Запознај го Марјан Петрушевски – алумни студент на Академијата за Front-End програмирање кој ја започна својата кариера на практикантска позиција како Junior Front-End Developer во компанијата Tontine Trust.

 

Си поразговаравме за неговото искуство и новото работно место

 

Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за Front-End програмирање те познаваме, но што би споделил за останатите?

Здравоооо! Јас сум Марјан, имам 30 години и сум многу лабава и смирена личност. По хоби сум вечит гејмер, аниме фан и последно време читам многу книги. Ја обожавам Јапонија и тоа ме доведе до Brainster.

 

Зошто баш Front-End програмирање?

Кога се одлучував што да учам и каде, прво сакав да започнам со Front-End програмирање, а потоа да го проширам знаењето, па така, изборот беше лесен, програмата на Бреинстер е најдобра, а ние бевме првата група што учеше и typescript заедно со React, best thing ever! Додека пак, мој поранешен колега ми рече „на програмирањето гледај како игра и ќе ти биде забавно”. До ден-денес тоа ми е во глава и навистина работата ми ја прави забавна.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Front-End програмирање. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Како дел од онлајн групите, Академијата многу добро имаше организирано начин и платформа за одржување настава. Посебна благодарност до инструкторите Ристе Самарџиев и Кристијан Бобевски кои се посветуваа максимално секој час да ни го пренесат знаењето и остануваа на час многу подолго од она што е предвидено, а воедно беа достапни и онлајн во секое време.

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Најголем предизвик секоја недела беа предизвиците и менторските кои секогаш имаа нешто повеќе од тоа што е предавано, па секогаш знаењето со нив се прошируваше, додека менторските задачи беа работа во група. Посебна благодарност до Гоце, Мартин и Тодор кои беа во мојата група и неуморно секоја недела го споделуваа знаењето и се подобрувавме како во тимската работа, така и индивидуално. 

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Дефинитивно најинтересен модул ми е React, но со NextJS. Заедно тие две работи се superpower with the speed of light! Бев дел од хакатонот организиран од страна на Бреинстер на кој се користеа овие два модула за фронт-енд делот од страницата и успешно го завршивме за многу кратко време. 

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за Front-End програмирање започна да ја градиш својата кариера на практикантска позиција во компанијата Tontine Trust како Front-End Developer. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Пред да започнам со аплицирање, благодарение на инструкторката Искра склопив екстра CV. А потоа бев во потрага по компании во и надвор од нашата земја кои имаа потреба од Front-End Developer. Tontine Trust, компанијата во која моментално сум Intern Front-end Developer, бараа практикант со познавање на NextJS i Sanity. Аплицирав и добив прелиминарна задача која требаше да ја решам во рок од 2 дена. Потоа бев исконтактиран за интервју и започнав со работа.

 

Што се очекува од тебе како еден млад програмер? Кои би биле твоите задачи и обврски?

Секој ден се учат нови работи, и брзината на само-надградба е неверојатна. Работната позиција е remote и секој работи кога му одговара. Во front-end development тимот имам супер колеги и одличен team lead кој ни задава issues na github на кои тимот работи, a воедно држи и meetings на кои нѐ учи на нови работи и објаснува како да се стигне до решение доколку некој има проблем некаде. Ми помага многу за да напредувам повеќе и побрзо во кариерата.

 

И за крај, што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на Front-End програмирање?

Да не се двоумат воопшто и да го направат тој чекор. Нека не веруваат на суперстиции дека е многу тешко или невозможно. Затоа што во Бреинстер вие ќе го стекнете потребното знаење 100% и нема потреба од среќа, знаењето ви е загарантирано. Јас направив комплетна кариерна трансформација, за сега да работам remote и да уживам во тоа што го работам. Ви посакувам и вие да станете front-end девелопери, па можеби ќе бидеме и колеги во иднина.



Доколку сакаш да си дел од Coding заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата за Front-end програмирање.

На Академијата за Front-end програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!