформи како Linkedin, специфични форуми за индустријата или локални состаноци. Присуствувај на настани за вмрежување и контактирајте со поединци за информативни интервјуа. Градењето на силни врски може да отвори врати за нови можности и да обезбеди вредни насоки од оние кои успешно направиле слични кариерни трансформации.

 

  • Менторство

Пронајди ментор кој има искуство во твојата посакувана област или веќе успешно направил слична трансформација во кариерата. Менторот може да обезбеди насоки, поддршка и увид во предизвиците и можностите со кои можеш да се соочиш. Советите и охрабрувањата може да бидат од непроценлива вредност додека се движиш по твојот нов кариерен пат.

 

  • Биди дел од програми за практиканство или junior позиции

Во зависност од пиродата на трансформацијата на твојата кариера, можеби ќе треба да почнеш на пониско ниво за да стекнеш искуство во новата област. Не се обесхрабрувај од оваа перспектива. Прифаќањето на практикантска позиција или позиција на junior ниво ќе ти овозможи да стекнеш ново искуство и тоа од „прва рака“, да изградиш кредибилитет и да воспоставиш основа за раст и развој во твојата нова кариера.

 

  • Изгради позитивен начин на размислување 

Трансформацијата во кариерата честопати доаѓа со предизвици и неуспеси. Прифати го начинот на размислување насочен кон раст и развој, гледајќи ги овие пречки како можности за учење и подобрување. Остани позитивна и издржлива личност, прилагоди се на промените додека напредуваш кон остварување на твоите цели во кариерата.

 

Доколку сакаш да ги надградиш своите вештини и знаења, и опцијата за online учење ти изгледа примамливо, уписите за Brainster Академиите се во тек.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмите!

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!