Полето на менаџментот на човечки ресурси постојано се менува. Да се биде во тек со последните информации е од огромно значење за секоја компанија. Па, затоа од исклучителна важност за секој индивидуалец е континуираното надградување и проширување на знаењата.
Живееме во време кога литературата ни е лесно достапна и многу материјали ни стојат на располагање. А, еден од најефикасните начини за учење и развој на потребните вештини за унапредување на кариерата е да се биде во тек со последните трендови во индустријата и постојано информирање.
Без разлика дали си ентузијаст кој има страст кон менаџирање со човечки ресурси или си експерт којшто сака да го прошири своето знаење, постојат многу книги кои можеш да ги прочиташ, а се во рамките на твојот интерес.
Во продолжение, издвоивме 7 книги кои треба да ги прочита секој HR ентузијаст:
1. Work Rules! (Insights from Inside Google That Will Help You Live and Lead)
Што се крие зад феноменалниот успех на Google и зошто го прават тоа што го прават? Во книгата „Work Rules“ имаш можност да дознаеш информации од внатрешноста на Google што ќе го трансформира начинот на којшто живеш и работиш. Laszlo Bock ја споделува својата инсајдерска перспектива за тоа што прави Google поточно и како ти и твојата компанија можете да ги преземете некои од овие победнички идеи. Во ова резиме на работните правила, авторот накратко ги претставува некои од овие идеи поврзани со градење на културата, менаџирање и подобрување на перформансите, вработување, учење и растење, преку примери кои за Google некогаш биле позитивни, а некогаш биле и неуспешни.
2. Bring Your Human to Work
Авторката Erica Keswin докажа дека најуспешните лидери активно формираат квалитетни односи со своите вработени покажувајќи автентичност, отвореност и основна учтивост. Таа ги прикажува клучните практики на повеќето оддели на HR во различни компании и ги преточува во совети што секој бизнис лидер може да ги искористи за да изгради „човечко работно место“. Лекциите во „Bring Your Human to Work“ поттикнуваат правичност, посветеност и радост на работното место. Со ова, можеш да дизајнираш работно место кое е вистинско, усогласено и верно на себе – и едноставно можеш да го промениш светот!
3. Generation Z: A Century in the Making
Ниту една друга генерација во историјата не добила толку покриеност како генерацијата Millennials. Книги, пребарувања на Google, блогови и статии за вести се насекаде за нив. Сепак, Generation Z се всушност сега нашите млади таленти на кои им се посветува релативно малку внимание. Generation Z се најмладите потрошувачи, студенти, колеги, гласачи, вработени итн. За да бидеш во можност подобро да ги рабереш кои се тие и како го гледаат светот, оваа книга во тој случај е must read, може да ти биде од помош за ефективно работење со нив, предавање, надзор и водење.
4. On Reinventing HR
Оваа книга е одлична збирка на статии што ќе ти даде од прва рака информации за размислувањата и реалните промени кои се во тек, причините поради кои се преземаат овие потези и резултатите што ги гледаат корпорациите. Работното место се менува и неговото управување мора да се промени заедно со него, со цел да го обликува работното место на иднината. Овие написи ги преземаат иницијативите и искуствата од комапнии како: Netflix, GE, IBM, P&G, Cigna и Johnson & Johnson – и ги испитуваат, објаснуваат зошто се направени некои активности и како нивните компании се промениле како резултат на истите.
5. HR from the Outside In Six Competencies for the Future of Human Resources
Дали HR може да ja испорача главната вредност на „бизнисот“? Да, може и мора. Оваа книга е исполнета со совети за водење и зајакнување на професионалците за човечки ресурси – и целите оддели. Светот на HR може да донесе придобивки од различен вид за сите во твојата организација. Оваа книга ќе те научи на: 6-те клучни компетенции за човечки ресурси; како да се развијат професионалци за човечки ресурси со високи перформанси; како да се структурира оддел за човечки ресурси што дава максимална вредност; и што е потребно за да останеш конкурентен во постојано-растечкиот свет на професионалци за човечки ресурси.
6. Human Resources Strategies: Balancing Stability and Agility in Times of Digitization (Future of Business and Finance)
Дигитализацијата на бизнисите бара нови форми на лидерство и соработка бидејќи традиционалните стратегии за човечки ресурси ги достигнуваат своите граници. Личната одговорност, вмрежувањето и различноста сѐ повеќе се препознаваат како клучни предуслови за агилност, приспособливост и иновативност. Надоврзувајќи се на ова, ова книга ќе те води низ широк опсег на релевантни теми за човечки ресурси и како тие се споредуваат со новата стратешка ориентација. Се обработуваат сите главни аспекти на управувањето со човечки ресурси, вклучувајќи регрутирање, учење, управување со таленти, наградување, управување со перформанси, корпоративна обука, развој на извршната власт и управување со промени.
7. Belonging at Work: Everyday Actions You Can Take to Cultivate an Inclusive Organization
„Belonging at Work“ е книга посветена на лидерите, агентите за промени, визионерите, HR професионалците и оние што се на пат да им се придружат на овие тимови. Книга исполнета со знаење, вештини и доверба за да се изградат инклузивни организации. Личните приказни, студии на случај и практичните стратегии прикажани во книгата нудат сè што ти е потребно за да ја негуваш културата на работното место каде што сите засегнати страни можат да се појават автентично на работа и да се чувствуваат ценети и почитувани за нивниот придонес.
Уписите за следната група на Full-Stack HR Академија се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!