Запознај го Мишо Димитријевски – алумни студент на Академијата за Software Testing, кој ја започна својата кариера на практикантска позиција како Quality Assurance Engineer во компанијата IT Labs.

 

Во продолжение, си поразговаравме со Мишо за неговото кариерно патување

 

Здраво Мишо, ние од Академијата за Software Testing те познаваме, но што би споделил за останатите?

Здраво, јас сум Мишо Димитријевски од Скопје, моментално практикант во IT Labs на позицијата QA Engineer. Во склоп на моето претходно работно искуство, покрај стандардните задолженија имав за задача да пронаоѓам и пропусти во апликациите и истите да ги пријавувам до тимот. Бидејќи сето тоа за мене беше возбудливо и интересно, се одлучив да се запишам на Академија за Software Testing. Слободното време го поминувам во спортски активности и board games со најблиските. 

 

Пред сѐ, честитки за новото работно место. Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања и кој беше твојот најинтересен модул?

Академијата за Software Testing беше едно големо искуство за мене, тука се стекнав со потребните знаења и вештини за мануелно и автоматско тестирање. Сите ментори и асистенти навистина се потрудија да ни го пренесат своето знаење за време на интензивните предавања, а ни беа достапни за консултации и надвор од часовите. Автоматското тестирање беше за мене најинтересен модул, се разбира, откако ги научив основите на програмирање.

 

Беше дел од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е преку работа на реални проекти. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?

Работењето на реални проекти беше секако еден голем плус за мене, со цел да добијам појасна слика за моето следно работно искуство, како и да видам што би се очекувало од мене и јас што да очекувам од оваа професија. Мојата максимална посветеност и професионален пристап кон овие проекти и Академијата во целост, мислам дека ме направија поконкурентен на пазарот.

 

Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата IT Labs. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.

IT Labs е компанијa која нуди cutting edge и иновативни проекти за работа. Основана е во 2005 година во Лос Анџелес, Калифорнија и има канцеларии ширум светот. За да се воспостави баланс помеѓу работата и социјалниот живот, тука се настаните и забавите организирани од нив, каде што до израз доаѓа дружељубивоста и учтивоста на сите вработени.

 

Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден?

Како софтвер тестер, денот го започнувам со daily meeting, каде што заедно со целиот development team прецизираме што точно ќе работиме тој ден и што сме сработиле претходниот. Имаме и други состаноци и консултации во текот на денот, а работните задачи дел ги работиме во тим, а дел индивидуално.

 

Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?

Како дел од development team-от вклучен сум уште од најраната фаза на продуктот, а тоа значи да се биде проактивен со фокус на user experience и функционалноста на самата апликација. Моментално работам на use case diagram за потребите на новата апликација која ја развиваме, како и на business requirements document од кој ќе произлезат, за почеток мануелни test cases, а потоа и автоматизирани. Со помош на алатките обезбедени од компанијата имам целосна покриеност кое ми дава самодоверба и сигурност дека клиентот е задоволен и неговите очекувања се надминати.

 

И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувал сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат софтверско тестирање?

Доколку развивањето на апликации од иднината е ваш предизвик, имате креативен ум и eye for detail тогаш Software Testing е правиот избор за вас.

 

Доколку сакаш да си дел од Software Testing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2023 година, дознај повеќе за Академијата тука.

На Академијата за Software Testing учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.