Победничко решение за постер дизајн на Bellina

Како дел од програмата на Академијата за графички дизајн предвидена е изработка на неколку реални проекти за реални клиенти, коишто го красат професионалното портфолио на студентите.
На модулот „Постер дизајн“ под менторство на инструкторот Иван Дургутовски, тие имаа задача да го покажат целото стекнато знаење од предавањата, да работат на реален проект за реален клиент и да направат постер – дизајн за Bellina.
Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Андријана Трајкова.
Во продолжение си поразговаравме со Андријана од Академијата за графички дизајн за искуството на овој реален проект
Здраво Андријана! Ти си дел од студентите кои покажаа одлични перформанси и кои изработија многу интересни и креативни проекти. Најпрво, сподели ни нешто за себе.
Јас сум Андријана, студент на Педагошкиот Факултет во Битола на смерот за англиски јазик и книжевност и студент на Академијата за графички дизајн.
Зошто се одлучи баш за графички дизајн? Како си поминуваш на Академијата?
Отсекогаш сакав да креирам, дизајнирам и визуелно да ги искажувам моите чувства, но не го изведував тоа многу вешто со рака. Така одлучив да дадам шанса на креативноста во дигиталниот свет. Да се обидам сѐ она што не можев рачно да го направам, да го креирам со помош на софтверите, и така се пронајдов себеси во сферата на графичкиот дизајн. Кога започнав на Академијата немав никакво познавање на софтверите, ја имав само креативноста и желбата да научам, со цел да започнам кариера како графички дизајнер. Искуството и знаењето што го стекнав во текот на Академијата благодарение на инструкторите коишто несебично ни помагаа и нѐ учеа е неизмерно.
Беше дел од едно незаборавно искуство каде што имаше задача да испорачаш едно креативно решение за клиентот Белина. Раскажи ни повеќе за овој проект.
Белина беше првиот реален клиент на којшто работев, па поради тоа и возбудата беше огромна. Целото знаење што го стекнав во текот на Академијата до модулот Постер дизајн требаше да го искористам и да дизајнирам постер за органските производи коишто ги продава Белина. Предизвикот беше огромен, никогаш не би верувала дека можам со искуство од само неколку месеци да дизајнирам постер којшто ќе биде и победничко решение.
Која беше идејата зад проектот и целта што требаше да се постигне?
Секогаш кога започнувам со зададен проект, најпрво се ставам во позицијата на оние за коишто треба да креирам, па замислувам каков дизајн би сакала да видам јас за тој производ како дел од таа таргет група, и потоа започнувам со brainstorming. Целта и идејата на проектот беше да се дизајнираат постери коишто ќе бидат доста впечатливи и ќе ги рекламираат новите продукти кои ги дистрибуира Белина. Работев на два вида органски продукти Dragon SuperFood и BabyBio, и одлучив да дизајнирам концепт дизајн, т.е. темплејт којшто може да се прилагоди за секаков вид на производи. Постерите имаат контрасни бои што го привлекуваат вниманието на минувачот, и производот е центриран со цел да го задржи фокусот.
Како се одвиваше целата соработка и кои беа барањата од страна на клиентот?
Од страна на клиентот барањето беше да се направи дизајн на постер за дадени производи, а за сѐ останато имавме огромна слобода. Во текот на дизајнирањето и на целиот процес бевме во постојан контакт со инструкторот Иван Дургутовски, па целата соработка и процесот на работа се одвиваа одлично. Инструкторот ме водеше низ целиот процес, ми даваше критики и ми помагаше несебично, сѐ додека не го добив финалното решение од кое и двајцата бевме задоволни.
Како успеа да се соочиш со предизвиците, притисокот од рокови, а притоа да креираш едно вакво интересно решение?
Иако на почеток сѐ ми изгледаше невозможно, немав самодоверба и имав страв дека нема да успеам, со постојана работа и труд, без откажување, иако имав многу неуспешни обиди успеав да го дизајнирам мојот прв постер. Кога дознав дека моето решение е победничко сфатив дека ништо не е невозможно иако така делува, само со постојана работа се постигнуваат позитивни резултати, дури и во многу краток период!
За крај, како работата на реални проекти влијае врз вашите знаења и вештини?
Работата на реални проекти е од голема важност за нас како почетници бидејќи стекнуваме оргомно искуство за понатамошната работа како графички дизајнери. Благодарение на Бреинстер и Белина, после постерот имав можност да работам и на други проекти за Белина, како social media постови и сториња, брошура, каде што се стекнав со уште поголемо искуство, знаење и вештини. Со реалните проекти увидуваме до каде сме стигнале со нашето знаење, но и се мотивираме уште повеќе да работиме на нас за уште подобри наредни решенија.
Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!