Hello March! 🌷
Како што се приближуваат новите почетоци на Академиите, тимот на Brainster со голема нетрпеливост и возбуда чека да ги запознае новите студенти кои сакаат да направат кариерна трансформација и да ги надградат своите вештини.
Новостите од месец февруари се однесуваат на: лансирањето на новата Brainster Академија за лидерство и менаџмент, реалните проекти на кои работеа напорно нашите студенти, трендовите што ќе ја одбележат 2023 година и многуте кариерни трансформации.
- Лансиравме нова Brainster Академија
Денес, секоја организација често се соочува со низа предизвици и промени во своето опкружување. Промените често знаат многу негативно да влијаат на организациите, па за да го избегнат истото, тие мора да се прилагодат. Со таа цел, Brainster реши да го збогати своето портфолио со уште една иновативна Академија – Executive Academy for Leadership & Management. Дознај повеќе!
- Академија за дигитален маркетинг – Завршен проект: Дента ЕС
Со цел да ја комплетираат програмата на Академијата за дигитален маркетинг, студентите имаа предизвик да креираат маркетинг стратегии за клиентот Denta ES. Во оваа блог објава, ќе ја запознаете Катерина Павлова – студент на Академијата за дигитален маркетинг чија маркетинг стратегија го зема победничкото место по презентацијата пред клиентот. Дознај повеќе!
- Победничко решение од Академијата за Project & Product менаџмент за фестивалот When in Krusevo
Студентите од Академијата за Project & Product менаџмент работеа на реален проект за реален клиент и креираа одлични решенија. Тие имаа задача да направат подготовка на проект за развивање на мобилна апликација за фестивалот When in Krusevo. Дознај повеќе!
- Креативно UX/UI решение за Донирај Компјутер
Студентите од Академијата за UX/UI дизајн имаа нов предизвик каде што ги употребија сите новостекнати знаења и вештини од предавањата. Нивната задача беше да направат редизајн за веб страницата на Донирај Компјутер – Борче Стаменов и да ги презентираат своите финални решенија пред клиентот. Дознај повеќе!
- Победничките решенија на Ангела и Слободан за постер дизајн на Bellina
Студентите од Академијата за графички дизајн имаа задача да креираат постер дизајни за органските продукти на Bellinka. Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победнички решенија беа избрани токму оние на Ангела Милеска и Слободан Трчков. Дознај повеќе!
- Победничкото решение на Теодора за Motion Design на Bellina
Студентите на Академијата за графички дизајн постојано работат на реални проекти за реални клиенти кои стануваат дел од нивното портфолио. Еден од предизвиците со кој тие се соочија беше изработката на Motion Design за клиентот Bellina. Дознај повеќе!
- Победничкото решение на Андријана за постер дизајн на Bellina
На модулот „Постер дизајн“ под менторство на инструкторот Иван Дургутовски, студентите имаа задача да го покажат целото стекнато знаење од предавањата, да работат на реален проект за реален клиент и да направат постер – дизајн за Bellina. Дознај повеќе!
- 6 совети за креирање на дизајни за социјални мрежи
Социјалните медиуми се високо-конкурентен простор и има многу содржини што се споделуваат секој ден. Создавањето привлечни дизајни за социјалните медиуми е од суштинско значење за бизнисите и поединците кои сакаат да ја зголемат својата видливост на овие платформи. Дознај повеќе!
- Зошто теоријата на бои е клучна во креирањето на ефективен графички дизајн
Разбирањето на теоријата на бои е од клучно значење за секој графички дизајнер. Без разлика дали станува збор за дизајнирање на лого, веб-страница или маркетинг кампања, дизајните треба секогаш да ја пренесуваат вистинската порака до вистинската публика. Дознај повеќе!
- Навлези подлабоко во светот на UX/UI дизајн
Дизајнот на корисничко искуство (UX) и дизајнот на кориснички интерфејс (UI) се две тесно поврзани полиња кои често се користат наизменично. Сепак, тие меѓусебно се разликуваат. Прочитај повеќе на темите:
- Разлики помеѓу UX и UI дизајн
- Важноста на UX/UI дизајнот за мобилните уреди
- 8 професии кои се соодветни за кариерна промена во UX/UI дизајн
- 8 клучни елементи за правилен UX/UI mindset
- Запознај го тимот на Brainster
Го создадовме блог серијалот „We are Brainster“ за да ви ги претставиме членовите на нашиот тим кои постојано се грижат за поквалитетна едукација и подобро искуството на студентите. Дознај повеќе што ни раскажаа:
- Антонио Јованоски – Student Experience Specialist од Student Experience тимот на Brainster
- Милена Станишковска – Hiring Partnership Coordinator во Partnerships тимот на Brainster
- Стручни блог објави со Татјана Поп Јанева – менаџер на човечки ресурси во Brainster
Татјана Поп Јанева е менаџер на секторот за човечки ресурси во Brainster, а воедно и HR професионалец со долгогодишно искуство, која ни го сподели своето размислување на темите:
- Слаби перформанси на вработените – причини и чекори за управување
- Поддржувајте ја благосостојбата на вработените
- Меките вештини во ерата на вештачката интелигенција
- Влијанието на комуникацијата на работните места
- Студентите од Академијата на графички дизајн во посета на печатница ПроПоинт
Со цел да го подобриме искуството на студентите на Академијата за графички дизајн, организиравме посета на печатница. Заедно со Небојша Гелевски Бане и Ана Тодoровска – инструктори на нашата Академија, студентите имаа можност да ја посетат печатницата ПроПоинт и да се запознаат со нејзиниот начин на работа.
- Нови успешни приказни
Ги раскажавме приказните на: Дејан Михајловски, Драгана Новоселска, Мишо Димитријевски, кои по завршувањето на нашите програми ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!
- Го прогласивме Dream Team-от за претходниот месец
Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.
До следниот месец!
Тимот на Brainster ❤️