Запознај ја Билјана Зероска – алумни студент од Академијата за Software Testing којa се одлучи да направи кариерна трансформација во полето на Software Testing.

По комплетирање на програмата, тaa ја започна својата кариера како Freelance Software Tester преку платформата uTest.

 

Во продолжение, си поразговаравме со Билјана за нејзиното кариерно патување

 

Здраво Билјана, ние од Академијата за Software Testing те познаваме, но што би споделила за останатите? 

Здраво, јас сум Билјана Зероска, оние што ме знаат би потврдиле дека сум одговорна и вредна личност, тимски играч, со ентузијазам за константно учење и надградување. Со околу 14 години работно искуство во продажба каде што се следи ерата на дигиталната трансформација, со поддршката од моите најблиски, мојот кариерен пат продолжува во областа на Software Testing. Моето мото е „Сѐ е промена, не за да не бидеш веќе нешто, туку да станеш она што сѐ уште не си“ – Епиктет. 

 

Пред сѐ, честитки за почетокот на твојата Software Testing кариера. Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Благодарам, Академијата за Software Testing ми помогна да се стекнам со потребните знаења и со материјали кои се концизни и јасни, подготвени од страна на менторите, како и вештини кои ги добив преку можноста да работам на реални проекти како и учеството на хакатонот. За мене најинтересен модул беше мануелното тестирање и API testing. И да, Академијата ги исполни моите очекувања во целост, ми помогна да се вратам назад во моите факултетски денови каде што беа стекнати моите први знаења и информации за IT индустријата, но дигиталната трансформација за целиот овој период воопшто не стагнирала. 

 

Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е платформата uTest. Сподели ни повеќе информации за оваа платформа.

Кон крајот на Академијата, подготвена со знаење, техники и вештини стекнати преку работата на реални проекти, започна мојата потрага каде сето тоа да го применам, што поскоро. По одредени истражувања одлучив за почеток да станам дел од uTest тимот како freelance софтвер тестер, а се работи за најголемата заедница за софтвер тестери во светот. Компанијата е Applause, основана во 2007 година со локација во Framingham, Massachusetts, United States. Сметам дека тоа е одлично место каде што може да го надградам моето портфолио со искуство кое ќе ми биде потребно за понатамошните предизвици.

 

Како изгледа еден твој работен  ден? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?

Еден мој работен ден започнува со проверување на електронска пошта и утринско кафе. Потоа почнува реализација на Test Cycles, преку нив ги добиваме поканите да се приклучиме кон тестирање на проектите. Најчесто правам Exploratory Testing на апликации или веб страници, со test case-ови или без, Bug verification, како и тестирање на функционалноста на самата апликација.

 

И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувала сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат софтверско тестирање?

Доколку имате амбиции и желба за надградба, имате креативен ум, око за детали, сега е времето да започнете да размислувате за промена на кариерата и учење на софтверско тестирање, а Академијата за Software Testing на Brainster е одлично место за почеток.



Доколку сакаш да си дел од Software Testing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2023 година, дознај повеќе за Академијата тука.

На Академијата за Software Testing учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!