Викторија Ончева е студент на Академијата за дигитален маркетинг која за време на академијата успеа да влезе во дигиталниот свет и да започне сo работа во маркетинг агенцијата AdValue.
Викторија е дел од студентите кои покажаа огромен успех на Академијата и беше дел од победничкиот тим на најголемиот хакатон во Brainster одржан оваа година.
Дознајте што ни раскажа таа за нејзиното ново работно место и како Академијата за дигитален маркетинг и отворила нови перспективи и можности.
Здраво Викторија Со цел да те запознаат нашите читатели подобро, кажи ни нешто за себе, која е Викторија?
Здравоо ! Себеси би се опишала како креативна и љубопитна личност, која постојано сака да се развива и да излегува од својата комфор зона. Како психолог и маркетер, се трудам да ги користам сите достапни маркетинг алатки за подобро да ја разберам и изградам врската помеѓу брендовите и потрошувачите.
Каков беше твојот кариерен пат до моментот на запишување на Академијата? Што беше она што те натера да ја избереш токму оваа Академија, маркетинг?
Јас сум дипломиран психолог но за жал (или среќа) месец дена после дипломирањето започна и целата криза со корона. Слободното време во карантинотот го користев за читање книги и слушање онлајн курсови, па така и се сретнав со Дигитален Маркетинг.
Дигиталниот маркетинг ми бил познат како гранка, но постојано мислев дека најголемиот дел од маркетингот се бројки. Но откако открив дека психологијата игра голема улога и во маркетингот, бидејќи на некој начин треба да „навлезеш“ во умот на потенцијалниот купувач со цел му продадеш одреден производ и да ја стекнеш неговата лојалност, јас сфатив дека маркетингот е вистинската професија за мене бидејќи е место каде што можам да ја спојам својата креативност и љубов кон психологијата.
Честитки за твоето вработување! Како ти е на новата работа? Како изгледа еден твој работен ден?
Благодарам! На работа е супер, веќе активно ги користам работите кои што ги научив од академијата при извршувањето на моите обврски. Денот ми започнува со проверка на меил и календар за дневните активности кои треба да се завршат. Ние сме млад тим составен од маркетери и дизајнери, па на работа никогаш не е досадно и монотоно.
Како Академијата за Дигитален маркетинг ти помогна во овој процес и што е она што ти остави најголем впечаток?
Академијата ми помогна да стекнам солидни основи за разни области од маркетингот, од Social Media marketing па се’ до SEO. Ми се допадна што академијата е навистина сеопфатна бидејќи на тој начин можеш полесно да откриеш кој дел од маркетингот најмногу ти одговара и да се насочиш кон него. Најголем впечаток ми остави хакатонот, каде што за 48ч изготвивме решение за реален проект и го употребивме стекнатото знаење од академијата.
За крај, што би им порачала на сите што размислуваат да променат кариера во моментов?
Да не се двоумат воопшто. Промената и надоградувањето се секогаш добредојдени и потребни, посебно после случувањата во изминатата година. Мислам дека на сите ни стана јасно дека на пазарот многу повеќе се бараат луѓе со вештини отколку само со теоретско знаење. А академиите на Бреинстер се токму вистинското место за стекнување вештини.
Together we can make miracles happen.
Доколку сакаш креативна професија и би сакал да учествуваш на хакатоните каде што се работи на реални проекти за реални клиенти, Академијата за дигитален маркетинг е вистинскиот избор за тебе.
Уписите за новите групи се во тек, резервирај го твоето место на време!