Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.
Секој месец избираме по еден студент од секоја Академија – студент што се истакнува како најпосветен и најупорен, и како таков ќе биде дел од Dream Team-от.
Напорната работа секогаш дава добри резултати. Запознајте ги нашите Dream Team студенти за месец февруари 2023:
1. Елена Ѓорѓиевска – Академија за графички дизајн
Елена Ѓорѓиевска – Dream Team студент на Академијата за графички дизајн
2. Борис Ризов – Академија за Data Science
Борис Ризов – Dream Team студент на Академијата за Data Science
3. Татјана Димовска – Академија за човечки ресурси
Татјана Димовска – Dream Team студент на нашата Академија за Човечки Ресурси
4. Ален Марков – Академија за Full-Stack програмирање
Ален Марков – Dream Team студент на Академијата за Full-Stack програмирање
5. Марина Верушеска – Академија за UX/UI дизајн
Марина Верушеска – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн
6. Игор Стојановски – Академија за Front-End програмирање
Игор Стојановски – Dream Team студент на Академијата за Front-End програмирање
7. Ивана Јованоска – Академија за дигитален маркетинг
Ивана Јованоска – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг
8. Владко Арсов – Академија за Software Testing
Владко Арсов – Dream Team студент на Академијата за Software Testing
9. Александра С. Саздов – Академија за Project & Product Management
Александра С. Саздов – Dream Team студент на Академијата за Project & Product Management
Ова се студентите кои покажаа ентузијазам, иницијатива и пронајдоа нови начини да бидат инволвирани за време на заедничките активности. Со видна креативност и самодисциплина, ги користеа своите инстинкти за совладување на проблемите независно, но и покажаа конзистентна соработка со инструкторите и останатите студенти. Останаа фокусирани на сè што им беше зададено, при што покажаа и транзиција без проблем помеѓу активностите во Академијата и надвор од неа, а исто така, останаа и посветени за достигнување на нивниот потенцијал. Нивните проекти и задачи ги извршија комплетно, уредно и со неверојатна организација со што ги надминаа и нашите очекувања.
На крај, сакаме да им кажеме фала на студентите од Dream Team-от кои ни овозможија да го извршиме нашиот дел како ментори, бидејќи иако нашата работа е да создадеме средина погодна за учење, вие создадовте средина погодна за предавање.
Уписите за Академиите се во тек, резервирај си место тука!