Полето на проектен и продукт менаџмент постојано се менува, а тоа го прави една од најкомплексните и најинтересните области за работа. Факт е дека сите успешни бизниси зависат од квалитетот на нивните продукти и проекти, па затоа во оваа професија нема простор за луѓе коишто не се иновативни и енергични.
Живееме во време кога литературата ни е лесно достапна и многу материјали ни стојат на располагање. А, еден од најефикасните начини за учење и развој на потребните вештини за унапредување на кариерата е да се биде во тек со последните трендови во индустријата и постојано информирање.
Без разлика дали си ентузијаст кој има страст кон менаџирање со проекти и продукти или си експерт којшто сака да го прошири своето знаење, постојат многу книги кои можеш да ги прочиташ, а се во рамките на твојот интерес.
Во продолжение, издвоивме 7 книги кои треба да ги прочита секој проектен и продукт менаџмент ентузијаст:
1. The ONE Thing
„The ONE Thing“ е книга која ќе те научи како да завршиш повеќе, да изградиш импулс во тимот за да ги постигнете целите и да создадеш помалку стресна работна средина. Исто така, се објаснува дека постои една работа зад секоја успешна личност или организација. Преку разбирање на насоките и советите, ќе имаш можност да постигнеш извонредни резултати и да водиш необичен живот.
2. Risk Up Front: Managing Projects in a Complex World
Во оваа книга, можеш да најдеш многу корисни совети за тоа како навремено да се справиш со ситните проблеми за да спречиш тие да се претворат во сериозни проблеми – вистински водич за управување со ризик!
3. The Velocity Advantage
Со редизајнирање на тимската работа во 21 век, „The Velocity Advantage“ ќе ти помогне тебе и на твојата компанија да постигнете подобри и побрзи резултати со помалку напор и застој. Во оваа книга, ќе се сретнеш со многу корисни совети за тоа како да организираш непречена и конзистентна тимска работа на проектот, да изградиш соодветна вкрстена функционална соработка и да ја зголемиш брзината и ефективноста во твојата компанија.
4. INSPIRED: How to Create Tech Products Customers Love
Како едни од најуспешните технолошки компании на денешницата – Amazon, Google, Facebook, Netflix, Tesla, ги дефинираат, дизајнираат и развиваат производите што ја заслужиле љубовта на милијарди луѓе и корисници ширум светот? Во оваа книга авторот открива многу интересни тајни на развојот на таквите производи кои гарантирано ќе бидат добредојдени и посакувани од потрошувачите на глобално ниво.
5. Making Things Happen: Mastering Project Management
Оваа книга е од значителна корист за проект менаџери во софтверската индустрија. Се заснова на долгогодишното искуство на авторот како проект менаџер за Internet Explorer, Windows и MSN. Не наведува конкретни методи за управување со проекти, туку повеќе се фокусира на филозофијата и стратегијата на доброто управување со проектите. Некои од темите во оваа книга вклучуваат – „Како да не ги нервирате луѓето“, „Како да направите работите да се случат“, „Донесување добри одлуки“ и „Што да направите кога работите ќе тргнат наопаку“.
6. The Lean Startup
Erik Riеs предлага одличен водич за сите кои сакаат да знаат повеќе за принципите на „Lean Startup“ и сакаат да ги применат во развојот на производите. Тој објаснува како да изградиш нов бренд и да останеш иновативен на пазарот, применувајќи го оригиналниот Lean метод, кој се смета за агилен претходник.
7. Doing Agile Right: Transformation Without Chaos
Agile има моќ да ја трансформира работата, но само доколку се спроведе на вистинскиот начин! Во оваа книга се зборува дека со децении деловните лидери се стремеле да создадат брзорастечки и флексибилни претпријатија. Но, нивната секојдневна работа не вродила со плод бидејќи процесите биле бавни, а иновациите застарени. Денес, агилниот метод е доста популарен бидејќи доколку се спроведе вистински може да ја трансформира секоја компанија и да ѝ помогне да застане пред конкуренцијата.
Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!