Оваа пролет означува 1 година од новото нормално. Учење онлајн, работа од дома, купување од интернет и јога во дневната соба се нашата реалност. Оваа пролет го инспирираше нашиот тим да размислува на тоа како е пазарот на вештини различен денес, 1 година во пандемија?

Ова се Brainster новостите за месец март, полни со содржина на тема кариера, работа и технологија.

 

Прашавме 10 претприемачи за нивните очекувања за светот во наредните 10 години

Последнава декада бевме сведоци на големи настани. Неминовен е фактот дека технологијата успеа да се протне во секој аспект од животот на луѓето, а особено во бизнисот. Од еволуцијата на AI, IoT, 5G до Cloud и Data, технологијата успеа да го трансформира општеството и неговата иднина. Компаниите и претприемачите кои што размислуваат за иднината, се чини дека никогаш не пропуштаат шанса да бидат чекор напред со времето, а тоа ги прави успешни во областа на нивното работење.

 

 

Data Science проект: Кој е најдобриот кошаркар на сите времиња?

Студенти од нашата Академија за Data Science направија детална анализа на податоците објективно да реши една од најголемите спортски дилеми на денешницата – Кој е кошаркарскиот G.O.A.T меѓу Мајкл Џордан и Леброн Џејмс, но во моментите кога тоа е најпотребно?

 

 

 

Нови успешни приказни

Како и секогаш, првата половина од годината се одликува со бројни вработувања и пракси. Ги раскажавме приказните на Даниел, Стефан, Александар, Марија, Ѓоко, Викторија, Стефан и Марија кои по завршувањето на нашите програми ги исполнија своите кариерни цели.

 

Студентите од Академијата за графички дизајн креираа лого за Шаховскиот сојуз на град Скопје

Со ваков метод на учење, студентите вежбаат: како да комуницираат со идните клиенти, како да работат под притисок, да ги почитуваат роковите,  да ги поправаат грешките,  како да бидат флексибилни на промените и полесно да се соочуваат со предизвиците, како и да го организираат времето и да го покажат својот потенцијал во едно финално решение.

 

 

Топло добредојде за новиот Data Science инструктор Игор

Игор Трпевски, ex Procter & Gamble, е нов инструктор на Академијата за Data Science. Се поголемата експанзија на Академијата за Data Science во поглед на нови групи и интернационални пазари доведе до неопходна потреба за проширување во тимот кој стои зад истата. Но, да се стане дел од овој тим не е баш лесна задача имајќи ги предвид високите критериуми и стандарди што се наметнати од веќе постоечките членови.

 

 

Го одржавме првиот хакатон на Академијата за Software Testing

Нашите студенти – софтвер тестери беа дел од едно возбудливо искуство кое им покажа како е да работат под притисок, натпреварувајќи се помеѓу себе, поделени во парови, постојано во комуникација едни со други тестирајќи продукти и подготвувајќи извештаи за истите.

 

 

Го одржавме најголемиот Cross-Academy хакатон до сега

Хакатонот на Академијата за графички дизајн започна првиот викенд од месецов, каде што студентите беа задолжени да го направат целиот бренд идентитет, името и логото на проектот, па наредниот викенд продолжи на Академијата за UX/UI дизајн и задачата на студентите беше да се погрижат за изгледот и функционалноста на продуктот.

 

 

Го прогласивме Dream Team-от за месец февруари

Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти кои што го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно се посвети, да биде активен на предавањата и уредно ги завршува зададените задачи од страна на менторите.

 

 

До следниот месец!

Тимот на Brainster

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.