Во денешно време, секоја организација без разлика на нејзината големина или пак индустријата во која работи и делува, често се соочува со низа предизвици и промени во своето опкружување. 

Глобализацијата, технолошкиот напредок и зголемената конкуренција ги трансформираат бизнис културите и начинот на нивната работа, создавајќи нови можности, но и нови предизвици и ризици.

Промените често знаат многу негативно да влијаат на организациите, па за да го избегнат истото, тие мора да се прилагодат. Само оние коишто знаат да ги искористат промените во своја полза, преживуваат и напредуваат.

Со таа цел, Brainster реши да го збогати своето портфолио со уште една иновативна Академија – Executive Academy for Leadership & Management.

 

 

  • Што е Executive Academy for Leadership & Management?

Ова е единствената ваква Академија на нашиот пазар, каде што преку интензивна програма фокусирана на разбирање и совладување на најважните лидерски и менаџерски концепти, техники и методологии на највисокото концептуално и стратешко ниво, учесниците ќе се подготват да водат и менаџираат тимови/сектори и организации на начин кој носи мерливи резултати. Истата е создадена со поддршка на Increasing Market Employability – IME и Embassy of Switzerland in North Macedonia, а програмата ќе биде целосно на англиски јазик со инструкторски тим од докажани интернационални експерти.  

„По 7 години постоење и нудење на образовни програми фокусирани на преквалификација во најатрактивните професии во ИТ индустријата, увидовме можност за програма која ќе им носи вредност на професионалците кои имаат потенцијал да одат на следното ниво, односно од добри оперативци преку соодветна доквалификација да станат лидери и менаџери. Дополнително, истата ќе нуди вредност и за сите оние што тековно работат или имаат амбиција да работат во областа на лидерството и менаџментот“ – Стефан Смиљаноски, Chief Marketing Officer во Brainster

Преку внимателно дизајнирана наставна програма која има за цел директно да се обрати на предизвиците и прашањата на денешните модерни организации, учесниците на Академијата ќе можат да стекнат солидна основа во методите и принципите на лидерството и менаџментот, а исто така да развијат и агилност, иновативност и долгорочен фокус – клучните елементи за успех во денешниот динамичен и постојано променлив бизнис свет.

Практичните можности за примена на овие вештини во сценарија од реалниот свет се важен аспект на нашата наставна програма. Преку студии на случај, работа на проекти, симулации и други активности, поединците ќе можат да ги применат новостекнатите знања и вештини во пракса, стекнувајќи драгоцено искуство низ сложени и предизвикувачки ситуации.

Овој практичен пристап им овозможува на учесниците да ја развијат својата самодоверба, лидерските вештини, како способност да донесуваат ефективни одлуки под притисок.

 

  • За кој е наменeта оваа Академија?

Имајќи предвид дека лидерските и менаџерските вештини се од суштинско значење за успехот на организациите денес, нашата Executive Academy for Leadership & Management е креирана да им помогне на професионалците од сите сфери да ја унапредат својата кариера и да ги постигнат своите професионални цели.

Оваа Академија е најсоодветна за:

  • Докажани професионалци (идни менаџери) кои треба да го направат првиот чекор во полето на менаџмент и лидерските вештини;
  • Претприемачи и основачи на стартапи (вклучувајќи млади лица и жени претприемачи/професионалци) кои имаат идеи за потенцијални продукти и бизниси;
  • Менаџери на високо и средно ниво кои постојано се соочуваат со промени кои влијаат на нивните организации;

 

Executive Academy for Leadership & Management на истите ќе им обезбеди сеопфатна обука во времетраење од 8 месеци составена од 8 модули, од кои 4 се фокусирани на техничките вештини, додека останатите 4 се наменети за развивање на меките (човечки) вештини.

 

  • Каква вредност нуди оваа Академија?

Со успешно комплетирање на програмата и совладување на најрелевантните методологии и техники, учесниците ќе се здобијат со вештини со кои ќе можат:

  • Да ја адаптираат својата организација за дигиталната ера;
  • Да навигираат низ непредвидливите пазарни промени;
  • Да развијат mindset за раст и постојано подобрување;
  • Да иновираат и подобруваат низ експериментирање и анализа на податоци;
  • Да разберат како изгледа организација каде што луѓето се на прво место;
  • Да ги приоретизираат ставките што носат вредност наместо волуменот на активности;
  • Да ги координираат финансиските со организационите цели;
  • Да го мерат повратокот на инвестирањето во маркетинг и да идентификуваат можности за раст;
  • Да ја мерат и подобро да ја предвидат ефективноста на алоцираните ресурси.

 

Покрај сеопфатната наставна програма, академијата ќе понуди дополнителна вредност, односно низа ресурси и услуги за поддршка на учесниците. Ова вклучува подготвителна програма, online платформа за учење, student success тим, двојна сертификација, совети за кариера, можности за менторство и пристап до мрежа на алумни и други професионалци.

Executive Academy for Leadership & Management е одлична инвестиција за организациите, менаџерите, претприемачите и искусните професионалци кои сакаат да ги развијат своите лидерски и менаџерски вештини и да постигнат значаен кариерен раст и развој без разлика на идните пазарните околности кои ги носи иднината.



Доколку сакаш да си дел од Leadership & Management заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за програмата тука.

Закажи информативен разговор со нашиот Student Admission Team за повеќе детали за Академијата.