Brainster билтен: Новости од заедницата / Февруари 2022

Hello March! 🌷
Како што се приближуваат новите почетоци на Академиите, тимот на Brainster со голема нетрпеливост и возбуда чека да ги запознае новите студенти кои сакаат да направат кариерна трансформација и да ги надградат своите вештини. Да се биде дел од целиот овој процес е предизвик, но исто така и возбудливо искуство кое носи нови пријателства, различни перспективи и мотивација за успех.
Spoiler alert: Опсесивната грижа кон нашите студенти резултираше со 20 вработувања и пракси изминатиов месец.
Па така, новостите од месец февруари се однесуваат на: првото вработување од првата група на Академијата за Project & Product Management, подобрувањето на искуството на нашите студенти и воведување на нови модули, 7-те книги што треба да ги прочита секој кој сака да ги надгради своите знаења во областа и многу кариерни трансформации.
- Прво вработување од првата група на Академијата за Project & Product Management
По само 2 месеци од почетокот на првата група на Академијата за Project & Product менаџмент, Никола Ѓуровски се вработи како проектен менаџер во американската компанија Agile Pro Solutions. Дознај повеќе!
- 3 едноставни правила за да станеш успешен UI дизајнер
Размисли за последната веб-страница којашто ти останала во сеќавање и ти оставила добар впечаток. Сега потсети се за причината зошто токму таа страница ти останала во сеќавањето. Дали причината се крие во привлечните слики или пак во информативниот текст кој би ги решил твоите проблеми при корисничкото патување? Токму овој процес е работа на UI дизајнерите, па ајде детално да објасниме што всушност претставува UI. Дознај повеќе!
- Фриленс кариера во светот на графички дизајн
Запознајте ја Натали Манго – алумни студент од Академијата за графички дизајн, која има завршено на Факултетот за туризам во Охрид, со отсек менаџмент во услужен сектор. Но, сепак нејзината креативност решава да ја изрази преку графичкиот дизајн и работењето како freelance графички дизајнер. Дознај повеќе!
- 10 работи кои ги научивме од курсот за Google Ads
Како може секој дигитален маркетер да биде сигурен дека ќе лансира успешна Google Ads кампања што ќе го привлече вниманието на корисниците и ќе ги претвори во клиенти? На овие прашања одговор ни даде нашиот инструктор од Академијата за дигитален Маркетинг – Златко Матески, кој работи како User Acquisition Manager во интернационалната компанија за игри BoomBit. Дознај повеќе!
- Првиот хакатон на Академијата за Data Science
Со цел да го подобриме искуството на студентите, го организиравме првиот хакатон на Академијата за Data Science, каде студентите имаа можност да ги искористат своите знаења и вештини работејќи на проект. Задачата беше по модулот математика и статистика, каде требаше да се изработи анализа и статистички модел за ефикасност на лекови и помошни сценарија поврзани со медицината, преку предвидување на адекватноста на лекот. Дознај повеќе!
- Програмски подобрувања на Академијата за графички дизајн
Методологијата на работа и креирање на наставните програми во Brainster се базира на постојанa анализа и следење на трендовите во ИТ индустријата и пазарот на труд, но, и константно подобрување врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност. Земајќи ги предвид овие работи, ја збогативме програмата на Академијата за графички дизајн со нов модул: Motion Design. Дознај повеќе!
- BRAINSTERPRENEURS – реален проект на Академијата за Full-Stack програмирање
Како дел од програмата на Академијата за Full-Stack програмирање, студентите имаа предизвик да работат на реален проект за реален клиент. Овој проект го работеа како завршен, со што ја комплетираа програмата и ја завршија со одличен успех Академијата. Студентите имаа задача како завршен проект да работат на реалниот проект BRAINSTERPRENEURS. Дознај повеќе!
- Ги издвоивме 7-те книги што треба да ги прочита секој кој сака да ги надгради своите вештини и знаења
Живееме во време кога литературата ни е лесно достапна и многу материјали ни стојат на располагање. А, еден од најефикасните начини за учење и развој на потребните вештини за унапредување на кариерата е да се биде во тек со последните трендови во индустријата и постојано информирање. Во продолжение, 7те книги што треба да ги прочита секој:
- Запознајте ги инструкторите
- Иван Гочев – инструктор на нашата Академија за Data Science
- Христијан Тасевски – инструктор на Академијата за Full-Stack програмирање
- Нови успешни приказни
Ги раскажавме приказните на: Стефан, Дејан, Милош и Елисавета, кои по завршувањето на нашите програми ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!
- Го прогласивме Dream Team-от за претходниот месец
Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.
До следниот месец!
Тимот на Brainster ❤️