Даниел Шилев е студент на Академијата за дигитален маркетинг кој по само 2 месеци од стартот на предавањата се вработи во основачот и членот на Европската организација за игри на среќа – Mozzart.
Дознајте повеќе што ни кажа Даниел за неговото искуство на Академијата за дигитален маркетинг и за новото работно место.
За следната група на Академијата за Дигитален маркетинг се останати само уште 10 слободни места! Аплицирај веднаш и започни со учење во мај!
Здраво Даниел 🙂 за почеток, да те запознаат нашите читатели подобро, кажи ни нешто за себе?
Да се претставам, јас сум Даниел Шилев, дипломиран софтверски инженер, музичар и гитарист низ скопските бендови, но по ново и маркетер кој веќе работи и ја надградува својата професија секојдневно.
Каков беше твојот кариерен пат до моментот на запишување на Академијата? Што беше она што те натера да ја избереш токму оваа дисциплина и токму оваа Академија?
Со голема цел и желба, целото мое работно искуство беше во областа на маркетингот и организацијата на настани и фестивали. „Магијата“ која ја носи оваа работа по себе, има една интересна цел, која мене многу ме заинтересира.
Мислата „Што е тоа што може преку една креатива или интересен текст да собере луѓе на едно место или да ја зголеми потрошувачката на еден бизнис“ беше причината да ја запишам оваа дисциплина, а за одлуката каде да биде тоа немав многу размислувања, некако Brainster е и си остана најдобро место за овој третман кој нуди концизно поткован влез во маркетингот.
Честитки за твоето вработување! Како ти е на новата работа? Како изгледа еден работен ден на маркетер?
Ви благодарам. Новата работна позиција како интернет маркетинг специјалист, носи сама по себе голем и широк спектар на секојдневни обврски и одговорности. Но, сепак креативниот дел и делот каде треба да имаш малце „imagine” (од Џон Ленон 😃) се најспектакуларни во работниот ден. Увидот и анализата кои се составен дел на спектарот на бои на маркетингот се најпредизвикувачки, но и највпечатливи кога ќе се издвои твојот предлог од останатите. Сѐ на сѐ, маркетингот е симфонија која ќе нема крај, сѐ додека има луѓе кои имаат инспирација, креативен дух и бизнис поглед.
Како Академијата за дигитален маркетинг ти помогна во овој процес?
Академијата за дигитален маркетинг успеа да ме воведе и насочи во светот на маркетингот, a преку темелните предавања на инструкторите да ме припреми за понатамошната работа како маркетер. Целта на почетокот изгледаше многу далеку, но веќе на крајот од оваа прекрасна, стабилна и концизна академија ќе ми фалат понеделник, среда и петок, за добро насочување и маркетинг совети од вашите професионалци.
Кој е твојот совет до сите што размислуваат да променат кариера во моментов?
Би им кажал да бидат истрајни во своите намери и посветени на самите себе бидејќи во дигиталниот маркетинг ги чека „Disneyland“, но од поинакво гледиште. 😃
Поради голем интерес се отвораат нови групи во мај!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!