Во почетокот на новата година, сакаме да ги споделиме најважните 10 моменти што се случија на нашата Академија за UX/UI дизајн во 2023 година:

 


 

  • Запишани повеќе од 70 студенти, оформени 3 групи 

Оваа година на Академијата за UX/UI дизајн се запишаа повеќе од 70 студенти коишто се одлучија да направат дигитална трансформација и да ги надградат своите знаења и вештини. Студентите напорно работат и се трудат навремено да ги завршат сите предизвици и продуктивно да го искористат времето за лансирање на нова кариера! Им посакавме среќа и лесен почеток на студентите од групите 11, 12 и 13 на Академијата за UX/UI дизајн.

 

 

  • Се запознавме со новите студенти на Opening Networking настани и ги доделувавме сертификатите

Во нашите простории се одржаа Opening Networking настани, каде што се запознавме со студентите од новите групи на Академијата за UX/UI дизајн. Студентите имаа можност да ги запознаат инструкторите, да дознаат повеќе за програмата и модулите кои ќе се изучуваат, како и да слушнат за искуствата на нашите алумни студенти и нивните успешни приказни! Исто така, ги доделивме и сертификатите на групите коишто ја комплетираа програмата.

 

 

  • AirCare хакатон 1 & 2: Платформа за пријавување загадување во Скопје

Вкупно 250 студенти од академиите на Brainster, како и од Brainster Next College, на двата AirCare хакатона ја креираа апликацијата Breathe.mk, за пријавување на загадување на воздухот во Скопје. На двата 48-часовни хакатони во живо, кои воедно важат за најголеми во регионот, во соработка со стартапот Air Care (Мој Воздух) создадоа платформа која во иднина ќе ја користат граѓаните. Апликацијата ќе овозможи следење и пријавување на загадување на воздухот, по што на терен ќе излезат инспекторите за животна средина од Град Скопје. Дознај повеќе!

 

 

  • Изработка на веб и мобилна апликација – SAFEBLINK

На овој хакатон во живо, повеќе од 100 студенти работеа на изработка на веб и мобилна апликација наменета за едукација на младите во полето на заштита на лични податоци и користење на податоци онлајн. Хакатонот произлезе како дел од проектот на Швајцарска амбасада – „Поддршка на изборни реформи“ имплементиран од Меѓународната фондација за изборни реформи (IFES). Дознај повеќе!

 

 

  • Изработка на иновативна едукативна веб-платформа 

Динамично, предизвикувачко, возбудливо и полно со адреналин… Ова се зборовите со кои студентите од Brainster академиите и Brainster Next College го опишаа live хакатонот што се случуваше во нашите канцеларии. 140 студенти и инструктори работеа на изработка на едукативна веб-платформа, која на иновативен начин ќе го автоматизира процесот на организирање на настани, слични на хакатоните, за клиентот SCIDEV Albania. Дознај повеќе!

 

 

  • Откриј како е да се биде UX/UI дизајнер!

Во оваа блог објава, ќе можеш да се запознаеш со Кирил Николовски, алумни студент од Академијата за графички дизајн, а воедно и дел од дизајн тимот на Brainster, кој ни раскажа како изгледа еден ден во животот на UX/UI дизајнер. Дознај повеќе!

 

 

  • Посветеноста и трудот секогаш се исплатат!

Ги раскажавме приказните на: Сања Петрушевска, Јулија Ј. Маринов, Елена Цветковска, Чедо Насевски, Ивана Шутова, Богдан Глишиќ, кои по завршувањето на нашата програма за UX/UI дизајн ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!

 

 

  • Успешно завршени реални проекти за реални клиенти

Како задолжителен дел од програмата на Академијата за UX/UI дизајн е работата на различни предизвици и реални проекти. Изминатата година, студентите имаа можност да работат на повеќе креативни реални проекти за реални клиенти, како за време на предавањата, така и за време на Хакатоните. Студентите работеа на: 

 

 

  • Како ChatGPT и Notion можат да го трансформираат вашиот работен тек низ UX процесот

Тијана Цресензи е UX/UI дизајнер во Anant Macedonia, а воедно и алумни студент од Академијата за UX/UI дизајн, која ни сподели повеќе на темата „Како ChatGPT и Notion можат да го трансформираат вашиот работен тек низ UX процесот“. Дознај повеќе!

 


 

  • UX/UI дизајн – професија со многу кариерни можности

UX дизајнот е брзорастечко поле кое комбинира елементи на психологија, дизајн и технологија со цел да создаде производи и искуства насочени кон корисниците. Целта на секој UX/UI дизајнер е да создаде беспрекорно и интуитивно искуство за корисниците. Дознај повеќе за:

 

Време е за твојата нова кариера, во новата ера на UX/UI дизајн!

Отсега, со Brainster+ зголеми ја твојата предност на пазарот на трудот. Надгради ги твоите вештини преку супериорна програма со сите 9 ФАКТОРИ за вработување, што ги бара индустријата.

Аплицирај на Академијата за UX/UI дизајн и добиј го супериорниот едукативен пакет Brainster+ 

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА