Запознај ја Билјана Алампиоска Андреевска – нашиот нов инструктор на Академијата за Човечки Ресурси.

Билјана е HR професионалец со над 10 години работно искуство во оперативен HR, регрутација, управување со перформанси, развој и обука на вработени, employer branding и организациска култура. Има работено во финансиска, интернационална start-up и ИТ индустрија.

Нејзиното разновидно искуство ја прави креативен, детален и аналитичен HR, кој сака да создаде работна околина која ги инспирира вработените да бидат иновативни и да успеат во остварување на нивните цели.

 

Запознајте ја Билјана – инструктор на нашата Академија за Човечки Ресурси

 

Име и презиме: Билјана Алампиоска Андреевска

Академија: Академија за Човечки Ресурси

Модул: HR Бизнис Партнер

Професија: Менаџер за човечки ресурси

Искуство: 10 години

Зошто баш се одлучи за HR:

  • Луѓето. Можноста да направиш позитивна промена и да го поддржиш потенцијалот кој го има секој вработен.

  • Предизвиците. Секојдневното балансирање на потребите на вработените и на организацијата знае да биде комплексно и да одземе многу време и енергија. Но, кога резултатите се позитивни, чувството на исполнетост е загарантирано.

  • Креативноста. Областа на човечки ресурси постојано се менува. Можноста да се иновира и да се најдат нови начини за работа е секогаш мотивација плус во работата.

Хоби: Читање и „направи сам“ активности.

Омилена книга: Малиот Принц – Антоан де Сент Егзипери

Омилен цитат: Еве ја мојата тајна. Многу е едноставна: Вистински се гледа само со срцето. Суштината е невидлива за очите.

 

Регистрирај се за бесплатното онлајн предавање со Билјана на тема „Old School vs Модерен HR“.

На Академијата за Човечки Ресурси учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.