Со интензивното работење на проекти и добрата програма, Академијата ги исполни моите очекувања

Запознај го Александар Христов – алумни од Академијата за Software Testing кој се реши да направи комплетна кариерна трансформација.

Неговата љубопитност и желбата за постојано надградување на вештините, резултираа со почеток на нова кариера на практикантска позиција како Software Tester во компанијата Sorsix.

 

Во продолжение, си поразговаравме со Александар за неговото кариерно патувањe и искуството на Академијата за Software Testing

 

Здраво Александар, ние од Академијата за Software Testing те познаваме, но што би споделил за останатите? 

Здраво! Јас сум Александар Христов, имам 24 години и сум од Скопје, а воедно и поранешен студент на Академијата за Software Testing на Brainster. По професија сум туризмолог и работам со електронска трговија нешто повеќе од 3 години.

 

Пред сѐ, честитки за новото работно место. Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Благодарам! Апсолутно, со интензивното работење на проекти и добро концепциски поставената програма, Академијата ми изгради една добра основа во оваа сфера.

 

Дел си од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е преку работа на реални проекти. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?

Редовноста, постојаната љубопитност и желбата ми ги отворија посакуваните хоризонти.

 

Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата Sorsix. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.

Sorsix е компанија со главно седиште во Австралија, се занимава со здравствени апликации, односно апликации кои го подобруваат електронскиот здравствен систем.

 

Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден?

Дел сум од програмата за практиканти во делот на QA. Денот ни е исполнет со предизвици кои ни се задаваат од страна на менторите.

 

Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?

Пишуваме test cases, bug reports и правиме автоматски тест сценарија.

 

И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувал сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат софтверско тестирање?

Доколку сте решени да направите професионална трансформација и сте подготвени да влезете во ИТ-светот, тогаш Академијата за Software Testing е идеалниот избор.

 

 

Со новата Brainster + Академија за Software Testing за 0 денари ти обезбедуваме дополнителни 20 курса кои ќе те издвојат од конкуренцијата во светот на софтверското тестирање.

Учи академија додека
студираш на факултет

Доделуваме стипендии до 1000€, за зголемување на вработливоста на студентите!