Едно од засилувањата на tech тимот на Brainster e Дарко Сакалиев – амбициозна и љубопитна личност, а воедно и алумни студент од Академијата за Full-Stack програмирање.

По завршување на Академијата, Дарко започна да ја гради својата кариера во IT светот и се придружи на нашиот тим како Junior Full-Stack Developer.

 

Си поразговаравме со Дарко за неговото досегашно искуство и неговата улога во нашиот tech тим

 

Здраво Дарко! Пред сѐ, честитки за твоето вработување! Ние на Академијата за Full-Stack програмирање те познаваме, но што би споделил за останатите? 

Ви благодарам за честитките! Сите мои колеги се високо-квалификувани со огромни знаења во нивната област. Чест ми е што имам шанса да работам со колеги кои ме поддржуваат и охрабруваат. Ме пречекавте со топло добредојде и не можам да бидам доволно благодарен за тоа.

 

Зошто баш Full-Stack програмирање? На што се должеше твојата одлука да ја одбереш оваа професија?

Пред неколку години почнав да работам како freelancer на Upwork, работејќи на WordPress веб страници со многу малку знаење. Во тие години станав многу љубопитен како тоа функционира WordPress во позадина, па почнав да истражувам и да учам на кои програмски јазици е базиран самиот WordPress. Покрај тоа, дознав дека постои Full-Stack програмирање, во кое се користат повеќе технологии за создавање на веб страница или веб апликации.

 

Ти си наш алумни студент на Академијата за Full-Stack програмирање. Неколку кратки прашања на оваа тема. Најпрво: Како ни дојде во Brainster?

Brainster го пронајдов преку социјалните мрежи, прочуен како EdTech организација, со најдобрите академии во Македонија. Потоа со малку истражување, видов дека Brainster ми ги нуди сите барања кои ги сметав како лични приоритети и без двоумење аплицирав. 

 

Во кој дел од Full-Stack програмирање најмногу се пронаоѓаш?

Во Full-Stack програмирањето најмногу се пронаоѓам во делот каде што се врши целосната логика на една веб страница. Барањето на креативно решение на комплексни проблеми во таа хиерархија, ми дава мотивација да продолжам и учам повеќе во оваа област на програмирање.

 

Својата кариера како Full-stack девелопер ја започна токму во Brainster како Full-Stack Developer. Раскажи ни го накратко твоето Brainster journey од ден еден до денес.

Уште од почетокот на Академијата давав сѐ од себе да ги решам и поминам сите предизвици. По еден месец од завршувањето на Академијата, инструкторот и Chief Technology Officer на Brainster – Ивица ме исконтактира за можноста да и се придружам на Brainster фамилијата како Junior Full-Stack девелопер. Јас со огромна чест ја прифатив и не зажалив за одлуката. 

 

Опиши ни ја атмосферата во tech тимот на Brainster.

Атмосферата во Brainster Tech тимот е иновативна, кооперативна и пријателска. Секој член од тимот има многу љубов за технологијата и секогаш е подготвен да пружи рака за помош или пак да сподели ново знаење. Ова е прекрасна работна средина и се чувствувам многу среќен што сум дел од неа. 

 

Како изгледа еден твој работен ден? Кои се твои главни задачи? Кои се моментите во кои највеќе уживаш?

Мојот типичен работен ден вклучува пишување и тестирање на код, учество на состаноци и работа на проекти со моите колеги. Моментите во кои највеќе уживам е кога гледам дека резултатите од мојата работа оживуваат и имаат позитивно влијание врз корисниците.

 

Најважната лекција што ја научи на Академијата?

Најважната лекција што ја научив на Академијата е соработка. Повеќето од времето, програмирањето знае да биде оптоварувачко и невозможно, но соработката ти помага магично да ги решаваш невозможните проблеми. Благодарение на Академијата, сфатив дека соработката е една од најважните одлики во програмирањето. 

 

За крај – твоја препорака до сите оние коишто размислуваат за кариерна промена и насочување во сферата на Full-Stack програмирање?

Моја препорака до сите оние кои размислуваат за промена на кариерата во Full-Stack програмирање е – go for it! Ова е предизвикувачко поле кое ви нуди бескрајни можности за раст и креативност. Но, бидете подготвени постојано да учите и да се прилагодувате, бидејќи технологијата секогаш се менува.



Доколку сакаш да си дел од Coding заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2023 година, дознај повеќе за Академијата тука.

На Академијата за Full-Stack програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!