Brainster билтен: Новости од заедницата / Март 2023

Пролетта ни носи нови искуства! 🌱
Новите почетоци и кариерните трансформации знаат да бидат застрашувачки, но возбудливи искуства. Само прифаќањето на промените и излегувањето од комфорната зона можат да доведат до личен и професионален раст.
Новостите од Brainster заедницата од месец март се однесуваат на: Red Bull Doodle Art евентот, работата на реалните проекти, подобрувањето на искуството на нашите студенти и вработувањата со кои беше награден нивниот труд!
- Како шкрабаниците стануваат уметност покажавме на Red Bull Doodle Art настанот во Brainster
Red Bull Doodle Art настанот кој во соработка со Brainster се одржа во нашите канцеларии уште еднаш покажа како се прославува безграничната креативност и неограничениот потенцијал што лежи во секој од нас. Мајка и ќерка, архитекти, дизајнери, студенти од креативните Brainster Академии, креативни души кои сакаат да го ослободат својот внатрешен уметник и да му покажат на светот за што се способни, беа дел од натпреварот. Дознај повеќе!
- Академија за Data Science – Завршни проекти
Студентите од Академијата за Data Science имаа задача да ги изработат нивните завршни проекти, а со тоа и да ја комплетираат програмата на една од најинтензивните Академии. Дознај повеќе што ни раскажаа:
- Тим 1: Time Series Prediction of GDP Ratio
- Тим 2: Natural Language Processing
- Тим 3: Time Series Prediction of GDP Ratio
- Реален проект на Академијата за дигитален маркетинг
Студентите од Академијата за дигитален маркетинг имаа предизвик да направат бренд стратегија и на креативен начин да ја истакнат вредноста и уникатноста на платформата Јади домашно. Дознај повеќе!
- Запознај ја Академијата за лидерство и менаџмент!
Лидерството и менаџментот се од суштинско значење за организациите бидејќи обезбедуваат постигнување на целите, ефикасно искористување на ресурсите и максимизирање на продуктивноста. Прочитај повеќе на темите:
- 7 книги што треба да ги прочита секој лидер и менаџер
- Како учењето на менаџмент вештини може да им помогне на жените во кариерата
- 5 клучни вештини кои се потребни за кариера во лидерство и менаџмент
- Кариерни патеки кои бараат Leadership & Management вештини
- Причини зошто да почнеш да учиш Executive Leadership & Management
- Навлези подлабоко во светот на графичкиот дизајн
За секој графички дизајнер, од суштинско значење е да остане во тек со најновите трендови, софтвери и техники. Прочитај повеќе на темите:
- Совети за надминување на дизајнерскиот блок
- Што треба да знае секој графички дизајнер?
- Најчести грешки во графичкиот дизајн
- Што сè можеш да работиш ако знаеш дигитален маркетинг?
Дигиталниот маркетинг е брзорастечка индустрија која нуди бројни можности за кариера на поединци со соодветни вештини и начин на размислување. Во оваа блог објава, ги издвоивме најпопуларните патеки по кои можеш да ја движиш својата кариера во светот на дигиталниот маркетинг. Дознај повеќе!
- 5 трендови во Data Science кои не треба да ги игнорираме во 2023 година
Технологијата станува сè пофасцинантна, а науката за податоци е една од најперспективните технички области на денешницата и е наречена работа од соништата на 21-от век. Кои се топ трендовите во Data Science светот што ќе доминираат во 2023 година? Дознај повеќе!
- Запознај го тимот на Brainster!
Го создадовме блог серијалот „We are Brainster“ за да ви ги претставиме членовите на нашиот тим кои постојано се грижат за поквалитетна едукација и подобро искуството на студентите. Дознај повеќе што ни раскажаа:
- Запознај ги инструкторите
Запознај ја Билјана Алампиоска Андреевска – нашиот нов инструктор на Академијата за Човечки Ресурси. Билјана е HR професионалец со над 10 години работно искуство во оперативен HR, регрутација, управување со перформанси, развој и обука на вработени, employer branding и организациска култура. Има работено во финансиска, интернационална start-up и ИТ индустрија. Дознај повеќе!
- Студентите од Академијата на графички дизајн во посета на печатница ПроПоинт
Со цел да го подобриме искуството на студентите на Академијата за графички дизајн, организиравме посета на печатница. Заедно со Небојша Гелевски Бане и Ана Тодoровска – инструктори на нашата Академија, студентите имаа можност да ја посетат печатницата ПроПоинт и да се запознаат со нејзиниот начин на работа. Дознај повеќе!
- Нови успешни приказни
Ги раскажавме приказните на: Дарко Сакалиев, Марјан Петрушевски, Симона Ставреска Саздовска, Билјана Зероска, Роко Иванов, Виктор Богатиновски кои по завршувањето на нашите програми ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!
- Го прогласивме Dream Team-от за претходниот месец
Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.
До следниот месец!
Тимот на Brainster ❤️