Во актуелната понуда на едукативни програми во нашата земја, Академијата за Software Testing на Brainster се издвојува како најпопуларен и сигурен избор за аспиративните софтвер тестери кои бараат квалитетно образование и соодветна обука за успешно да ги започнат своите кариери во ИТ-индустријата.
Денес, три години по лансирањето, на Академијата за Software Testing има дури 754 запишани студенти, односно полни 28 групи. Тоа се 754 индивидуалци кои веруваат во вредностите што ги нуди Brainster, чиј приоритет е создавање на квалитетно образование за вработување.
Доказ за тоа се и успешните приказни на нашите студенти, кои по завршувањето или за време на Академијата, ги започнуваат своите кариери од соништата.
Оваа Академија ја стекна својата репутација како најпопуларен избор за амбициозни софтверски тестери со својата интензивна програма, стручни инструктори, реални проекти, подготвителна програма, дигитална платформа за учење, учење базирано на проекти, поддршка во кариерата и посветен тим за студентско искуство – кои се клучни во обезбедувањето сеопфатно и неспоредливо образовно искуство.
Студентите на Brainster, не се само сертифицирани софтвер тестери, тие ги имаат совладано најрелевантните вештини на 21-от век. Тие се добро подготвени за индустријата и опремени да напредуваат во динамичниот свет на тестирање на софтвер.
Во оваа блог објава, ќе дознаеме зошто Brainster Академијата за Software Testing стана првиот избор оние кои се стремат да станат идни софтвер тестери.

- Совладување на релевантните вештини преку интензивна програма
Академијата за Software Testing нуди интензивна програма која е дизајнирана да ги опреми студентите со знаења и вештини неопходни за да започнат и да напредуваат во индустријата на софтверското тестирање. Оваа програма е дизајнирана да им помогне на сите оние без претходно искуство, кои сакаат да навлезат во ИТ-светот и да направат кариерна трансформација.
- Инструктори – докажани експерти од индустријата
Тимот на инструктори на Brainster го сочинуваат професионалци кои посветено го пренесуваат своето знаење и долгогодишно искуство од индустријата. Студентите совладуваат нови вештини учејќи директно од нив, добиваат персонализиран фидбек и постојана поддршка во процесот на учење. Ова ја издвојува Академијата за Software Testing на Brainster и гарантира дека студентите добиваат највисок квалитет на образование.

- Учење преку работа на реални проекти за реални клиенти
Една од истакнатите карактеристики на оваа Академија е нејзината посветеност на практичното учење. Иако теоретското знаење е од суштинско значење, Brainster оди подалеку, обезбедувајќи им на студентите да работат на реални проекти за реални клиенти. Овие проекти не се симулации, туку тие вклучуваат апликативни решенија и градење на продукти за партнерски компании. Ова практично искуство им овозможува на студентите да стекнат вредни сознанија за деловните предизвици и проблеми од реалниот свет. Уште поважно, ги подготвува да се справат со слични предизвици во своите идни кариери.
- Тим посветен на успехот и на позитивното искуство на студентите
Клучен аспект на Академијата за Software Testing е нејзината посветеност да обезбеди сопфатна поддршка за студентите. Тимовите на Student Success и Student Experience играат главна улога во создавањето на позитивна средина за учење. Тие тесно соработуваат со инструкторите и студентите, со цел да креираат персонализирани планови за учење, да го мерат задоволството, да го следат напредокот и да го прослават успехот на студентите. Тимот е познат по тоа што е пријателски и пристапен, но професионален, обезбедувајќи дека студентите се чувствуваат поддржани и охрабрени на секој чекор од нивното академско патување.

- Програма за вработување
Brainster ја разбира важноста дека студентите не само што ќе ги совладаат најрелевантните техники и вештини, туку и потребата за вработување по завршување на нивната обука. За да се олесни овој процес, тимот на партнерства ги предложува и поврзува најталентираните студенти со партнерските компании за вработување. Дополнително, Brainster тимот е составен од над 70 вработени, чија заедничка мисија е да го подобрат студентското искуството и задоволство. Студентите имаат поддршка во секое време, насоки и менторство, осигурувајќи се дека се добро подготвени за нивното кариерно патување.
- Подготвителна програма за успешен почеток
На Академијата за Software Testing се запишуваат студенти со различни позадини и претходни познавања на материјата. За да се осигураме дека ќе се премости овој јаз и секој студент е добро подготвен, Академијата за Software Testing нуди подготвителна програма. Оваа програма им помага на студентите да ги добијат основните знаења и терминологии. Истражувањата покажаа дека учеството на оваа подготвителна програма ги зголемува шансите за успех на учесниците и за полесно совладување на целата Академија. Таа служи како силна основа врз која студентите можат да ја градат својата експертиза за тестирање на софтвер.

- Дигитална платформа за учење и флексибилност
Во денешната дигитална ера, пристапот до материјалите за учење е од клучно значење за сите нас. Brainster Академиите нудат најсовремена платформа за дигитално учење која ги консолидира сите суштински ресурси на едно место. Преку оваа платформа студентите имаат пристап до сите онлајн предавања, ги вклучува снимените предавања, тука се прикачуваат материјалите и ресурсите за учење, па дури и се следи студентскиот успех и напредок. Студентите можат да пристапат до овие ресурси во секое време, што ја прави погодна и за оние со зафатен распоред.
Што ни раскажаа студентите за своето искуство на Академијата за Software Testing
„После осум години работа во авијација се одлучив за кариерна трансформација и мило ми е што таа промена ја започнав на Академијата за Software Testing на Brainster“, ни сподели Виктор Иваноски – алумни студент од Академијата за Software Testing, кој ја започна својата кариера како софтвер тестер во компанијата Pabau.

Сања Боцеска, која се вработи како System Engineer во CaSys, вели: „Со оглед на тоа што претходно воопшто немав искуство во ИТ-секторот, Академијата дава многу добра основа. Сѐ што научив на Академијата ми помага да ја разберам проблематиката на моето ново работно место“.

„Покрај одлично спроведените часови од страна на инструкторите, морам да кажам дека мене најмногу ми помогнаа домашните задачи и времето што го вложив во учење и повторување на материјалот надвор од часовите“, ни раскажа Михајло Арсоски – алумни на Академијата за Software Testing, кој започна да работи на практикантска позиција како софтвер тестер во Technoperia.

Филип Јаневски, кој започна да работи како Quality Assurance Engineer во компанијата WeDrive, ни раскажа дека: „Работењето на реални проекти и хакатони придонесe да ги совладаме стравовите од практична работа и ни даде можност да видиме како би изгледал еден наш работен ден како тестер“.

„Академијата за Software Testing е одлична можност за секој што сака да биде дел од ИТ-светот и да остави свој белег во една од најбараните индустрии во моментов“, вели Филип Мицковски, кој направи комплетна кариерна трансформација и ја започна својата кариера во компанијата Nebb Group како Software Testing практикант.

Дорис Старчева Јованова ја започна својата кариера преку платформата uTest, како Freelance Software Tester и ни откри дека: „На Академијата, покрај основите, научив и доста напредни технологии. Инструкторите и асистентите навистина беа во секој чекор со мене и моите колеги, подготвени да помогнат ако нешто не е јасно или доколку се појават некакви потешкотии.“

Ова се само мал дел од студентите кои, благодарение на иновативните образовни програми на Brainster, направија кариерна трансформација, квалификувајќи се за една од најбараните професии во ИТ-индустријата – Software Testing.
Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!
На Академијата за Software Testing учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!
