Практичното искуство и знаењата кои ги стекнав на Академијата беа од клучно значење за мојата кариера

Запознај го Александар Несторовски – наш алумни студент кој се реши да направи комплетна кариерна трансформација и да навлезе во ИТ-светот преку Академијата за Software Testing.

Неговата посветеност и напорна работа резултираа со почеток на нова кариера како Junior Quality Assurance Engineer во компанијата Unlimited Coders.

Практичното искуство и знаењата кои ги стекнав на Академијата беа од клучно значење за успешното вклучување во индустријата на софтверското тестирање. Бев подготвен да се справам со реалните предизвици и да придонесам за успешно совладување на проектите во мојата нова работна средина. Соработката со разни членови на тимот, како развивачи, дизајнери и менаџери на проекти беше одлично за мојата способност да комуницирам и да се адаптирам во работната средина“, ни сподели тој.

 

Во продолжение, си поразговаравме со Александар за неговото кариерно патувањe и искуството на Академијата за Software Testing

 

Здраво Александар, ние од Академијата за Software Testing те познаваме, но што би споделил за останатите? 

Здраво! Јас сум Александар и сум од Битола. Подолг период се интересирав за ИТ- светот. И плус потребата за излез од комфорната зона доведе до одлуката да станам студент на Академијата за Software Testing на Brainster. Сега сум на позицијата Junior QA Engineer во компанијата Unlimited Coders.

 

Пред сѐ, честитки за новото работно место. Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Би сакал да кажам дека сум исклучително благодарен на Академијата за Software Testing и Brainster за шансата да се образовам и развивам во областа на софтверското тестирање. Процесот на учење беше инспиративен и предизвикувачки, и ми овозможи да стекнам знаења и вештини кои сега ги сметам за критични за успешна кариера во ИТ-индустријата.

 

Дел си од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е преку работа на реални проекти. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?

Секој успех и достигнување зависи од нас самите. Тоа што беше потребно да го направам е само да одлучам дали јас се гледам себеси како дел од оваа индустрија. Секогаш има предизвици без разлика со што се занимаваме, така беше и во текот на Академијата, но со многу труд и напорна работа сите предизвици може да совладаат.

Практичното искуство и знаењата кои ги стекнав на Академијата беа од клучно значење во успешното вклучување во индустријата на софтверско тестирање. Бев подготвен да се справам со реалните предизвици и да придонесам за успешно совладување на проектите во мојата нова работна средина. Соработката со разни членови на тимот, како развивачи, дизајнери и менаџери на проекти беше одлично за мојата способност да комуницирам и да се адаптирам во работната средина.

 

Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата Unlimited Coders. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.

Unlimited Coders е брзорастечка ИТ-компанија, лоцирана во Битола. На пазарот се веќе 7 години. Покрај Битола имаат канцеларии во Скопје, Лондон, Амстердам и Детроит. Работиме на различни проекти вклучувајќи AI технологија, развој на мобилни и веб апликации и одржување, дизајн, CRM, тестирање на хардверски решенија и консултантски услуги. Благодарение на Agile методологијата и одличниот тим успеваме да сме конкурентни на IT пазарот.

 

И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувал сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат софтверско тестирање?

„Сетете се, вашата кариера е како патување, и секој чекор напред, колку и да е мал, ве носи поблиску кон вашата цел. Верувајте во себе и работете упорно, и нема ништо што не можете да го постигнете.“

 

 

Со новата Brainster + Академија за Software Testing за 0 денари ти обезбедуваме дополнителни 20 курса кои ќе те издвојат од конкуренцијата во светот на софтверското тестирање.



Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.