Секој нов вработен студент е нова причина за славење

Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.
Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.
Во оваа блог објава од серијалот We are Brainster, ќе ја запознаете Милена Станишковска – Hiring Partnership Coordinator во Partnerships тимот на Brainster.
„Според статистиките, луѓето менуваат околу 12 работни места во текот на својот работен век. Не сметам дека сите треба да исполниме одредена квота, но верувам дека не треба да се плашиме кога станува збор за промена на работно место и професија. Овој пат никогаш не е лесен, но ја имам таа чест да им помогнам на луѓето да дојдат до својата дестинација.“ – ни сподели Милена
Дознајте што тaa имаше да ни сподели околу тоа како ѝ поминува работниот ден, што ja прави исполнетa и што ja мотивира, но и како Brainster ѝ помага да се оствари на сите полиња.
Здраво Милена, можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?
Мојата позиција во Partnerships тимот ја чувствувам како последниот „вагон“ во „кариерниот воз“ на Brainster. Студентите стекнуваат знаења, вештини, поминуваат низ сите процеси за на крајот да започнат нова кариера.
Мојата задача како Hiring Partnership Coordinator е да ги водам низ процесот, да им понудам кариерни опции за да дојдат до финалната цел, вработување. Освен што сум посветена на студентите, одржувам и постојана врска со нашите партнери за вработување и наоѓам нови.
Да се избере нова професија не значи само да се најде поразлична работа од претходната. Ова е промена која менува животи и навистина е возбудливо да се биде дел од овој процес. Затоа секој нов вработен студент е нова причина за славење. Не гледаме бројки, туку луѓе.
Како изгледа еден типичен ден во животот на Hiring Partnership Coordinator?
Денот ми почнува со кафе и чај. Не сакав да се одлучам за едно од нив, па затоа одам со нивна комбинација. Работните обврски ми се распределени во календарот, така што скоро секогаш знам што ме очекува наредниот ден.
По проверка на мејловите и тимските состаноци си оставам време за „сорсање“ односно барање на работни позиции кои ги испраќам до студентите. Глобализацијата уште одамна ни има посочено дека треба да излеземе надвор од границите, па токму тоа и го правам, барам работни позиции насекаде, кои би биле соодветни за студентите на Brainster академиите.
Потоа следуваат состаноци со нашите партнери. Внимателно дискутираме за нивните потреби и барања, со цел да им ги понудиме најдобрите и најсоодветните студенти за позицијата. Спојувањето на студентите и партнерите се мојот приоритет и најголемиот фокус на работа.
Што е она што те исполнува и како го поминуваш твоето слободно време?
Животот го гледам како една голема авантура со многу предизвици. Затоа преферирам често да патувам, да запознавам нови луѓе и традиции. Не сакам да сум класичен турист, затоа секогаш сум настроена да дознаам некоја нова „мудрост“ од секое место, којашто ќе ми користи во животот. Бидејќи работата тоа ми го овозможува, без проблем го земам својот лаптоп и работам од различни локации.
Кога не сум надвор од Македонија, викендите сакам да ги поминувам во природа низ нашата прекрасна земја. Планини, водопади, ливади и карпи, секое место кое ќе ми донесе мир и енергија да ја започнам наредната недела.
Затоа што активност само за викенд не ми е доволна, во текот на неделата одам на функционални тренинзи, кои се одлични не само за телото туку и ако сакате да исфрлите негативна енергија. По таков напорен тренинг, сакам да изгледам по некоја епизода од серија, филм во кино или пак да прочитам дел од книга.
Од твоја перспектива, колку придобивките кои ги нуди Brainster ти помагаат во балансирање на приватниот и професионалниот живот?
Brainster е моето прво работно место коешто нема ограничени денови за одмор. Кога нема ѕидови, лесно е да излезеш надвор од кутијата. Не ја чувствувам таа аксиозност за планирање и пребројување денови во календарот, а во исто време мојата продуктивност расте затоа што може да си направам „refresh“ под свои услови.
Бидејќи најважни ни се резултатите, флексибилноста исто така е на високо ниво. Можам да работам од каде сакам без притисок и чувство на „missing out“ доколку не сум во канцеларија.
За крај, што би ни кажалa за Brainster како компанија и начинот на кој ти дава поддршка?
Како личност која најмногу си ја цени слободата, Brainster е вистинското место за мене. Можноста да растеш и да се развиваш под свои услови е навистина прекрасна.
Секој е првично менаџер сам на себе, одговорен за своите обврски, а „отворените врати“ овозможуваат да побараме совет од било кој од колегите без разлика на позицијата.
Brainster е место за креативни луѓе кои не се плашат да го искажат своето мислење. Место каде можете да бидете свои и да бидете дел од победничкиот тим.
Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.
Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.