Размисли за последната веб-страница којашто ти останала во сеќавање и ти оставила добар впечаток. Сега потсети се за причината зошто токму таа страница ти останала во сеќавањето. Дали причината се крие во привлечните слики или пак во информативниот текст кој би ги решил твоите проблеми при корисничкото патување?
Најверојатно не. Многу е поверојатно дека причината за твојата импресионираност од веб-страницата е поради фактот дека си направил нешто брзо и ефикасно. Токму овој процес е работа на UI дизајнерите, па ајде детално да објасниме што всушност претставува UI.
UI дизајнот е процес на создавање интуитивни интерфејси кои ги поврзуваат корисниците со производот или услугата. Целта е корисникот да има непречено и пријатно искуство и при употребата, и во визуелниот изглед на една страница или апликација. Фокусот се става на визуелни допирни точки како копчиња, менија за навигација, икони, типографија итн.
Во продолжение, издвоивме 3 значајни правила коишто треба да ги применува секој UI дизајнер
1. Конзистентен UI дизајн на целата веб-страница
Ќе започнеме со највиталниот елемент на добриот UI дизајн – конзистентноста. Тоа значи дека кога развиваш веб-страница, треба да имаш конзистентни насоки коишто ќе ги следиш за текстовите, типографијата и боите низ целата страница. Запомни дека сé треба да изгледа како поврзана целина и корисникот никогаш не треба да се запраша дали сé уште е на истата веб-страница.
Користи ги боите во твоја корист. Тие можат да им олеснат на корисниците да ги препознаат основните функции на веб-страницата. На пример, копчето “request more information” треба да биде слично на копчето “request a demo” и сл. На овој начин, со едноставно скенирање на веб-страницата корисниците ќе можат полесно да ги извршат саканите активности.
2. Предвидлива навигација на веб-страниците
Корисниците нема да се вратат на веб-страниците што тешко се процесираат. Најдобрите веб-страници го прават корисничкото искуство што е можно поедноставно преку:
Користење на едноставен фонт, лесен за читање;
Структурирање на содржината на лесен, разбирлив начин (избегнување на долги блокови текст);
Намалување на количината на текст на веб-страницата;
Додавање обоени копчиња или линкови за привлекување на внимание кога тоа е потребно;
Обезбедување визуелни сигнали за корисникот.
Идејата овде е да се направи навигацијата на веб-страницата што е можно попредвидлива. Ниеден UX/UI дизајнер не сака да дојде до моментот корисникот да се запраша за што служи одредено копче или линк, или пак каде тие се наоѓаат на веб-страницата.
Tip: Најди начин корисникот да може да ја постигне крајната цел со помалку од 3 кликнувања!
3. Контролата да биде во рацете на корисниците
Заедно со олеснувањето на навигацијата на веб-страницата, корисниците треба да имаат чувство за контрола врз овој процес. Постојат неколку начини за како да се постигне тоа:
Додади главно мени или линкови до најчесто користените страници, за да можат корисниците лесно да ја истражуваат веб-страницата и да чувствуваат дека имаат контрола над своето пребарување;
Олесни го враќањето на претходно посетената страница;
Воведи потврди кои ќе го информираат корисникот кога одредена акција е завршена (како што е создавање лозинка);
Обезбеди ажурирања на статусот на системот во реално време за да спречиш нетрпеливост – додади линеарна лента за напредок при преземање, испорака, обработка итн;
Направи го јасен процесот на разликување кој tab за кое дејство служи со користење препознатливи симболи и јасни етикети;
Овозможи автоматско зачувување за да избегнеш губење на претходната работа доколку корисникот кликне на некое копче по грешка.
Како што можеш да видиш, целта на добриот UI дизајн е да го направи пребарувањето на одредена веб-страница или апликација лесно и пријатно за корисниците. Тие треба да се чувствуваат охрабрени да го истражат производот или услугата и целиот тој процес да помине со леснотија.
Ако креирањето на дигитално искуство што ќе резонира со корисниците ти звучи интересно и предизвикувачки, тогаш нашата Академија за UX/UI дизајн е вистинскиот прв чекор што треба да го преземеш.
Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!