Откриј кои се вештините што ги поседуваат успешните софтвер тестери, како размислуваат, кои методи ги користат и какво влијание имаат меките вештини врз нивниот успех во праксата. 

Софтвер тестирањето е клучно во развивање софтвер, што помага во процесот на градење доверливи и квалитетени софтверски решенија.

Денис Бојковски е Senior Test Automation Engineer со повеќе од 8 години искуство во областа, а воедно и инструктор на Академијата за Software Testing.

 

Во продолжение, најважните работи кои ги научивме на предавањето:

 

1. Основи на софтверско тестирање

Мораме да бидеме свесни дека за да се биде квалитетен професионалец во полето на софтверско тестирање потребно е да се поседува солидна основа врз која ќе се надградуваме. Од голема важност е свесноста за постоењето основните концепти во софтверското тестирање. Од уште поголема важност е способноста да се идентификуваат основните концепти на тестирање и да се препознае одреден јаз во нивното познавање, доколку постои.

 

2. Што е софтверско тестирање?

Тестирањето на софтверот е процес на пронаоѓање на грешки во развиениот производ. Исто така, проверува дали вистинските резултати се совпаѓаат со очекуваните резултати, како и помага во идентификацијата на дефекти, барања што недостасуваат или јазови.

 

3. Error, Bug & Defect

Error е грешка направена од програмер при кодирање. Bug е грешка откриена во развојната средина за време на фазата на тестирање. Defect е неусогласеност помеѓу очекуваниот и вистинкиот резултат од развојот на софтверот откриен од развивач на софтвер или краен клиент во продукциска средина.

 

4. Важноста на софтверско тестирање

Организациите треба да се фокусираат на тестирање на апликациите и да ги поправаат грешките што ги открива тестирањето, пред да го објават производот. Кога тимот ги решава проблемите пред производот да стигне до клиентот, квалитетот на испорачаниот производ се зголемува.

 

5. Типови на тестирање 

Функционалното тестирање ја потврдува секоја функција на апликацијата или софтверот. Тестерот ја потврдува функционалноста со одреден сет на барања. Значи, изворниот код на софтвер или апликација не игра голема улога во овој случај. Тестирањето на однесувањето на софтверот е главната грижа.

Нефункционалното тестирање ги зема предвид параметрите како што се доверливост, употребливост и перформанси на продуктот. Нефункционален тест може да биде проверка колку корисници можат да се логираат на системот во исто време.

 

6. Како се одвива процесот на софтверско тестирање?

Preparation: Откако ќе знаете што треба да направите, треба да ја изградите основата за тестирање. Ова вклучува подготовка на околината за тестирање, собирање тест-случаи, истражување на карактеристиките на производот и тест-случаи. Тука треба да се одберат алатки и техники за тестирање и запознавање со нив.

Execution: Ова е моментот кога всушност правите тестови на производот. Вие извршувате тест-случаи и ги собирате резултатите. Потоа ги споредувате резултатите со очекуваниот резултат и гледате дали производот работи како што се очекува или не. Ги забележувате сите успешни и неуспешни тестови и тест-случаи.

Reporting: Ова е последната фаза од тестирањето на софтверот каде што треба да ги документирате сите ваши наоди и да ги доставите до засегнатиот персонал. Неуспесите во тест-случајот се од најголем интерес овде. Треба да се спомене правилно и јасно објаснување за извршените тестови и резултатите.

 

7. Што е Scrum?

Scrum е итеративен, растечки агилен модел каде тестерите работат во вкрстено функционални и самоорганизирани тимови за да испорачаат висококвалитетен софтвер. За разлика од традиционалните развојни методологии, тимовите работат во пократки временски услови, познати како спринтови.

 

Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за Software Testing учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

 

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.