За многу компании рекламирањето на Google е главен извор за генерирање на сообраќај, а процесот е комплексен и полн со предизвици.
Но, како ова функционира во пракса? Како може секој дигитален маркетер да биде сигурен дека ќе лансира успешна Google Ads кампања што ќе го привлече вниманието на корисниците и ќе ги претвори во клиенти?
На овие прашања одговор ни даде нашиот инструктор од Академијата за дигитален Маркетинг – Златко Матески, кој работи како User Acquisition Manager во интернационалната компанија за игри BoomBit.
Во продолжение, 10 одговори на најчесто поставуваните прашања:
Кое е минималното препорачано време за времетраење на една реклама, а исто така кој е минималниот буџет?
Препорачано или одредено време за времетраење на кампања нема, сѐ зависи како вашата кампања перформира. Но, би рекол препорачано време за да видите првични точни резултати е 5-10 дена. За 3-5 дена кампањата е во learning phase и во тој период вашата кампања перформира, но не со полн капацитет. Од моментот кога кампањата излегува од learning phase, па во наредните 5 дена вие ја имате вистинската слика на перформанс на вашата кампања.
Доволно време за да може да направите одлука дали кампањата перформира според вашите потреби или треба да се оптимизира. Минималниот буџет секогаш се пресметува врз основа на keyword research. Но, би рекол минималниот буџет да биде пресметан во зависност од просечната цена на кликови за да добиете 10 кликови на ден.
Дали има min/max keyword зборчиња?
За една кампања да може да биде активна, минимум број на зборчиња е 1 (еден збор). Додека пак, за користење на максимум број на зборчиња нема ограничување.
Што се смета за исплатлива и успешна кампања?
Сѐ зависи од крајната цел на кампањата којашто ја водите. Доколку водите кампања за website traffic, тогаш во зависност колкав ви е органскиот сообраќај би требало барем дупло повеќе сообраќај да донесете на вашиот сајт со paid кампања.
Доколку вашата цел е продажба, тогаш врз основа на тоа колку ви е потрошениот буџет за рекламирање и колкава ви е продажбата одредувате ROI и дали сте профитабилни или cost-(revenue from paid sales) = profit/negative profit (ROI+ ili ROI-).
Која е границата за исплатливост (кликови vs. цена)?
Нема одредена граница на исплатливост, секоја индустрија има различна цена по клик и секоја локација на таргетирање има своја цена. Затоа е потребно да се направи добар keyword research и да се види колкав е CPC. Како и колку добро ви е креирана кампањата и колку добро ви е оптимизиран landing page-от каде што носи вашата реклама.
Како да се реши проблемот со unsupported language на Google Ads, доколку се употребува веб-страница на македонски јазик или ако се употребуваат банери со македонски јазик?
Ситуацијата со unsupported language во Македонија и користење на македонски јазик може да биде проблем, кој најчесто се случува кај нови креирани профили за рекламирање на Google. Рекламите може да се активираат и поминат, но треба да се биде упорен и да се пробува со креирање на повторно нова кампања. Постојат опции каде што можеме да го „излажеме“ Google и да ни ги одобри кампањите. Една од опциите е да ставиме language targeting од земји кои поддржуваат кирилица како писмо.
Како е најдобро да се мерат конверзиите? Дали преку analytics goals или преку conversion action? И кога е преку вториот начин, дали е подобро да мери на линк или копче?
Кога зборуваме за Google Ads, а и генерално за paid кампањи, пратењето и мерењето на конверзии најточно е на платформата која ја користиме за рекламирање. Само во тој случај ќе знаеме точно колку имаме paid конверзии, а колку органски конверзии. Додека пак, мерењето најпрецизно го дава кога е на линк или last landing page destination (крајната дестинација на корисникот каде што треба да дојде).
Дали е можно да се направи проверка пред да биде објавена кампањата?
Пред да завршите со креирање на кампањата, последниот screen кој ви се појавува е review каде што можете да ги прегледате сите сетинзи што сте ги поставиле.
Дали во иднина ќе има вакви бесплатни курсеви?
Практика на Brainster е да враќа назад кон заедницата преку организирање на бесплатни вебинари и кратки онлајн курсеви како овој. Благодарение на вашиот интерес, веќе во следниот период ќе бидат организирани вакви настани и од останатите академии, на теми кои верувам ќе ви бидат од интерес. Затоа, следете нѐ редовно на нашите социјални медиуми каде ги објавуваме овие информации.
Дали може да се додаваат нови keywords откако ќе ја направиме кампањата?
Да, вие имате целосна контрола на вашата кампања и во секое време можете да паузирате или да додавате нови зборови.
Кога ќе се потроши буџетот за кампањата што е сетиран, дали автоматски се исклучува кампањата?
Доколку вашата кампања е сетирана со end date во тој случај вашата кампања ќе го потроши буџетот точно на денот кога ке треба да заврши. Но, доколку имате кампања без end date, тоа значи дека кампањата ќе троши онолку колку што вие имате сетирано дневен буџет, сѐ до моментот додека не ја паузирате кампањата.
Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
На оваа Академија учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!