Тимскиот дух кој владее во компанијата те стимулира да го вадиш најдоброто од себе

Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.
Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.
Во оваа блог објава од серијалот We are Brainster, ќе го запознаете Антонио Јованоски, Student Experience Specialist од Student Experience тимот на Brainster.
Антонио е апсолвент на Факултетот за психологија, кој паралелно студира и филозофија. Од април започнува со едукација на Академијата за Project and Product Management. Има широк спектар на интереси, од идеи и размислувања кои навлегуваат во самата суштина на човекот и неговото манифестирање, до дел од новите струи и текови во tech и бизнис светот.
Дознајте што тој имаше да ни сподели околу тоа како му поминува работниот ден, што го прави исполнет и што го мотивира, но и како Brainster му помага да се оствари на сите полиња.
Здраво Антонио, можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?
Позицијата има две специјалности, односно е насочена на два аспекти на студентите во Академиите, а тоа е грижата за искуството и успешноста на самите студенти. Поконкретно, јас сум одговорен за студентите од Академијата за Software Testing.
Да се има човек кој ти е достапен од оваа работна позиција е доста голем бенефит при текот на студирањето. Истиот го следи целиот твој образовен процес, тука е да те алармира кога во одредени аспекти потфрлаш, те потсетува и ти ја укажува важноста за константна мотивација и посветеност при процесот на едукација, со цел да имаш успешен образовен процес и да се стекнеш со вештини и способности од полето на интерес. Секако ова е само дел од работната позиција.
Друг дел е работењето на проекти и иницијативи коишто се насочени за подобрување на искуството и процесот на учење на студентите. Тој е креативниот дел од работата, каде базирано на анализи околу потребите на студентите, а и самиот процес на учење, се носат хипотези и идеи како да се оптимизира самиот образовен процес со цел студентите да излезат со најголемо можно знаење и на крај да бидат вработливи студенти. Секако, ова немаше да биде возможно без тимскиот дух кој владее во компанијата и кој те стимулира секогаш да го вадиш најдоброто од себе.
Поради тоа што работната позиција најдиректно е поврзана со студентите, би си зел за право да дадам совет на сегашните и идните студенти. Tech полето е доста динамично и напредува од ден за ден. За да се биде во тек со најновите алатки и технологии, а и за подобро да се разберат истите, потребно е фундаментално и теоретски да се разбере полето што сте го избрале за студирање. За тоа да е возможно, потребно е учењето да ви стане навика која ја практикувате секојдневно, љубопитноста да ја држите близу пикот, а истражувањето да ви биде главна алатка.
Како изгледа еден типичен ден во животот на Student Experience Specialist?
Секој ден горе-долу е доста различен и е своја приказна за себе. Тоа е и убавината во работата на оваа работна позиција. Скоро секој ден започнува со дефинирање на приоритетните задачи за тој ден и што сѐ треба да завршам во истиот ден.
Настрана од секојдневните оперативни работи (како комуникација со студентите, проверка дали сѐ тече во најдобар можен ред на Академијата и слично), голем дел од тоа како изгледа денот зависи и од среднорочните цели на тимот.
Најчесто календарот е полн со најразлични блокови за работа кои бараат фундаментално различни работи од тебе. Некогаш се губиш себеси во deep-work каде истражуваш, генерираш нови идеи, бараш солуции на одредени проблеми, а некогаш најголем дел од денот ти поминува во комуникација со студенти, што навистина го вади максимумот од тебе.
Како најчесто го поминуваш времето надвор од работа? Кои се твоите хобија?
Исто како и времето на работа, така и времето надвор од работа ми е доста разиграно и неунифицирано. Воглавно активностите би ги поделил на два аспекти: социјални и персонални.
За да се чувствувам исполнето и блажено, како што и се чувствувам во најголем дел од времето, потребно ми е настрана од работниот аспект, да ми се исполнети и овие два.
Обожавам, но и доста ми е развиена потребата да поминувам време со луѓе. Исто, поминувањето време со луѓе потребно ми е да биде во најразлични контексти и да вклучува различни активности.
За лично време го сметам времето кое го поминувам во активности кои ме вклучуваат само мене. Без тој аспект не би бил доволно одморен, не би имал средени мисли и чувства и не би ја имал енергијата што скоро секогаш е на високо ниво. Иако најголем дел активности не се директно поврзани со тоа, сепак посредно влијаат на истото.
Сето погоре наведено, олицетворено во конкретни активности или хобија би било во форма на журкање, поминување доста време со пријателите, играње тенис, возење точак (кој исто така ми е главно превозно средство и многу ретко сум без него), аматерско фотографирање, готвење и информирање, читање и гледање на контент од актуелните интереси.
Од твоја перспектива, колку придобивките кои ги нуди Brainster ти помагаат во балансирање на приватниот и професионалниот живот?
Пред сѐ, можам да гарантирам дека ниту еден ден откако сум вработен во Brainster не ми поминал со стрес којшто е индуциран од самата компанија, односно од тоа како работите функционираат во компанијата. За мене најголема придобивка е флексибилното работно време, затоа што, барем засега, не сум човекот што може во 09:00 да се појави на работно место, без прво да си ја истера утринската рутина.
Можноста да се разбудам наспан и утрото да ми започне по свое темпо ми се овозможени од придобивките што ги дава самата компанија, а истото има влијание на моето задоволство и уште побитно од сѐ, на мојот инпут што го давам во работата.
Друг начин преку кој ми се овозможува балансирање на приватниот и професионалниот живот е можноста за неограничено слободни денови. Немам грижа дали би пропушил некаков настан, патување, било каков договор со пријателите, или пак да си го дадам одморот што ми треба, затоа што баш тој ден сум на работа. Навистина не можам да доловам колку е важно да се нема тој притисок.
Како дополнителна придобивка што не смеам да пропуштам да ја спомнам е можноста да се работи со толку прекрасни и забавни луѓе, коишто вршат препозитивен импакт не само на професионално, туку и на лично поле.
За крај, што би ни кажал за Brainster како компанија и начинот на кој ти дава поддршка?
Уште од првиот ден кога се појавив на работа го согледав потенцијалниот импакт кој може компанијата да го има врз мене како личност. Со самото тоа на кој начин функционираат интерните процеси, и на кое ниво се истите, доколку си човек којшто е насочен на созревање и надградување на своите вештини и способности, невозможно е да не започне растот со самата изложеност.
Поконкретно, одговорноста што ја носиме на самите работни позиции е еден огромен бенефит преку кој се станува свесен околу кои способности и вештини ти се добра страна и сакаш да работиш на подобрување на истите. Најголемата поддршка е тоа што самата компанија служи како твоја платформа за учење и лично надградување, освен само како место за работа. Неколку начини за остварување на тоа се можностите за запишување на некоја од Академиите или 1-on-1 coaching сесии со тим лидерите.
Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.
Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.