Запознај ја Ивана Шутова – алумни студент од Академијата за UX/UI дизајн која направи комплетна кариерна трансформација и започна да ја гради својата кариера на практикантска позиција како UX/UI дизајнер во RevelApps.
Во продолжение, си поразговаравме со Ивана за нејзиното кариерно патување
Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за UX/UI дизајн те познаваме, но што би споделила за останатите?
Здраво и ви благодарам на честитките! Јас сум Ивана, алумни студент на Академијата за UX/UI дизајн на Бреинстер, исто така и дипломиран филолог по турски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Освен мојата пасија за изучување јазици, отсекогаш сум сакала да навлезам во спојот на дигиталниот свет и креативноста што ме доведе токму до оваа Академија.
Зошто баш UX/UI дизајн?
По дипломирањето сакав да го продолжам своето образование, па така после подолго истражување се одлучив за UX/UI Дизајн. По природа сум љубопитна личност со око за детали, а спојот на креативноста и функционалноста во корисничкото искуство и интерфејс ме фасцинираше уште од самиот почеток на изучувањето.
Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за UX/UI дизајн. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?
Академијата ми даде основа и структура и ми отвори патека кон светот на UX/UI дизајнот. Кога станува збор за голема промена во кариерата влегувајќи во сосема непознат свет, најважно е да имаш дисциплина, желба и многу труд. Можам да кажам дека Академијата и менторите кои несебично го пренесуваа своето знаење, ги исполнија моите очекувања.
Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?
Се соочив со многу нови предизвици и информации во интервал од 9 месеци, па на прв поглед секој нов модул изгледаше многу комплицирано. Но, со продлабочување кон материјалот и помошта од менторите, стануваше сѐ појасно и појасно. Процесот на работа на реалните проекти беше интересен и од големо значење за мене, а како најголем предизвик би ги издвоила хакатоните, каде што во кратко време со доза на еуфорија и со помош на тимска работа успеавме да креираме финален продукт.
Кој модул ти беше најинтересен и зошто?
Како најинтересен, а воедно и најзбунувачки на почеток, би го издвоила модулот Storytelling под менторство на Златан, од кој научив многу корисни информации како од материјалот, така и за реалниот свет во склоп на оваа професија. Во секое време беше достапен за помош и во чекор со нас студентите. Но, секој модул ми беше интересен на свој начин и сите имаат големо влијание за понатамошната работа и учење во UX/UI дизајнот.
Веднаш по завршувањето на Академијата за UX/UI дизајн започна да ја градиш својата кариера на практикантска позиција како UX/UI дизајнер во компанијата RevelApps. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?
По завршувањето на Академијата, работев на своето портфолио и CV, и испраќав апликации за работа. Имав неколку интервјуа во одредени компании, а во меѓувреме работев на помали freelance проекти. Потоа, аплицирав на огласот за практикант UX/UI Дизајнер во RevelApps, и после поминати интервјуа ми јавија дека ја добив позицијата, па следеше процесот на договарање околу деталите.
Што се очекува од тебе на работното место како еден млад UX/UI дизајнер? Кои би биле твоите задачи и технологии/алатки кои би ги користела?
Од мене како дизајнер се очекува најпрво добро да го истражам пазарот и конкуренцијата, потоа да направам истражување за корисничко искуство и на крај wireframes и UI дизајн за самиот продукт. Во тимот соработувам со девелопери и секојдневно имаме состаноци и се консултираме околу промените кои се случуваат. Главната алатка за работа ми е Figma, но исто така и други алатки во текот на работата.
И за крај, што би им препорачала на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на UX/UI дизајнот?
Кариерната промена не е воопшто мала и едноставна работа, но со мотивација и труд, сѐ што сакаме можеме да постигнеме. Така што, кој размислува да се насочи во сферата на UX/UI дизајнот, најпрво треба да направи валидно истражување или да побарате помош од стручните експерти во Бреинстер. Направете го првиот чекор кон успешна кариера!
Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!
На Академијата за UX/UI дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!