Ѓоко Меноски е алумни од Академијата за Software Testing којшто решава да се запише на оваа Академија и да ја направи посакуваната кариерна трансформација.

Неговата упорност и желба за учење се главните виновници за почеток на неговата кариера како практикант Software Tester во Fueloyal.

 

Дознајте повеќе што ни раскажа Ѓоко за неговата кариерна трансформација

 

Здраво Ѓоко, кажи ни нешто за себе!

Здраво! Да ви се претставам, јас сум Ѓоко. Би се опишал како љубопитна и детално ориентирана личност со голем ентузијазам. Трудољубив и упорен. Секогаш посветен на квалитетот на работата. Сметам дека поради овие мои карактеристики се пронајдов во професијата Software Testing.

 

Сподели ни повеќе за твоето искуство како студент на нашата Академија за Software Testing. Дали ги исполни твоите очекувања и ти помогна да ја направиш посакуваната кариерна трансформација?

Јас бев во групата која што започна со Академијата во месец март, односно на самиот почеток на Ковид-19 пандемијата. Тогаш се донесе одлука дека целиот процес ќе се одвива online и кај мене се појави мал сомнеж, дали на тој начин ќе може да се добие истиот квалитет како и кога предавањата би биле во училница. Но, уште на првите неколку предавања, воочив дека работите се одлично организирани со користење на соодветни алатки за online учење.

Со секое наредно предавање нештата стануваа сѐ појасни, а интересот за продлабочување во материјата сѐ поголем. Вежбите ја зголемуваа тежината на материјата и полека се комплетираше големата слика околу целиот процес за тестирање на софтвер.

На самиот крај од Академијата работев на проектот за тестирање на веб апликацијата за Кариерниот квиз на Brainster каде имав можност практично да го применам сѐ она што дотогаш го имав научено, како и да ја почувствувам атмосферата на тимскиот дух. Како за крај би можел да кажам дека Академијата потполно ги задоволи моите очекувања и има голем придонес во мојата кариерна трансформација.

 

Веднаш по завршувањето на Академијата успеа да влезеш на пракса во Fueloyal. Како се одвиваа работите?

Пред самиот крај на Академијата, Brainster ни даде голема поддршка во подготовката на лично CV и голем број корисни професионални совети за пополнување на LinkedIn профилот. Не треба да се заборави и несебичноста која тимот на Branster ја покажа во потрагата по компании кои би го препознале нашиот квалитет. Така започна мојот влез во кариера како практикант software tester во Fueloyal: Automotive IoT & Connected Vehicle Platform.

 

Кои се твоите задачи и очекувања на работното место?

Како за почеток, добив задача за мануелно тестирање на веб апликации. За само неколку дена добив и тестирање на мобилните апликации за овој продукт. Но, работите не застанаа тука. Многу брзо започнав и со пишување на Java код за автоматско тестирање со користење на алатката Selenium. Сѐ уште полн со ентузијазам, можам да кажам дека моите очекувања се темелат на совладување на нови предизвици со што ќе ги подобрам моите способности во процесот на тестирање на софтвер. Секако тоа повлекува и испорака на поквалитетни продукти и задоволни клиенти.

 

Омилениот дел од твојата работа како тестер е?

Пронаоѓање на bugs. 🙂 Покрај многуте обврски и предизвици кои ги нуди работната позиција како софтвер тестер, слободно можам да кажам дека во секој дел си наоѓам нешто поради што ми е омилено. Едноставно кажано, целиот процес на тестирање за мене претставува големо задоволство.

 

Кој е твојот совет до сите оние кои што посакуваат да направат кариерна трансформација во сферата на software testing?

Иако сум сѐ уште на почеток во кариерата на Software Testing, би сакал да кажам дека на секој софтвер му е потребен тестер, а тоа значи дека оваа професија има голем капацитет. Така да, сите што имаат желба и што ги исполнува оваа гранка од IT светот, без двоумење да тргнат по патот на остварување на своите соништа.

 

 

Дознајте повеќе како да започнете кариера во оваа професија преку темелната програма на нашата Академија за Software Testing.

Останаа уште неколку слободни места во последната група од овој уписен рок.

Побрзајте и резервирајте го своето место на време! 

 

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.