Покрај тоа што е дипломиран инженер по електротехника, Никола Ѓуровски е студент на Академијата за Project & Product Management којшто реши да ги надгради своите вештини во една од најбараните професии на денешницата.

Со голема амбиција и посветеност кон оваа област, Никола за само 2 месеци од почетокот на Академијата, се вработи како проектен менаџер во американската компанија Agile Pro Solutions.

 

Си поразговаравме со Никола за искуството на Академијата и неговото ново работно место

 

Здраво Никола, ние од Академијата за Project & Product Management те познаваме, но што би споделил за останатите? Кој е Никола?

Јас сум дипломиран инженер по електротехника и имам повеќе од 15 години искуство во областа на електроенергетиката. Во слободно време се занимавам со истражување и примена на научно поддржани техники за оптимизирање на секојдневниот живот. Тоа подразбира вклучување навики кои секојдневното функционирање на една личност може од корен да го сменат кон подобро. Сакам природа и сакам да поминувам време надвор. И најважно, се трудам да бидам добар пример за својата 17-годишна ќерка.

 

Пред сѐ, честитки за новото работно место. За само 2 месеци од почетокот на Академијата, стигна до посакуваната работна позиција. Да почнеме од почеток, раскажи ни како ти се роди желбата за Project & Product Management?

Во текот на мојата кариера многупати ми се случувало да водам проекти, но од позиција на неофицијален проектен менаџер и секако без сите елементи што го сочинуваат еден проект. На последното работно место се занимавав со развој на енергетски услуги т.е продукти за нашите клиенти.

Како поинтересна услуга би ја издвоил Електромобилноста со ЕВН, наменета за корисниците на електрични возила. Во сите тие процеси многу ми беше интересна комуникацијата со луѓето на сите нивоа, како и решавањето на проблемите кои се појавуваа при реализација на проектите. 

 

Дел си од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е self-paced, постојано се работи во тимови и треба да изработите многу задачи и студии на случај. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?

Најпрво ги посетив двата промотивни часови, организирани од Brainster, токму за оваа Академија. Кога почнавме со Академијата, првите два модула беа наменети за основите на проектен менаџмент, па колку и да имав искуство со работа на проекти, тука целото мое знаење доби одлична структура. Инструкторот Огнен Трипуноски одлично ни ги претстави сите фази во проектниот циклус и улогите на проектниот менаџер.

Така, на самото интервју за работа веќе знаев што се очекува од мене за конкретната работна позиција и бев одлично подготвен да одговорам на сите прашања упатени кон мене. Дополнително, самите студенти во групата креираат атмосфера која поттикнува и мотивира.

 

Раскажи ни повеќе за твоето кариерно патување. На што најмногу се гордееш со себе?

Кариерата ја започнав веднаш по дипломирањето и моето прво вработување беше во Железара, поточно во сегашно Liberty Steel, каде работев како инженер за одржување. Потоа се вработив во ЕВН Македонија и во текот на 14 години сменив три работни позиции во различни области. На тој начин стекнав огромно искуство и знаења во областа на енергетиката.

Мое најинтересно достигнување со кое особено се гордеам е успешната имплементација на Систем за управување со енергија во ЕВН, верификувано со сертификација со ISO 50001 стандардот.

 

Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата Agile Pro Solutions. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.

Компанијата за која почнав да работам на 17.01.2022 се вика Agile Pro Solutions. Основана е во Флорида, САД и има свое претставништво во Македонија. Компанијата има за цел да ангажира врвни професионалци од нашата земја и да ги понуди нивните услуги на американски компании. Конкретно, моите професионални услуги ги користи компанијата Florida Smart Energy Inc. која се занимава со енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. 

 

Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден?

Мојата работна позиција е проект менаџер за фотоволтаични централи кои се инсталираат на објекти за домување, а во блиска иднина и на комерцијални објекти.

Мојот типичен работен ден во овој период се состои од многу учење на процесите за реализација на проектите и користење на алатките за работа. Почнувам да контактирам и со клиенти и со подизведувачи, како и да реализирам дел од проектните задачи.

 

Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?

Засега, бидејќи сè уште сум onboarding, повеќе сум задолжен за техничкиот дел на проектите, затоа што веќе имам искуство. Понатаму ќе го преземам водењето и на останатите делови од проектите. Користиме повеќе алатки, но мене најинтересни ми се Podio, која ја користиме за управување со задачи со еден од подизведувачите, како и Priority која е CRM & ERP алатка и ја користиме за целосно управување со проектите. Секако тука се и мониторинг системите за следење на квалитетот на фотоволтаичните централи како показател за успешноста на проектот.

 

Каде се гледаш за 5 години во иднина?

Мојата цел е во следните неколку години да соберам што е можно повеќе искуство и знаење во оваа професија и да напредувам до позиција на Project или Product Owner. Доколку случајно не успеам, ете ме повторно кај вас, на некоја од Академиите што ќе бидат актуелни во тој период. 🙂 

 

И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувал сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат Project & Product Management?

Доколку сè уште размислуваат, нека престанат и веднаш нека се запишат во првиот достапен термин. Професијата е одлична за луѓе кои сакаат комуникација и справување со предизвици, а полето за работа не е ограничено само во една или две дејности. Дополнително, хибридниот начин на учење, дозволува секој да си го оптимизира времето и начинот на совладување на материјалот.

 

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.