Запознај ја Христина Младенова – алумни студент на Академијата за Software Testing, а од неодамна и дел од инструкторскиот тим на Brainster како асистент на Академијата за Software Testing.

Како дел од тимот имам можност своите знаење и вештини да ги споделам со студентите, да ги бодрам и мотивирам да истражуваат што е можно повеќе за самата материја и константно да го надградуваат своето знаење“, ни сподели таа.

 

Во оваа блог објава, си поразговаравме со Христина за нејзиното искуство

 

Здраво, здраво, ние од Академијата за Software Testing те познаваме, но што би споделила за останатите? 

Здраво, јас сум Христина Младенова од Скопје, дипломиран моден дизајнер и софтвер тестер. Од неодамна и дел од тимот на Brainster како асистент на Aкадемијата за Software Testing.

 

Пред сѐ, честитки за новото работно место. Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Ви благодарам многу на честитките. Академијата не само што ги исполни моите очекувања, туку и ги надмина истите. Самата посветеност и професионалност на инструкторите и асистентот, но и константниот фидбек од нивна страна ме доведоа на нивото на коешто сум сега. Бескрајно сум благодарна на можноста да работам на реални проекти кои ги нуди самата Академија, бидејќи ми помогнаа побрзо да ја започнам мојата кариера како софтверски тестер.

 

Беше дел од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е преку работа на реални проекти. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?

Целокупниот процес на самата Академија, како и работата на реални проекти ме мотивираше да продолжам да истражувам нови техники, алатки и да стекнувам нови вештини. Според мене патот до било каков успех, зависи од самите нас. Дисциплината, упорноста, љубопитноста и самата посветеност, секогаш резултираат во успех.

 

По завршување на Академијата, започна да работиш кај нас во Brainster. Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден?

Мојата работна позиција е асистент на Академијата за Software Testing, мојот работен ден опфаќа континуирана комуникација со студентите, активности на самото предавање и прегледување на домашни задачи и проекти.

 

Какво е чувството да бидеш дел од инструкторскиот тим на Brainster и постојано да работиш на пренесување на знаењето со цел да се подобри искуството на студентите?

За мене преставува голема чест и задоволство да сум дел од инструкторскиот тим на Brainster. Како дел од тимот имам можност своите знаења и вештини да ги споделам со студентите, да ги бодрам и мотивирам да истражуваат што е можно повеќе за самата материја и константно да го надградуваат своето знаење. Многу се радувам на можноста да ги охрабрам, креативноста и знаењето да ги применат во пракса, но,сепак, најважен од сè ми е односот кон студентите. Со заедничката тимска работа, побрзо се поминуваат пречките и проблемите при самото учење и секогаш се стремам студентите да имаат константен фидбек за својот труд.

 

Што подразбира опсегот на твоите задолженија?

Воспоставување на комуникација со студентите и фидбек, со кои полесно ќе ги надминат препреките при учењето. Едни од моите задолженија се следење на процесот и прогресот на студентите за време на предавање во текот на целата Академија. Исто така, учествувам во креирање на самото предавање, подготовка на вежби, презентации за некоја алатка, креирање на домашни задачи и прегледување на истите, презентација на спецификација, итн.

 

И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувалa сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат софтверско тестирање?

Ви благодарам за убавите зборови и одвоеното време. Би ги охрабрила сите што размислуваат за промена на кариерата, да го сторат тоа, но, сепак, да се свесни за трудот и дисциплината што треба да ја вложат во самиот процес. Да направат истражување, да си помогнат при изборот на соодветната Академија и секогаш да веруваат во себе и во самиот процес.



Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за Software Testing учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

Аплицирањето за ваучер заврши!