Стефан Петровски е алумни од Академијата за графички дизајн којшто се вработи како графички дизајнер во маркетинг агенцијата Kara5.
Во продолжение ќе дознаете што ни кажа Стефан за неговото ново работно место и ќе имате можност да видите неколку од неговите дизаjни
Неколку зборови за тебе – Кој е Стефан?
Стефан е актер по професија, со завршено средно медицинско училиште и сопственик на бар во Скопје, кој најмногу се пронајде како графички дизајнер. Си дозволив доста широко да се истражувам за да се пронајдам себеси. 🙂 Исто така, јас сум и поранешен графити артист и мислам дека од таму се роди желбата да учам графички дизајн.
На што се должеше твојот избор да се запишеш на Академијата за графички дизајн?
Се запишав на Академијата за графички дизајн со цел да го истакнам подобро мојот бар во дигиталниот свет. Како што течеше Академијата сѐ повеќе се пронаоѓав во професијата.
Што ти претставуваше најголем предизвик додека почнуваше нова кариера како графички дизајнер?
Како што кажав, сопственик сум на бар во Скопје и моја должност е да организирам настани нон-стоп. Недостасуваше визуелниот дел да изгледа добро за тие настани да се претстават во вистинско светло пред сегашните и потенцијални клиенти на барот. Имав потешкотии со некои апликации да склопувам дизајни, а и многу барови беа понапредни од тоа што дотогаш јас го можев.
Почетокот на мојата нова кариера започна додека бев ваш студент. Не бевме ни завршени со предавањата на Академијата кога видов оглас за практикантска работа во Kara5. Аплицирав, но немав никакви очекувања. За краток период ме повикаа на разговор и започнав. Сега веќе сум тука вработен и напредувам секој ден.
Kara5 е твоето ново работно место.
Каков беше процесот за да стигнеш до тука?
Кога започнав со практикантска работа во Kara5, сфатив всушност колку добро нѐ спремиле менторите од Академијата за понатамошно градење на нашата кариера. Речиси сѐ искористив тука од моето стекнато знаење за дизајн. Многу е убаво чувството кога ќе видиш дека некој твој дизајн е објавен некаде од некој клиент. Одма се фалиш по другари дека тоа ти си го направил. 🙂
Kara5 е одлична маркетинг агенција, предизвик е да работиш за толку големи клиенти коишто тие ги имаат стекнато. Во Kara5 работам дизајни за BMW – Македонија, Spirochem – Швајцарија, CVA Silicone – Швајцарија, Агротехна, Almero – Србија и Македонија итн.
Дали Академијата за графички дизајн ги исполни твоите очекувања и ти помогна да ја постигнеш твојата цел?
Денес работам како графички дизајнер благодарение на Академијата за графички дизајн. Барот има многу подобри дизајни на социјалните мрежи, а со тоа расте и бројот на следбеници, лајкови, коментари и клиенти.
Што би им препорачал на оние кои сакаат да направат ваков чекор?
Да го направат тој чекор и да не се колебаат премногу. Brainster навистина од Нас направи дизајнери!
На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Останаа уште неколку слободни места во последната група од овој уписен рок.