Одличните графички дизајнери имаат една заедничка работа: постојано сакаат да читаат книги и да применуваат нови идеи во пракса.

Живееме во време кога литературата ни е лесно достапна и многу материјали ни стојат на располагање. А, еден од најефикасните начини за учење и развој на потребните вештини за унапредување на кариерата е да се биде во тек со последните трендови во индустријата и постојано информирање.

Ако сакаш да станеш еден од најдобрите и најкреативните графички дизајнери, постојано мора да учиш и да ги развиваш своите вештини за да го прошириш своето знаење.

Без разлика дали си ентузијаст кој има страст кон графички дизајн или си експерт којшто сака да го прошири своето знаење, постојат многу книги кои можеш да ги прочиташ, а се во рамките на твојот интерес.

 

Во продолжение, издвоивме 7 книги кои треба да ги прочита секој графички дизајн ентузијаст:

 


 

Branding: In Five and a Half Steps

Доколку те интересира како најголемите брендови го имаат изградено својот идентитет и сакаш да ги совладаш најкористените практики, „Branding: In Five and a Half Steps” ќе ти биде вистински водич како чекор по чекор да создадеш успешен бренд. Со повеќе од 1.000 живописни илустрации кои ги прикажуваат најуспешните корпоративни идентитети во светот, авторот ги сведува секојдневните брендови до нивните основни компоненти и како навидум суптилните влијанија можат да влијаат на клучните животни одлуки. 

 


 

Designing Brand Identity

Од истражување и анализа до креирање на стратегија на бренд, дизајнирање, лансирање и управување со брендот, оваа книга е прирачник полн со алатки за успешно брендирање и најдобри практики за инспирација. Исполнета со голем број студии на случај кои прикажуваат успешни брендови од светската класа, оваа книга ќе ти даде детален увид на најновите трендови во брендирањето, вклучувајќи ги и социјалните мрежи, мобилните уреди, глобалните пазари, апликациите, видеото и виртуелните брендови.

 


 

How to Be a Graphic Designer without Losing Your Soul

Како да управуваш со креативниот процес? Кој е првиот чекор во успешно толкување на брифот? Како да генерираш идеи кога сè изгледа неповрзано?

Во оваа книга ќе се сретнеш со јасни и концизни одговори и со уште голем спектар на практични совети со филозофски насоки кои ќе ти помогнат да ја започнеш својата кариера. Оваа книга вклучува и инспиративни интервјуа со 10 водечки дизајнери, преку кои е опфатен скоро секој аспект од професијата, со што претставува неопходен водич за секој млад дизајнер.

 


 

Grid Systems in Graphic Design

Оваа книга ќе ти ја долови важноста на grid & raster системот кој им помага на графичките дизајнери во создадавање на добро структурирани и избалансирани дизајни. Станува збор за вистински водич, полн со корисни совети за употребата на овие системи во графичкиот дизајн.

 


 

Design Is Storytelling

Доколку сакаш со своите дизајни да разбудиш емоции, да изградиш емпатија и да поттикнеш акција кај луѓето, оваа книга ќе те води низ совршениот спој на добриот дизајн и доброто раскажување на целата приказна. Презентирајќи десетици алатки и концепти на визуелен начин, наградуваната писателка ќе ти помогне да ја засилиш наративната моќ на својата работа. 

 


 

Why Fonts Matter

Со помош на оваа книга ќе ја разбереш науката зад тоа како фонтовите влијаат на она што луѓето го читаат, како предизвикуваат спомени, асоцијации и искуства во нивната имагинација. Ќе те импресионираат истражувањата дека фонтовите можат да го променат значењето на зборовите, да го променат вкусот на храната, да предизвикаат емотивни реакции и да ги откријат личностите на корисниците.

 


 

Thinking with Type

Во „Thinking with Type”, авторот дава јасни и фокусирани насоки за тоа како буквите, зборовите и параграфите треба да се усогласат, распоредат, подредат и обликуваат. Исполнета со многубројни визуелни примери кои ќе ти покажат како да бидеш инвентивен во системите на типографијата, кои се правилата и како истите да се прекршат. Оваа книга ќе стане твојот нов омилен водич.

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.