Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.

Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.

Во оваа блог објава од серијалот We are Brainster, ќе ја запознаете Јована Затаракоска, HR Specialist во HR тимот на Brainster.

„Сметам дека ефективната комуникација е многу важна за успехот на една компанија. Верувам дека „еvery shoe fits not every foot“ па затоа е важно да се осигураме дека секој има шанса да биде слушнат. Со ова се создава продуктивна и иновативна средина каде што вработените се чувствуваат слушнати, ценети и почитувани, што дава успех на долг рок.“ – сподели Јована

 

Дознајте што таа имаше да ни сподели околу тоа како ѝ поминува работниот ден, што ја прави исполнета и што ја мотивира, но и како Brainster ѝ помага да се оствари на сите полиња.

 

 

Здраво Јована, можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?

Професионалната одговорност за сите работи поврзани со луѓето во компанијата е дел од специфичноста на оваа позиција. Одговорноста постои при регрутирање и селекција на кандидати, обука и развој на вработените, спроведување на политиките и стратешките цели на компанијата и сл. Она што оваа позиција го бара е постигнувањe на доверба, задоволство и соработка, па сум во постојана комуникација со вработените.
Kако психолог по професија, на оваа позиција навистина ми е важно да сум упатена доколку некој од вработените со соочува со некоја потешкотија или проблем и се трудам да бидам достапна за заеднички да ги разрешуваме работите. 

 

Како изгледа еден типичен ден во животот на еден HR Specialist?

Како голем љубител на кафето и музиката, денот ми започнува со добро кафе и музика, па потоа започнува работниот ден со прегледување и одговорање на пристигнатите мејлови. Скоро секој ден имаме краток состанок со мојот тим на кој дискутираме и се договараме за тековните работни активности. Во изминативе месеци имавме селекција и интервјуирање на многу кандидати за отворени работни позиции, процес кој бара трпение и насочено внимание, активно слушање, но и набљудување на однесувањето на кандидатите.

Сè на сè, тоа е пријатно, но и предизвикувачко искуство кое бара многу одговорност и овозможува постојано потсетување за тоа колку луѓето се важни за успехот на секој бизнис. Можам да кажам дека работните деновите на еден HR Specialist не се никогаш исти, ниту здодевни. Секогаш се исполнети со голем број активности, но и предизвици. За мене грижата и поддршката за сите вработени е од посебно значење, па мојот календар е отворен за секој вработен кој сака да се советува или консултира.

 

 

Како го исполнуваш слободното време, имаш ли некое хоби?

Слободното време често го исполнувам со посета на оперски и театарски претстави и во опуштена атмосфера со пријателите. Би споделила дека моето хоби е сликарството. Сметам дека тоа е одличен начин за да ја изразам својата креативност, но и да се релаксирам (платното и четките се мојот терапевт 🙂).

Уживам да експериментирам со различни медиуми како акрил, маслени бои, па дури и дигитално сликање. Она што ме инспирира е различноста и убавината во секој човек, а тоа што сум психолог можеби придонесе во поголемото насочување кон фацијалните експресии и портретското сликарство. Останатиот дел од времето сум семеен и системски советник и се обидувам да отворам нови перспективи кај луѓето на кои им е потребна помош и поддршка, како и јакнење на снагите на личноста. Сметам дека секогаш може нешто ново да се научи и да се доживее раст без разлика каде се наоѓате во животот.

 

Од твоја перспектива, колку придобивките кои ги нуди Brainster ти помагаат во балансирање на приватниот и професионалниот живот?

Навистина многу. Бреинстер како компанија ја разбира потребната здрава рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот на вработените. Флексибилното работно време ми нуди можност самостојно да го менаџирам својот распоред и ми помага да останам мотивирана намалувајќи го стресот што најчесто го имаме сите кога треба да завршиме повеќе професионални, но и приватни обврски во текот на денот. Хибридноста поттикнува автономија и доверба помеѓу вработените и компанијата, и ми дава поголема контрола врз сопствената работа, што ми овозможува да ја изберам најпродуктивната средина. Тоа ми дава до знаење дека сум на право место во право време.

 

 

За крај, што би ни кажала за Brainster како компанија и начинот на кој ти дава поддршка?

Слободно би кажала дека Бреинстер е компанија која верува во своите вработени и нивните потенцијали, трудејќи се да не ги втурне вработените во еден bubble, туку да ги насочи кон размислување outside the box и поместување на границите на она што е можно. Се сретнав со луѓе кои се доста отворени да го споделат своето искуство и знаење, но и слободно да го кажат своето мислење што ми помага да ги подобрувам своите вештини во едно безбедно и поддржувачко опкружување. 

 

Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.

Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.