Запознај ја Елена Стојановска – алумни студент на Академијата за Software Testing, која се одлучи да направи комплетна кариерна трансформација и да навлезе во дигиталниот свет.
По комплетирањето на програмата, таа ја започна својата кариера како Software Tester во Quipu, ИТ-компанија која е дел од групацијата на ПроКредит.
Во продолжение, си поразговаравме со Елена за нејзиното искуство
Здраво Елена, ние од Академијата за Software Testing те познаваме, но што би споделила за останатите?
Здраво! Јас сум Елена Стојановска и тукушто ја завршив Академијата за Software Testing. Како дипломиран социјален работник, и голем филантроп, најмногу сакам да сум опкружена со луѓе, и секогаш расположена да помогнам онаму кајшто е потребно. Но, исто така отсекогаш сум сакала да навлезам и во дигиталниот свет.
Пред сѐ, честитки за новото работно место. Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?
Благодарам за честитките! Академијата за Software Testing, не само што ги исполни, туку и ги надмина моите очекувања. Голема благодарност до целиот тим од инструктори и мојот драг асистент, кои ми го направија патот до целта вистинско уживање.
Беше дел од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е преку работа на реални проекти. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?
Знаењата и вештините кои ги стекнав на Академијата, а и можноста истите да ги употребам преку работа на реални проекти, сметам дека ми ја дадоа потребната самодоверба, иницијално искуство и сосема ме подготвија за новото работно место.
Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата Quipu. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.
Quipu е посветена ИТ-компанија и е дел од групацијата на ПроКредит. Обезбедува сеопфатни софтверски решенија за сите институции на ПроКредит, како и за други банки и финансиски институции.
Која е твојата работна позиција и кои би биле твоите работни задачи?
Мојата работна позиција е Software Tester и ќе работам мануелно тестирање со користење SQL.
И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувала сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат софтверско тестирање?
Ви благодарам. Би ги советувала да не се двоумат воопшто! Кариерната промена е можна, изводлива, и дури препорачлива без оглед на возраста. Колку повеќе предизвици си поставуваме, толку повеќе го согледуваме нашиот потенцијал, растеме, созреваме и се надградуваме, а со сето тоа стануваме и подобри верзии на самите нас!
Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!
На Академијата за Software Testing учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!