Денес, дигиталниот маркетинг за компаниите е поважен од било кога! Сите познати и успешни бизниси зависат од својата онлајн репутација, својот кредибилитет и поврзување со вистинската публика, на вистинско место и во вистинско време. Едноставно, доколку сакаш да работиш во оваа област, треба да знаеш дека дигиталниот маркетинг е креативна професија која бара да се надминеш себеси. 

Живееме во време кога литературата ни е лесно достапна и многу материјали ни стојат на располагање. А, еден од најефикасните начини за учење и развој на потребните вештини за унапредување на кариерата е да се биде во тек со последните трендови во индустријата и постојано информирање.

Ако сакаш да станеш еден од најдобрите и најкреативните дигитални маркетери, постојано мора да учиш и да ги развиваш своите вештини за да го прошириш своето знаење.

Без разлика дали си ентузијаст кој има страст кон дигитален маркетинг или си професионалец којшто сака да го прошири своето знаење, постојат многу книги кои можеш да ги прочиташ, а се во рамките на твојот интерес.

 

Во продолжение, издвоивме 7 книги кои треба да ги прочита секој маркетинг ентузијаст:

 

 

1. How to Win Friends and Influence People

Доколку имаш желба и те интересира како да се здобиеш со пријатели и наклоност на луѓето, оваа книга е вистински избор за тебе. Моќен водич продаден во милиони примероци, кој има поттикнато илјадници луѓе да го достигнат својот успех на личен и професионален план. Во оваа книга, Дејл Карнеги ја опишува психологијата на успехот и нуди корисни и практични совети и техники за како да стекнеш пријатели на брз и лесен начин, да ја зголемиш твојата популарност, да ги убедиш луѓето да го следат твојот начин на размислување, да придобиеш долгорочни партнерства со клиенти, да станеш подобар говорник и да ги избегнеш недоразбирањата и расправиите во личниот и деловниот живот.

 

 

2. Purple Cow

Што имаат заедничко Apple, Starbucks, Dyson & Pret a Manger? Како тие постигнале спектакуларен раст и развој, оставајќи зад себе многу познати и долгогодишни брендови? Старата теорија на маркетинг миксот 4P која ја користат маркетерите (price, product, place, promotion), повеќе не функционира. Златната доба на рекламирањето заврши. И, време е 4P да се зголеми со уште едно P, а тоа е „Purple Cow“. Оваа книга опишува нешто феноменално, возбудливо и неверојатно, а авторот поттикнува да ставиш „Purple Cow“ во сè што градиш и сè што правиш, за да создадеш нешто навистина забележливо. Тоа е манифест за секој кој сака да помогне да се создадат производи и услуги кои на прво место се вредни за маркетинг.

 

 

3. This is Marketing

Одличните маркетери не ги користат потрошувачите за да го решат проблемот на нивната компанија, тие користат маркетинг за да ги решат проблемите на луѓето! Нивните тактики се потпираат на емпатија, поврзаност и емоционален труд, наместо реклами кои го крадат вниманието и spam пораки. Без разлика каков производ или услуга нудиш, оваа книга ќе ти помогне да го преформулираш начинот на кој тие се презентирани на светот, со цел да се поврзеш на емоционално ниво со луѓето кои го сакаат тоа.

 

 

4. Social Media ROI

Оваа книга е водич за тоа како да внесеш вистинска деловна дисциплина во твојата маркетинг стратегија за социјални медиуми, со цел да ја усогласиш со целите на ниво на целата организација. Ќе научиш за најдобрите практики за креирање на стратегија, како да планираш, да извршуваш, да мериш, анализираш и оптимизираш активности. Без разлика дали работиш во стартап или интернационална компанија, оваа книга ќе ти помогне да ја разбереш секоја инвестиција направена за социјалните медиуми.

 

 

5. Jab, Jab, Jab, Right Hook

Gary Vaynerchuk во оваа книга ќе ти помогне да размислиш како ги позиционираш и како ги продаваш своите производи или услуги на потрошувачите. Тој објаснува како треба постојано да им даваш вредност на потенцијалните клиенти пред да побараш да го купат она што го нудиш. Ќе научиш дека, иако комуникацијата е клучна, контекстот на контентот е поважен од било кога! Не се работи само за развој на висококвалитетна содржина, туку за содржина совршено прилагодена на различни платформи и уреди.

 

 

6. Epic Content Marketing

Еден од водечките светски експерти за контент маркетинг, Joe Pulizzi објаснува како да ги привлечеш потенцијалните клиенти преку создавање на информации и содржини кои тие сакаат да ги читаат. Компаниите повеќе не смеат да си дозволат да креираат просечни содржини за кои клиентите немаат никаков интерес. Оваа книга ќе те води чекор по чекор низ процесот за развивање и креирање на забавни и информативни содржини, кои ќе ги убедат клиентите на некоја акција – без директно да им се посочи тоа.

 

 

7. Blue Ocean Strategy

Оваа книга се базира врз основа на студија на 150 стратешки потези, кои опфаќаат повеќе од 100 години во 30 различни индустрии, и покажува дека трајниот успех не доаѓа од борбата против конкурентите, туку од создавањето на „сини океани“ – неискористени и нови пазарни простори, зрели за раст. „Blue Ocean Strategy“ претставува систематски пристап за да се направи конкуренцијата ирелевантна. Односно, секоја компанија што сака да напредува мора да инвестира во иновации и да создава производи и услуги досега невидени на пазарот. Вистински водич со одлични совети кои ќе можеш да ги искористиш во секоја сфера на твоето работење.

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На оваа Академија учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!