Последниот предизвик со којшто се соочија студентите на Академијата за Project & Product Management беше работата на реален проект за реален клиент.
Нивната задача беше подготовка на проект за развивање на мобилна апликација за фестивалот When in Krusevo, со цел полесна логистичка организација на фестивалот.
Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на тимот составен од членовите: Благој Ѓорѓиев, Борче Коруновски, Маја Аџи-Андова и Христина Василевска.
За задоволството од соработката, Димитар Ангелкоски – организатор на outdoor фестивалот When in Krusevo ни сподели:
По многу размислување и анализи, тимот 5 беше нашиот избор. Навистина беше тешко да се одлучи бидејќи сите тимови беа максимално посветени на својата работа и одлично си ги завршија задачите. Би сакал искрено да им се заблагодарам на студентите и на Brainster за времето, енергијата и љубовта за сѐ што прават. Со нетрпение очекуваме да работиме со тимот.
Во продолжение си поразговаравме со студентите од Академијата за Project & Product Management за искуството на овој реален проект
Здраво тим! Вие сте дел од Академијата за Project & Product Management и бевте дел од реалниот проект за фестивалот When in Krusevo. Раскажете ни нешто повеќе за себе!
Христина: Моето име е Христина, магистер по кривично право, но во изминатите 15 години работам како проектна менаџерка. Сакам да учам и постојано да се надградувам, па затоа и сум дел од Brainster и Академијата за Project & Product Management.
Борче: Здраво! Јас сум Борче, инженер во автомобилска индустрија со искуство од 5 години. По завршувањето на магистратура во Германија и започнување кариера во наведената индустрија, континуирано работам на надградување и усовршување на моите Soft и Hard Skills. Академијата за Project & Product Management ја гледав како одлична прилика за усовршување на моите знаења и практики како проектен менаџер.
Благој: Јас сум Баже и веќе 12 години работам во FMCG индустријата, а последните 8 години на позиција Key Account менаџер. Од пред една година решив да ги усовршам моите вештини и способности во една за мене нова област, проект и продукт менаџмент и во текот на овие неколку месеци од Академијата сфатив дека целосно се пронајдов во неа.
Маја: Здраво! Моето име е Маја и моментално работам во ИТ индустријата, во софтверска компанија на позиција Кey Аccount Мanager. Се запишав на Академијата за Project & Product Management затоа што верувам дека само преку инвестирање во учењето и личниот развој ќе го одржам и обезбедам мојот иден успех во кариерата. Љубител сум на патувања и добри филмови/книги.
Што беше вашата задача, односно кои беа барањата на клиентот и целите што требаше да се исполнат?
Христина: Нашата задача беше подготовка на проект за развивање на Мобилна апликација за фестивалот When in Krushevo со цел полесна логистичка организација на фестивалот и зголемена видливост на сите настани и други активности кои ќе доведат до поголем опфат на целната група. Клиентот постави неколку специфични барања во однос на апликацијата, кои ние преку подготовка на целокупната проектна документација успеавме да ги интегрираме во финалното решение.
Какво беше чувството да работите на еден ваков проект?
Благој: За мене навистина беше предизвик можноста практично да ги применам моите способности и стекнатите знаења на конкретен проект. Како што минуваше времето од работата на проектот, работата сè повеќе ме исполнуваше и затоа верувам дека резултатите што ги постигнавме, односно победата на нашиот проект се должи и на вложениот труд и на нашата посветеност. А и на желбата за победа. 🙂
Раскажете ни како се одвиваше целиот процес на работа?
Маја и Христина: Целиот процес беше навистина динамичен, понекогаш напорен, но ние како тим уживавме во секој момент. На почеток ни беше испратен краток бриф за проектот со барањата на клиентот, по што следеше средба со него за да може да ги дефинираме деталите и да поставиме прашања за сѐ она што ни беше нејасно. Проектната документација заедно ја развивавме како тим, а од корист ни беше фидбекот на менторот Марјан Ѓорѓиев, како и претходно стекнатото знаење во рамки на Академијата.
Целиот процес се одвиваше брзо и со многу кратки рокови, но заедно успеавме да ги надминеме сите предизвици и да ги претвориме во можности за да креираме успешно решение. Како тим, имавме целосна сопственост и контрола врз процесот на проектот и управувањето со истиот. Ова ни даде можност да поставиме цели, да го следиме напредокот и да ја изработиме проектната документација според барањата на клиентот. Дефинитивно, додадена вредност во работата на реални проекти е тимската работа и координацијата помеѓу членовите на тимот. Посветеноста и трудот на целиот тим беа препознаени и наградени со тоа што нашиот проект беше избран како победничко решение.
Што ве мотивираше да започнете да градите кариера во светот на менаџментот со проекти и продукти?
Борче: Како што претходно наведов, јас веќе работам во сферата на автомобилската индустрија и пред 3 години ја добив улогата на проектен менаџер. Отсекогаш броевите, како и организацијата на ресурси ми биле јака страна, па затоа се чувствувам многу пријатно и исполнето извршувајќи ги секојдневните активности на еден проектен менаџер. Бидејќи живееме во време каде што секојдневно сме преплавени од нови софтвери и методи за зголемување на продуктивност и ефикасност при реализација на даден проект, сметав дека за мене ќе биде многу подобро да го доверам моето време на некоја организација која професионално се занимава и ги следи трендовите за применет Project & Product Management. Искрено делот на продукт менаџмент е сосема нов за мене и врз основа на досегашните изминати модули со Вашите искусни инструктори (Даринка и Олгица) можам да кажам дека веројатноста е голема во иднина да го надополнам моето професионално искуство како продукт менаџер.
И за крај, што би ни додале за работата на реални проекти за реални клиенти, кои се вашите импресии?
Христина: Работата на реални проекти претставува конкретна примена на теоретското знаење со кое се стекнуваме низ модулите. За мене, теоретското знање е важно, но без практична примена би било недоволно. Оттука, сметам дека Академијата треба да опфати што е можно повеќе реални проекти и практична работа.
Борче: Јас само би се надоврзал на зборовите од Христина и би го спомнал англискиот израз кој буквално ја отсликува работата на проекти: “Learning by doing”. Секако дека теоријата е многу важен елемент во било која професија меѓутоа додека се наоѓаме во теоретската рамка на проектниот менаџмент нема да се чувствуваме сигурни за моментот кога ќе се соочиме со вистински проект во професионалниот живот. Дефинитивно ја поддржувам практиката да се работи на проекти и таа треба да продолжи да се негува на Академијата.
Маја: Работата на реалните проекти за реални клиенти е од исклучителна важност за Академијата. На овој начин им се дава можност на сите учесници да ги истражат и да се справат со бизнис и техничките проблеми од една различна перспектива секако земајќи го предвид и теоретското знаење. Работењето на реални проекти е одлична можност за секој од нас да се поттикне и да размислува “outside the box”.
Благој: Се согласувам со моите колеги, работата на реални проекти многу важна за заокружување на стекнатото теоретско знаање, дополнително пружа можност да се искусат повеќето од предизвиците со кои би сретнале во иднина.
Доколку сакаш да си дел од Project & Product Management заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2023 година, дознај повеќе за Академијата тука.
На Академијата за Project & Product Management учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!