Во почетокот на новата година, сакаме да ги споделиме најважните 9 моменти што се случија на нашата Академија за Software Testing во 2023 година:
- Запишани повеќе од 250 студенти, оформени 10 групи
Оваа година на Академијата за Software Testing се запишаа повеќе од 250 студенти коишто се одлучија да направат дигитална трансформација и да ги надградат своите знаења и вештини. Студентите напорно работеа и се трудеа навремено да ги завршат сите предизвици и продуктивно да го искористат времето за лансирање на нова кариера! Им посакавме среќа и лесен почеток на студентите од групите 21, 22, 23, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 30 на Академијата за Software Testing.
- Се запознавме со новите студенти на Opening Networking настани и ги доделувавме сертификатите
Во нашите простории се одржаа Opening Networking настани, каде што се запознавме со студентите од новите групи на Академијата за Software Testing. Студентите имаа можност да ги запознаат инструкторите, да дознаат повеќе за програмата и модулите кои ќе се изучуваат, како и да слушнат за искуствата на нашите алумни студенти и нивните успешни приказни! Исто така, ги доделивме и сертификатите на групите кои ја комплетираа програмата.
- Дали знаевте дека Академијата за Software Testing на Brainster е најпопуларната академија во Македонија?
Академијата за Software Testing на Brainster е најпопуларната академија во Македонија. Оваа Академија ја стекна својата репутација како најпопуларен избор за амбициозни софтверски тестери со својата интензивна програма, стручни инструктори, реални проекти, подготвителна програма, дигитална платформа за учење, учење базирано на проекти, поддршка во кариерата и посветен тим за студентско искуство – кои се клучни во обезбедувањето сеопфатно и неспоредливо образовно искуство. Дознај повеќе!
- Посветеноста и трудот секогаш се исплатат!
Ги раскажавме приказните на: Мишо Димитријевски, Александар Христов, Александар Несторовски, Елена Стојановска, Виктор Иваноски, Михајло Арсоски, Александра Ставреска, Филип Јаневски, Христина Младенова, Сања Боцеска, Филип Мицковски, Ивана Андонова, Теодор Петровски, Дорис Старчева Јованова, Билјана Зероска, кои по завршувањето на нашата програма за software testing ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!
- Откриј како е да се биде Software Tester!
Во овaa блог објава, си поразговаравме со Моника Божиноска, Software Testing Engineer со 10 годишно искуство, инструктор на нашата Академија за Software Testing, како и дел од наставниот кадар на Brainster Next College, која ни раскажа како изгледа еден ден во животот на софтвер тестер. Дознај повеќе!
- AirCare хакатон 1 & 2: Платформа за пријавување загадување во Скопје
Вкупно 250 студенти од академиите на Brainster, како и од Brainster Next College, на двата AirCare хакатона ја креираа апликацијата Breathe.mk, за пријавување на загадување на воздухот во Скопје. На двата 48-часовни хакатони во живо, кои воедно важат за најголеми во регионот, во соработка со стартапот Air Care (Мој Воздух) создадоа платформа која во иднина ќе ја користат граѓаните. Апликацијата ќе овозможи следење и пријавување на загадување на воздухот, по што на терен ќе излезат инспекторите за животна средина од Град Скопје. Дознај повеќе како си поминавме на хакатонот и што ни раскажа победничкиот тим!
- Изработка на иновативна едукативна веб-платформа
Динамично, предизвикувачко, возбудливо и полно со адреналин… Ова се зборовите со кои студентите од Brainster академиите и Brainster Next College го опишаа live хакатонот што се случуваше во нашите канцеларии. 140 студенти и инструктори работеа на изработка на едукативна веб-платформа, која на иновативен начин ќе го автоматизира процесот на организирање на настани, слични на хакатоните, за клиентот SCIDEV Albania. Дознај повеќе!
- Хакатон – одлично искуство што ја доловува вистинската динамика на работната средина
Со цел да го подобриме искуството на студентите од Академијата за Software Testing, организиравме хакатон на кој тие имаа можност да ги искористат новостекнатите знаења и вештини, како и да испорачаат решение за 48 часа. На овој Хакатон учествуваа вкупно 26 учесници кои беа поделени во 13 парови, а проектот којшто се тестираше е веб-платформата Brainster Labs. Дознај повеќе!
- 7 работи кои ги научивме од предавањето за Software Testing со Денис
Кои се вештините што ги поседуваат успешните софтвер тестери, како размислуваат и кои методи ги користат? Доколку не успеа да го следиш предавањето со Денис Бојковски – инструктор на Академијата за Software Testing, како и да ги дознаеш одговорите на овие прашања, ти ги пренесуваме седумте најважни работи кои ги научивме на предавањето. Дознај повеќе!
Време е за твојата нова кариера, во новата ера на Software Testing!
Отсега, со Brainster+ зголеми ја твојата предност на пазарот на трудот. Надгради ги твоите вештини преку супериорна програма со сите 9 ФАКТОРИ за вработување, што ги бара индустријата.
Аплицирај на Академијата за Software Testing и добиј го супериорниот едукативен пакет Brainster+