Христијан Тасевски е инструктор на нашата Академија за Full-Stack програмирање. Покрај предавањата, своите денови ги поминува и како Full-Stack веб инженер во компанијата IT Labs, каде што е задолжен за развој на веб-апликации. Има долгогодишно искуство во работата со Front-End и Back-End технологии, а особено задоволство му претставува можноста за споделување на целото свое знаење и искуство со студентите коишто ги гледа како идни колеги.

 

Запознајте го Христијан – инструктор на нашата Академија за Full-Stack програмирање

 

Име и презиме: Христијан Тасевски

Академија: Академија за Full-Stack програмирање

Модул: JavaScript

Професија: Web Development Engineer

Искуство: 4 години

Зошто баш Full-Stack програмирање: За да развивам апликации кои автоматизираат процеси и услуги со цел поедноставен и полесен пристап.

Хоби: Опуштање со добра комедија

Омилена книга: Најбогатиот човек на Вавилон – Џорџ С. Клејсон

Омилен цитат: „Life was like a box of chocolates. You never know what you’re gonna get.” – Forrest Gump Movie

Оценка од студентите: 4.86

 

Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!