Татјана Поп Јанева е менаџер на секторот за човечки ресурси во Brainster, а воедно и HR професионалец со долгогодишно искуство како консултант во оваа област. За себе ни раскажа дека ужива во работата со луѓе и можноста да му помогне на секој вработен да го оствари својот потенцијал.

Прочитајте ја нејзината колумна којашто беше објавена на порталот 24HR, на тема „Благосостојба на вработените – Зголемете ја нивната среќа“.

 

Компаниите се повеќе се потпираат на бенефиции како што се флексибилно работно време, часови по јога, добро здравствено осигурување … итн. со цел да се зајакне благосостојбата на вработените. Со воведување на такви бонуси, работодавците се чувствуваат безбедни дека нивните вработени стекнуваат подобра рамнотежа помеѓу работата и животот и се чувствуваат попозитивно во однос на своите работни места и работната средина.

И покрај сите скапи бенефиции и активности што ги планираат и обезбедуваат компаниите, вработените сè уште се под стрес на работните места, а ова и те како има негативно влијание врз нивното ментално и физичко здравје.

Често се претпоставува дека исцрпеноста поврзана со работата е предизвикана само од прекумерна работа, и честопати на вработените им се препорачува да одморат, земат слободен ден, па дури и боледување, занемарувајки ги вистинските фактори кои придонесуваат за исцрпеност на вработените.

Кога вработените се чувствуваат мотивирани, поддржани, инспирирани, нивната работа е значително помалку стресна. Со други зборови, не е само бројот на часови што ги поминуваат на работа; повеќе е како тие се менаџираат и како ја доживуваат работата за време на работните часови.

Еве неколку фактори кои придонесуваат за исцрпеноста на вработените:

  • Нелојален третман на работа
  • Неодржлив обем на работа
  • Нејасна комуникација
  • Стил на лидерство
  • Недостаток на поддршка од менаџерот
  • Неразумен временски притисок
  • Намалена социјална поддршка
  • Не доволна мотивација

 

Благосостојбата на вработените може да придонесе за:

1. Зголемена продуктивност: Благосостојбата на вработените ја подобрува продуктивноста и перформансите.

2. Ги зближува тимовите: Кога тимовите се вклучуваат во иницијативи било надвор од или внатре во работната организација, тие имаат заедничка цел што гради пријателство.

3. Повисок морал на вработените: Вработените се чувствуваат покомпетентни и ценети кога нивните потреби се исполнети на сите нивоа.

4. Провлекување на квалитетен кадар: Кога компанијата има добра репутација на пазарот како работодавач кој ја почитува и поддржува рамнотежата помеѓу работата и животот, поверојатно е да привлече квалификувани кандидати и да ги задржи постојните вработени на подолг период.

 

Поддржувајте ја благосостојбата на работното место, градете и одржувајте култура што ги прави вработените да се чувствуваат безбедно, место каде што ќе се чувствуваат како во втор дом. Кога е добро испланирана и ефикасно спроведена стратегијата за благосостојба на вработените, ќе придонесе за помала исцрпеност на вработените, помало отсуство од работа и напуштање на работното место, како и повисока стапка на продуктивност и ангажираност.

 

 

Доколку сакаш да си дел од HR заедницата и да бидеш промената што сакаш да ја видиш во светот, тогаш нема подобро време од сега!

Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!