Запознај го Богдан Глишиќ – алумни од Академијата за UX/UI дизајн кој се реши да ги надгради своите знаења и вештини, и започна да ја гради својата кариера како UX/UI дизајнер во компанијата Kiimo.

 

Во продолжение, си поразговаравме со Богдан за неговото кариерно патување

 

Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за UX/UI дизајн те познаваме, но што би споделил за останатите?

Здраво! Веќе 7 години работам како freelance фотограф. Изминативе години, имам соработувано со многу компании и индивидуи, а тоа кажува за моето разновидно портфолио. Долги години имав желба за дизајн, па своеволно имав мал пристап до графичкиот дизајн. Кога се решив за UX/UI дизајн, сакав да биде понапредно од графички дизајн, а сепак да е поврзано со креативност и цртање, а воедно да не е монотоно, што на крајот така и се покажа.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за UX/UI дизајн. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Академијата за UX/UI дизајн ги надмина моите очекувања. Научив многу работи за оваа професија. Наставниот кадар на Академијата за UX/UI дизајн беше составен од врвни професионалци од оваа област. Тоа кажува за мојот резултат од Академијата, присуството, домашните и завршниот проект. Едноставно, уживав од почетокот до самото комплетирање на програмата.

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

На Академијата се запишав без никакво претходно знаење за тоа што е UX/UI дизајн и среќен сум за тоа. Од самиот почеток, целосно се посветив на предавањата, со цел да научам што претставува овој вид на дизајн. На крајот, сфатив дека од секој модул многу лесно и брзо го совладував материјалот.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Сите ми беа подеднакво интересни бидејќи стануваше збор за нешто што е ново за мене. Можам да кажам дека предавањата на Златан Мујчин придонесоа многу повеќе да навлезам во оваа професија. Научив многу околу Storytelling и дизајн системите. Дефинитивно тоа ми помогна многу во понатамошната работа.

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за UX/UI дизајн започна да ја градиш својата кариера како UX/UI дизајнер во компанијата Kiimo. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

По завршувањето на Академијата имав препорака од колега до оваа компанија. Започнав да работам како UX/UI дизајнер во компанијата Kiimo која е стартап за Crowdsource delivery marketplace.

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад UX/UI дизајнер? Кои би биле твоите задачи и технологии/алатки кои би ги користел?

Во моментов, мојата задача како UX/UI дизајнер е изработка на две мобилни апликации. 

  1. E-commerce e-shop web и mobile app.

  2. Mobile app za crowdsource delivery with smart matchmaking algorithm for connecting the sender and receiver of the parcel.

 

И за крај, што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на UX/UI дизајнот?

UX/UI дизајнот е дефинитивно професија за луѓе кои имаат познавање од психологија, емпатија, добри комуникациски способности, поседување на чувство за естетика, а воедно се и креативни. Секој кој ќе се реши да ја промени својата професија, мора напорно да работи и да биде посветен целосно. Па, дури и по завршување на часовите да продолжи со вежбање, учење на нови работи и следење на технолошките иновации во оваа сфера. Сите овие елементи се основа за понатамошен успех.  



Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за UX/UI дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

 

НОВО | Академија за DATA ANALYTICS и Академија за SALES 👉 👉