Хакатон – одлично искуство што ја доловува вистинската динамика на работната средина

Студентите на Академијата за Software Testing, постојано работат на реални проекти и учествуваат на Хакатони преку кои имаат можност да ги искористат новостекнатите знаења и вештини, како и да испорачаат решение за 48 часа.

На овој Хакатон учествуваа вкупно 26 учесници кои беа поделени во 13 парови. Работејќи под притисок, тимски, пријателски се натпреваруваа помеѓу себе, а со тоа имаа можност да бидат дел од едно возбудливо и ново искуство.

Проектот којшто се работеше на овој Хакатон е BRAINSTERLABS – веб платформа на која ќе бидат поставени сите изработени проекти од студентите од Академијата за Full-Stack програмирањеАкадемијата за Front-End програмирањеАкадемијата за дигитален маркетинг и Академијата за графички дизајн. 

 

Во продолжение прочитајте што ни раскажа Михајло од победничкиот пар за целиот процес на работа и атмосферата на Хакатонот

 

 

Здраво дечки, честитки на вашето победничко решение. Ние на Академијата за Software Testing ве познаваме, но што би споделиле за останатите?

Здраво, јас сум Михајло Арсоски од Скопје. Професионален кошаркар и студент на Aкадемијата за Software Testing. Уште од мал ме интересирала IT сферата и секогаш сум бил љубопитен да научам нешто повеќе околу тој свет, па така се одлучив на овој чекор за да се запишам во Brainster.

 

Како се одвиваше целиот процес на работа? 

Целиот работен процес се одвиваше на структуриран начин. Започнавме со темелно разбирање на барањата и целите. Потоа, спроведовме опширно истражување и анализа за да осмислиме ефективна стратегија за тестирање. Во текот на целиот хакатон имавме одлична комуникација и  соработка којашто на крај ни го донесе овој резултат.

 

Кои беа барањата на клиентот?

Барањето ни беше да ја истестираме веб-страницата на Brainster Labs проектот коишто го имаат изработено нашите колеги од академиите за маркетинг, дизајн и програмирање.

 

Со кои предизвици се соочивте?

Еден од главните предизвици беше зададеното кратко време во коешто требаше да испишеме голем број тест кејсови и баг репорти, но од друга страна едно преубаво искуство и доживување.

 

Што сѐ беше потребно за вашата финална презентација да биде победничко решение?

Како што споменав, клучно за успехот беше големата желба и посветеност кај мене и колешката, како и одличната комуникација и соработка. Јасна и опширна документација во која ги опфативме сите багови и проблеми истестирани на повеќе платформи.

 

Какво беше вашето искуство од овој хакатон? Што најмногу ви остави впечаток?

Едно одлично искуство коешто ја доловува вистинската динамика кое ќе ни биде потребно во иднина за работа во некоја IT компанија. Најмногу впечаток ни остави желбата и енергијата што ја покажаа сите учесници на овој хакатон.

 

И за крај, најважната лекција што ја научивте на Академијата за Software Testing?

Критичната улога што ја игра тестирањето во обезбедувањето на квалитетен и стабилен софтвер.

 

 

Во продолжение, менторите на овој Хакатон ни го споделија своето искуство

Катерина: „Team work makes the dream work“ – уште еден доказ дека заедно во тим, студентите можат да достигнат многу повеќе, посебно ако се фокусираат на целта и се организираат меѓу себе. Иако рокот за испорака на сите репорти беше многу краток, сите тимови успеаа да креираат детални репорти и ги совладаа препреките, а на нас менторите тоа дополнително ни ја отежни работата, за да го избереме најдобриот тим – бидејќи сите беа одлични и нијанси беа во прашање.

Драган: Хакатонот беше извонреден настан кој ги надмина очекувањата и успешно ги постигна своите цели. Ние како ментори дадовме насоки, охрабрувајќи ги учесниците да се истакнат во нивните вештини. Нивото на соработка во тимовите беше извонредно, што доведе до одлични резултати, поттикнувајќи енергична атмосфера во тимовите. Хакатонот даде неспоредливи можности за учење преку сесии предводени од ментори, овозможувајќи им на учесниците да го прошират своето знаење и експертиза. Финалните презентации оставија траен впечаток, инспирирајќи ги другите и потенцирајќи ја посветеноста на учесниците. Настанот постави нов репер за хакатоните за софтвер тестинг.

 

Доколку сакаш да си дел од Software Testing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата тука.

На Академијата за Software Testing учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!



Related Stories For You


AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI, за 25€ месечно!