Запознај ја Сања Боцеска – алумни студент на Академијата за Software Testing, која се одлучи да направи комплетна кариерна трансформација и веднаш по нејзиното комплетирање на програмата се вработи како System Engineer во CaSys.

Дополнително, од неодамна е и дел од инструкторскиот тим на Brainster како асистент на Академијата за Software Testing.

 

Во оваа блог објава, си поразговаравме со Сања за нејзиното искуство

 

Здраво, здраво, ние од Академијата за Software Testing те познаваме, но што би споделила за останатите? 

Јас сум Сања, во месец мај ја завршив Академијата за Software Testing. Моето претходно работно искуство е во образование како наставник по математика, меѓутоа имав потреба да направам промена и да си го надградам моето знаење. IT индустријата се развива многу и дава можност за постојана надградба, но со моето дотогашно образование беше тешко да влезам во тој свет, па затоа се одлучив за Brainster.

 

Пред сѐ, честитки за новото работно место. Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Академијата нуди учење преку пракса, во превод, секоја задача кон студентите е реален проблем од реален проект. Секој модул си има своја тежина, но и цел заради која се изучува. Сите инструктори и асистенти на Академијата оставија посебен печат кај секој од нас како студенти. Покрај знаењето и искуствата што ни ги пренесоа ни покажаа како треба да се однесуваат едни професионалци во областа. Тука нема да ги изоставам ни моите колеги од ГРУПА 15, ние сме доказ дека соработката меѓу колегите е многу важна. Мотивирачки си делувавме меѓу себе и си дававме, и си даваме голема поддршка. Можам да кажам дека се создадоа пријателства за цел живот.

 

Дел си од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е преку работа на реални проекти. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?

Со оглед на тоа што претходно воопшто немав искуство со IT, Академијата дава многу добра основа. Сѐ што научив на Академијата ми помага да ја разберам проблематиката на моето ново работно место. Работата во тимови на Академијата го развива тимскиот дух. Работата на реални проекти пак соодветно те приближува кон тоа што те чека после Академијата и одговарањето кон секаков вид предизвици. 

 

Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата CaSys. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.

CaSys е Интернационален картичен систем и единствен сертифициран процесор од страна на Mastercard, Visa и Diners Club Internacional. 

 

Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден?

Моето работно место е инженер на систем, во одделот за авторизација и дигитални канали на плаќање. Со задоволство ќе кажам дека со самото тоа што ја прифатив оваа позиција донесов одлука да продолжам да учам и да влегувам во еден целосно нов свет како што е обработката на трансакции. Моментално, во текот на мојот работен ден читам од документацијата која е навистина детална, но и обемна. Извршувам тестови кои ми помагаат во учењето и добивам слика за процесот. Имам голема поддршка од поискусните колеги кои се тука за мене и ми помагаат во процесот на учење.

 

Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?

Па, како што кажав сѐ уште учам, но едвај го чекам денот кога ќе можам да им помогнам на моите колеги во секојдневнта работа.

 

Дополнително, си асистент и на Академијата за софтвер тестинг. Какво е чувството да бидеш дел од инструкторскиот тим на Brainster и постојано да работиш на пренесување на знаењето со цел да се подобри искуството на студентите?

Голема чест е да се биде дел од тимот на Brainster. Добро е тоа што сѐ повеќе луѓето добиваат храброст да направат чекор кон промени во својата кариера. Јас успеав во тоа и добро е што имам шанса да им помогнам и на другите да успеат во тоа што си го замислиле. Како поранешен студент сѐ уште ми се свежи предизвиците со кои се соочуваат студентите, па мислам дека гледајќи од оваа преспектива, како асистент, ќе можам да делувам во подобрувањето на нивното искуство. Исто така, тоа што сега имам поинаква соработка со инструкторите повторно ќе ми помогне и во мојот личен развој и среќна сум што ќе продолжам да учам од нив.

 

И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувала сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат софтверско тестирање?

Ви благодарам! Оние кои размислуваат да ја променат својата кариера би ги охрабрила и секако им го предлагам Brainster. Сите кои веќе се студенти на некоја од академиите би ги советувала сериозно да пристапуваат до секоја задача и да ги прифаќаат сите предизвици. Да комуницираат меѓусебно во групите, да си разменуваат искуства, па дури и да се спријателат меѓусебно. Не успеал само оној што не пробал!

 

Доколку сакаш да си дел од Software Testing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата тука.

На Академијата за Software Testing учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!