Одличните UX/UI дизајнери имаат една заедничка работа: постојано сакаат да читаат книги и да применуваат нови идеи во пракса.

Живееме во време кога литературата ни е лесно достапна и многу материјали ни стојат на располагање. А, еден од најефикасните начини за учење и развој на потребните вештини за унапредување на кариерата е да се биде во тек со последните трендови во индустријата и постојано информирање.

Ако сакаш да станеш еден од најдобрите и најкреативните UX/UI дизајнери, постојано мора да учиш и да ги развиваш своите вештини за да го прошириш своето знаење.

Без разлика дали си ентузијаст кој има страст кон UX/UI дизајн или си експерт којшто сака да го прошири своето знаење, постојат многу книги кои можеш да ги прочиташ, а се во рамките на твојот интерес.

 

Во продолжение, издвоивме 7 книги кои треба да ги прочита секој UX/UI ентузијаст:

 

 

1. Work for Money, Design for Love

  • Како да најдеш нови клиенти?

  • Колку треба да наплаќаш за твојата дизајнерска работа?

  • Кога треба да кажеш НЕ на проект?

  • Како треба да се справиш со незгодните клиенти?

Ова се дел од прашањата на кои оваа книга ќе ти даде одговор. Таа е водич полн со совети кои директно ќе ти одговорат на секое прашање што можеш да го имаш или замислиш при започнување и водење на својот бизнис во доменот на дизајн.

 

 

2. Show Your Work

Ако уживаш читајќи кратки и мотивирачки книги „Show Your Work“ е одличниот избор за тебе. Оваа книга е водич за тоа како да престанеш да се чувствуваш несигурно во однос на твојата работа. Таа ќе те мотивира да престанеш да го одолговлекуваш процесот на креирање на твојот дизајн и да излезеш да му го покажеш на светот!

 

 

3. The Design of Everyday Things 

Оваа книга ќе ти покаже дека добриот и употреблив дизајн не е невозможна мисија. „The Design of Everyday Things“ ќе ти го обезбеди главното правило: да го водиш корисникот кон преземање на вистинската акција, со вистинска контрола, во вистинско време. Преку оваа книга ќе дознаеш како и зошто некои производи ги задоволуваат корисниците и нивното искуство, додека други ги фрустрираат.

 

 

4. Hooked: How to Build Habit-Forming Products 

Ако некогаш си се запрашал зошто одредени апликации и алатки ствараат огромна зависност, а други едвај се забележани, оваа книга ќе ти го даде одговорот на тоа прашање. Преку оваа книга ќе навлезеш подлабоко и ќе научиш како да ги обликуваш и предвидиш навиките на клиентите. Ќе ти биде од значителна корист доколку сакаш да дизајнираш дигитален производ или корисничко искуство.

 

 

5. Steal Like an Artist 

Оваа книга ти дава дозвола да ја копираш работата на твоите херои и да ја искористиш како отскочна даска за да го пронајдеш својот сопствен и уникатен стил. Дел од советите кои ги нуди оваа книга се: создади ја вистинската работна средина за твојата уметност, не заборавај да се забавуваш додека работиш и никогаш не дозволувај критиките да те извадат од колосек.

 

 

6. Don’t Make Me Think 

Креирањето на одлична веб-страница не е само технологија или дизајн. Всушност е многу повеќе од тоа бидејќи потребно е да се разбере човечката психологија. Оваа книга ќе ти даде вредни принципи и упатства за дизајнирање на уникатни и корисни веб-страници. Задолжително треба да ја прочита секој кој сака да го разбере однесувањето на луѓето и да изгради вредни производи или услуги.

 

 

7. 100 Things Every Designer Needs to Know About People 

Дизајнирање без разбирање на луѓето и тоа што ги поттикнува на акција е како да истражуваш нов град без мапа: резултатите може да бидат случајни, збунувачки и слаби. Овој водич комбинира вистинска наука и истражувања со практични примери за да ти помогне да дизајнираш поинтуитивна и попривлечна веб-страница или апликација, што ќе им одговара на начинот на кој луѓето размислуваат, работат и делуваат.



Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!